3. Мојсеева
19 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи ѝ на целата заедница од синови на Израел и речи им: ‚Бидете свети,+ зашто сум свет јас, Јехова, вашиот Бог!+
3 Секој нека се бои од својата мајка и од својот татко.+ И држете ги моите денови за одмор.*+ Јас сум Јехова, вашиот Бог. 4 Не свртувајте се кон безвредни богови+ и не правете си леани богови.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог.
5 Ако му принесувате на Јехова жртва на заедништвото,+ принесете ја така, што ќе стекнете милост.+ 6 Нека се јаде во денот кога ја жртвувате или утредента, а она што ќе остане до третиот ден, да се изгори во оган.+ 7 А ако се јаде нешто од тоа во третиот ден, нечисто е.+ Бог нема да ја прифати таа жртва.+ 8 А оној што ќе јаде, ќе одговара за својот престап,+ бидејќи го обесветил она што му е свето на Јехова. Таквата душа да биде погубена, и така да се отстрани од нејзиниот народ.
9 Кога ќе ја жнеете жетвата на својата земја, не дожнивајте до меѓите на својата нива и не доприбирајте ги остатоците по вашата жетва.+ 10 Исто така, не собирајте ги остатоците+ во своето лозје и не собирајте го грозјето расфрлено по вашето лозје. Оставете му ги на страдалникот и на дојденецот.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог.
11 Не крадете,+ не лажете+ и не мамете го својот ближен.+ 12 Не колнете се лажно во моето име+ за да не го оскверните името на својот Бог. Јас сум Јехова. 13 Не искористувај го својот ближен+ и не грабај го туѓото.+ Платата на наемникот да не остане кај тебе преку ноќта до изутрина.+
14 Немој да го колнеш глувиот, ниту да ставаш пречка пред слепиот.+ Бој се од својот Бог.+ Јас сум Јехова.
15 Не судете неправедно. Не биди пристрасен кон сиромавиот+ и не давај му предност на големецот.+ Суди му по правда на својот ближен.
16 Не разнесувај клевети меѓу својот народ.+ Не станувај против крвта на својот ближен.+ Јас сум Јехова.
17 Не мрази го својот брат во своето срце.+ Должен си да го укориш својот ближен+ за да не носиш вина за грев заедно со него.
18 Не одмаздувај се+ и не држи лутина кон синовите на својот народ.+ Сакај го својот ближен како самиот себе.+ Јас сум Јехова.
19 Држете ги моите одредби: не вкрстувајте ја својата стока со друг вид. Не сеј ја својата нива со два вида семе.+ Не ставај на себе облека ткаена од два вида преѓа.+
20 Ако човек легне со жена и исфрли семе, а таа е слугинка што е одредена за друг, но уште не е ниту откупена ниту ослободена, треба да бидат казнети. Но да не бидат погубени, бидејќи таа не била ослободена. 21 Тој нека му ја донесе на Јехова својата жртва за вина на влезот од шаторот на средбата — овен како жртва за вина.+ 22 И свештеникот, со тој овен што се принесува како жртва за вина, нека изврши за него пред Јехова обред на очистување за направениот грев. И гревот што го направил ќе му биде простен.+
23 Кога ќе влезете во земјата и ќе посадите некаква овошка, нејзините плодови сметајте ги за нечисти, како необрежан човек. Три години сметајте ја за „необрежана“. Немојте да јадете од неа. 24 Во четвртата година сите нејзини плодови+ ќе станат свети за празнична свеченост во чест на Јехова.+ 25 А во петтата година можете да ги јадете нејзините плодови, и нејзиниот род ќе ви се зголеми.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог.
26 Не јадете ништо со крв.+
Не прорекувајте по знаци+ и не правете магии.+
27 Не стрижете ја косата на слепоочниците и не нагрдувајте ги краевите на својата брада.+
28 Не сечете се по телото за мртовец,*+ и немојте да си цртате знаци* по кожата. Јас сум Јехова.
29 Не обесчестувај ја својата ќерка давајќи ја за јавна блудница,+ за земјата да не се оддаде на блуд и да не се исполни со разврат.+
30 Држете ги моите денови за одмор+ и имајте страхопочит кон моето светилиште.+ Јас сум Јехова.
31 Не обраќајте им се на оние што повикуваат духови+ и не прашувајте ги за совет оние што претскажуваат настани,+ за да не станете нечисти поради нив. Јас сум Јехова, вашиот Бог.
32 Пред седа глава стани,+ почитувај го лицето на стар човек+ и бој се од својот Бог.+ Јас сум Јехова.
33 Ако меѓу вас живее дојденец што се населил во вашата земја, немојте да постапувате лошо со него.+ 34 Дојденецот што живее меѓу вас нека ви биде како роден Израелец. Сакајте го како самите себе,+ зашто и вие бевте дојденци во египетската земја.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог.
35 Не вршете неправда при судењето,+ ниту при мерењето на должина, тежина+ или течност. 36 Вагата нека ви биде точна,+ теговите точни, ефата точна и инот точен. Јас сум Јехова, вашиот Бог, кој ве изведе од египетската земја. 37 Држете ги сите мои одредби и сите мои закони и вршете ги.+ Јас сум Јехова‘ “.