Лука
19 Исус влезе во Ерихон+ и поминуваше низ градот. 2 А таму имаше еден човек по име Закхеј. Тој беше главен даночник и беше богат. 3 Сакаше да види+ кој е тој Исус, но од мноштвото не можеше, бидејќи беше низок по раст. 4 Затоа отрча напред и се качи на една дива смоква за да го види, бидејќи покрај неа требаше да помине. 5 Кога стигна на тоа место, Исус погледна нагоре и му рече: „Закхеј, слези брзо, зашто денес треба да бидам гостин во твојата куќа“. 6 И тој брзо слезе и со радост го прими на гости. 7 Сите што го видоа тоа, почнаа да негодуваат:+ „Отиде на гости кај грешен човек“. 8 А Закхеј стана и му рече на Господарот: „Еве, Господару, половината од својот имот ќе им ја дадам на сиромасите, и сѐ што сум изнудил од некого преку лажно обвинение,+ ќе го вратам четирикратно“.+ 9 Тогаш Исус му рече: „Денес дојде спасението на оваа куќа, бидејќи и тој е син Авраамов.+ 10 Зашто, Синот човечки дојде да го бара и да го спаси она што е загубено“.+
11 Додека го слушаа тоа, им раскажа уште една споредба, бидејќи беше близу до Ерусалим, а тие мислеа дека Божјето царство веднаш ќе биде воспоставено.+ 12 Затоа рече: „Еден човек со благородничко потекло отпатува во далечна земја за да ја преземе царската власт и потоа да се врати.+ 13 Повика десет свои робови, им даде десет мини* и им рече: ‚Тргувајте додека не дојдам!‘+ 14 Но неговите сонародници го мразеа+ и испратија по него пратеници со пораката: ‚Не сакаме тој да царува над нас‘.+
15 Кога се врати, откако ја презеде царската власт, тој заповеда да му ги повикаат оние робови на кои им ги беше дал сребрените пари, за да утврди што заработиле.+ 16 Тогаш пристапи првиот и рече: ‚Господару, твојата мина донесе десет мини‘.+ 17 А тој му рече: ‚Одлично, добар робу! Затоа што беше верен во најмалото, владеј над десет градови!‘+ 18 Потоа дојде вториот и рече: ‚Твојата мина, Господару, донесе пет мини‘.+ 19 И на овој му рече: ‚Ти биди над пет градови!‘+ 20 А третиот дојде и рече: ‚Господару, еве ја твојата мина! Ја чував во крпче. 21 Се плашев од тебе бидејќи си строг човек, го земаш она што не си го вложил и го жнееш она што не си го посеал‘.+ 22 А тој му одговори: ‚Со твојата уста+ ти судам, зол робу. Знаеше дека сум строг човек, дека го земам она што не сум го вложил и дека го жнеам она што не сум го посеал.+ 23 Тогаш, зошто не ги стави моите сребрени пари во банка? Кога ќе дојдев, ќе ги подигнев со камата‘.+
24 А на оние што стоеја таму, им рече: ‚Земете му ја мината и дајте му ја на оној што има десет мини!‘+ 25 Тие му одговорија: ‚Господару, тој веќе има десет мини!‘ Но тој одговори: 26 ‚Ви велам, на секој што има, ќе му се даде уште, а на оној што нема, ќе му се одземе и она што го има.+ 27 А оние мои непријатели што не сакаа јас да царувам над нив, доведете ги ваму и погубете ги пред мене!‘ “+
28 Откако го рече тоа, тргна понатаму, влегувајќи во Ерусалим.+ 29 Кога се приближи до Витфага и до Витанија, на гората која се вика Маслинска,+ испрати двајца ученици+ 30 и им рече: „Одете во селоно што го гледате пред вас! Кога ќе влезете во него, ќе најдете врзано магаре на кое сѐ уште никој не седнал. Одврзете го и доведете го!+ 31 А ако некој ве праша: ‚Зошто го одврзувате?‘ — речете: ‚Му треба на Господарот‘ “.+ 32 И така оние што беа испратени отидоа и најдоа сѐ како што им рече.+ 33 Додека го одврзуваа магарето, неговите сопственици ги прашаа: „Зошто го одврзувате магарето?“+ 34 Тие одговорија: „Му треба на Господарот“.+ 35 И му го доведоа магарето на Исус, ги фрлија врз него своите облеки и го седнаа Исус на него.+
36 Додека поминуваше,+ луѓето ги простираа своите облеки по патот.+ 37 И штом се приближи до патот што се спушта од Маслинската Гора, целото мноштво ученици почнаа да се радуваат и на сиот глас да го фалат Бог поради сите моќни дела* што ги видоа:+ 38 „Благословен да е оној што доаѓа како Цар во името на Јехова!+ Мир на небото и слава на висините!“+ 39 А некои фарисеи од мноштвото му рекоа: „Учителе, прекори ги своите ученици!“+ 40 Тогаш тој им рече: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата+ ќе викаат“.
41 Кога се приближи и го виде градот, заплака над него+ и 42 рече: „О, барем да спознаеше+ во овој ден што ти е потребно за да имаш мир! Но сега тоа е скриено од твоите очи.+ 43 Зашто, за тебе ќе дојдат денови кога твоите непријатели ќе подигнат околу тебе ограда+ од зашилени колци,+ и ќе те опколат,+ и ќе те притиснат од сите страни.+ 44 И ќе те срамнат со земјата, тебе и твоите деца во тебе.+ И нема да остават во тебе ни камен на камен,+ бидејќи не препозна дека Бог дојде да испита какви се твоите дела“.+
45 И влезе во храмот и почна да ги истерува продавачите,+ 46 велејќи им: „Напишано е: ‚Мојот дом ќе биде дом на молитвата‘,+ а вие од него направивте разбојничка пештера!“+
47 И секој ден поучуваше во храмот. А главните свештеници, книжниците и водечките луѓе од народот бараа поволен момент да го погубат,+ 48 но не најдоа начин да го сторат тоа, зашто целиот народ постојано беше покрај него и го слушаше.+