Марко
7 И се собраа околу него фарисеите и некои книжници што беа дојдени од Ерусалим.+ 2 Тие видоа дека некои негови ученици јадат со валкани раце, односно дека не си ги мијат рацете според обредот.+ 3 А фарисеите и сите Евреи не јадат ако не си ги измијат рацете до лактите, држејќи се за преданието на старите. 4 Кога ќе се вратат од пазар, не јадат ако не се исчистат попрскувајќи се со вода. И уште многу работи држат поради преданието:+ обредно миење* чаши, бокали и бакарни садови.+ 5 Затоа фарисеите и книжниците го прашаа: „Зошто твоите ученици не постапуваат според преданието на старите, туку јадат без да си ги измијат рацете според обредот?“+ 6 А тој им рече: „Исаија добро пророкуваше за вас, лицемери, кога напиша:+ ‚Овој народ ме почитува со усните, но срцето му е далеку од мене.+ 7 Залудно ме почитуваат, бидејќи учењата за кои поучуваат се човечки заповеди‘.+ 8 Ја оставате Божјата заповед, а се држите за човечките преданија“.+
9 Уште им рече: „Лукаво ја укинувате Божјата заповед+ за да си го зачувате своето предание. 10 На пример, Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘+ и ‚Кој ќе проколне татко или мајка, да биде погубен‘.+ 11 А вие велите: ‚Ако човек рече на татка си или на мајка си: „Она што го имам, а со кое би можел да ти помогнам, е курбан+ (односно одредено е како дар+ за Бог)...“ ‘ 12 На таков начин не го оставате веќе ништо да направи за својот татко или за својата мајка.+ 13 Така, со своето предание што сте го пренеле на другите, ја обезвреднувате Божјата реч.+ И уште многу слични работи+ правите“. 14 Тогаш повторно го повика народот кај себе и му рече: „Послушајте ме сите и разберете!+ 15 Ништо што влегува во човекот однадвор не може да го извалка, туку она што излегува од човекот, тоа го валка“.+ 16 *——
17 А кога си замина откај народот и влезе во една куќа, неговите ученици го прашаа што значи таа споредба.+ 18 И тој им рече: „Зарем и вие не разбирате?+ Не знаете ли дека човекот не може да го извалка ништо што однадвор влегува во него? 19 Зашто, не му влегува во срцето, туку во стомакот, и излегува во нужникот“.+ Така сите јадења ги прогласи за чисти.+ 20 Уште рече: „Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист.+ 21 Зашто, однатре, од човечкото срце,+ излегуваат лоши мисли: блудства,+ кражби, убиства,+ 22 прељуби, лакомства,+ злоба, измама, бесрамност,+ завидливо* око, хулење, надуеност, неразумност. 23 Сите тие зла излегуваат однатре и го валкаат човекот“.+
24 И стана, па отиде оттаму во пределите на Тир и Сидон.+ Влезе во една куќа и не сакаше никој да дознае дека е таму. Но не можеше да остане незабележан,+ 25 туку една жена, чија ќеркичка беше обземена од нечист дух, веднаш дозна за него, па дојде и падна ничкум пред неговите нозе.+ 26 Таа жена беше Сирофеничанка со грчко потекло. И го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ.+ 27 Но, тој ѝ рече: „Остави првин да се наситат децата, зашто не е исправно да им се земе лебот на децата+ и да им се фрли на кученцата“.+ 28 А таа му рече: „Да, господине, но и кученцата јадат под масата од трошките+ на дечињата“.+ 29 Тогаш тој ѝ рече: „Затоа што го кажа тоа, оди си! Демонот излезе од ќерка ти“.+ 30 И таа си отиде дома и го најде+ детето како лежи на креветот, а демонот беше излезен.
31 А кога се враќаше од тирскиот крај, одеше преку Сидон до Галилејското Море низ подрачјето на Декаполис.*+ 32 Таму му доведоа еден глув човек со говорна маана и го молеа да ги положи рацете врз него.+ 33 Тој го тргна настрана од мноштвото и му ги стави прстите во ушите, а потоа плукна и му го допре јазикот.+ 34 Погледна во небото,+ длабоко воздивна+ и му рече: „Ефата“, што значи: „Отвори се“. 35 Тогаш му се отворија ушите+ и му се одврза јазикот, и почна нормално да зборува. 36 Но Исус им забрани да кажат некому за тоа,+ но колку повеќе им бранеше толку повеќе зборуваа за тоа.+ 37 И неизмерно се воодушевуваа+ и велеа: „Сѐ што прави е добро. Глувите ги прави да слушаат, а немите да зборуваат“.+