1. Самоилова
7 Тогаш дојдоа луѓето од Киријат-Јарим+ и го однесоа Јеховиниот ковчег. Го внесоа во куќата на Авинадав+ на ридот, а Елеазар, неговиот син, го посветија за да го чува Јеховиниот ковчег.
2 Од денот кога беше поставен ковчегот во Киријат-Јарим помина многу време, вкупно дваесет години, и целиот Израелов дом плачејќи го повикуваше Јехова.+ 3 И Самоил му рече на целиот Израелов дом: „Ако му се враќате на Јехова со сето свое срце,+ отстранете ги од својата средина туѓите богови+ и Астартите,+ па решително насочете го своето срце кон Јехова и служете му само нему!+ И тој ќе ве избави од филистејската рака“.+ 4 Тогаш Израеловите синови ги отстранија Вааловците+ и Астартите+ и му служеа само на Јехова.
5 А Самоил рече: „Соберете го целиот Израел+ во Миспа+ за да му се помолам+ на Јехова за вас“. 6 Кога се собраа во Миспа, вадеа вода и ја излеваа пред Јехова, и тој ден постеа.+ Потоа велеа: „Му згрешивме на Јехова“.+ И Самоил почна да им суди+ на Израеловите синови во Миспа.
7 А Филистејците чуја дека Израеловите синови се собрале во Миспа, па филистејските кнезови-сојузници+ тргнаа против Израел. Кога го чуја тоа, Израеловите синови се исплашија од Филистејците.+ 8 Затоа Израеловите синови му рекоа на Самоил: „Не престанувај да го викаш на помош Јехова, нашиот Бог,+ за да нѐ избави од филистејската рака“. 9 Тогаш Самоил зеде едно јагне цицалче и му го принесе на Јехова како жртва паленица, целата ја изгоре.+ И Самоил почна да го повикува Јехова да му помогне на Израел,+ и Јехова го услиши.+ 10 И додека Самоил ја принесуваше жртвата паленица, Филистејците се приближија за да тргнат во бој против Израел. Но во тој ден Јехова згрме на Филистејците со силни грмотевици+ и ги збрка,+ и така Израел ги порази.+ 11 Израелците излегоа од Миспа и тргнаа во потера по Филистејците и ги биеја сѐ до местото јужно од Вет-Хар. 12 А Самоил зеде камен,+ го постави меѓу Миспа и Јесан и го нарече Евен-Езер,* велејќи: „Сѐ досега Јехова ни помагаше“.+ 13 Така Филистејците беа покорени и повеќе не доаѓаа на подрачјето на Израел.+ А Јеховината рака беше крената против Филистејците во сите денови на Самоил.+ 14 Градовите што Филистејците му ги одзедоа на Израел, пак му беа вратени на Израел, од Екрон до Гат, и Израел го ослободи целото тоа подрачје од филистејската рака.
А помеѓу Израел и Аморејците владееше мир.+
15 И Самоил му судеше на Израел во сите денови од својот живот.+ 16 Секоја година патуваше и ги обиколуваше Ветил,+ Гилгал+ и Миспа+ и му судеше на Израел+ во сите тие места. 17 Потоа се враќаше во Рама,+ зашто таму му беше куќата и таму му судеше на Израел. Таму му изгради жртвеник на Јехова.+