Изреки
20 Виното е подбивно,+ опојниот пијалак е бучен,+ и секој што е заведен од него, не е мудар.+
2 Царот влева страв како и рикањето на младиот лав.+ Кој ќе го навлече на себе неговиот бес, греши против својата душа.+
3 Чест е за човекот да се воздржи од караница,+ а тој што е глупав, ќе се впушти во неа.+
4 Поради зимата, мрзливецот не ора;+ во времето на жетвата проси, но не добива ништо.+
5 Размислувањата во човековото срце се како длабока вода,+ а разборитиот човек знае како да ги исцрпи.+
6 Многу луѓе се фалат со својата добрина,*+ но кој ќе најде верен човек?+
7 Праведникот живее* непорочно.*+ Среќни се неговите синови по него.+
8 Царот седи на судскиот престол+ и го растерува сето зло со своите очи.+
9 Кој може да каже: „Го исчистив срцето,+ сега сум чист од својот грев“?+
10 Двојни тегови и двојна ефа+ — обете му се одвратни на Јехова.+
11 И детето се познава по она што го прави, дали е неговото дело чисто и исправно.+
12 Увото што слуша и окото што гледа — обете ги направил Јехова.+
13 Не сакај го сонот, за да не осиромашиш.+ Отвори си ги очите, насити се со леб.+
14 „Лошо, лошо!“ — вели купувачот и заминува,+ а потоа се фали.+
15 Има злато и многу бисери,* но усни на кои има знаење се скапоцен украс.+
16 Земи му ја облеката на оној што гарантирал за туѓинец,+ и ако се здружи со блудница,* земи залог од него.+
17 Сладок му е на човекот лебот стекнат со измама,+ но потоа устата му се полни со песок.+
18 Успешни замисли* настануваат со советување,+ затоа, води ја својата војна со мудро водство.+
19 Кој оди наоколу и клевети, открива тајни;+ затоа немој да си имаш работа со оној кого го заведуваат неговите усни.+
20 На оној што ги проколнува татка си и мајка си,+ светилката ќе му се угасне кога ќе падне мрак.+
21 Наследството кое од почетокот се стекнува со алчност,+ на крајот не е благословено.+
22 Не вели: „Ќе вратам со зло!“+ Надевај се на Јехова,+ и тој ќе те спаси.+
23 Двојни тегови му се одвратни на Јехова+ и лажната вага не е добра.+
24 Од Јехова се човечките чекори.+ А како може човекот да го разбере својот пат?+
25 Замка е кога човекот брзоплето ќе извика: „Ова е свето!“+ — а потоа размислува за она што го заветувал.+
26 Мудриот цар ги растерува злите+ и ги става под тркало.+
27 Здивот на човекот+ е Јеховина светилка, која испитува сѐ до дното на утробата.+
28 Добрината* и вистинољубивоста го чуваат царот;+ со доброта тој го поддржува својот престол.+
29 Убавина на младичите е нивната сила,+ а украс на старците е нивната седа коса.+
30 Модринките го чистат злото,+ а ударите допираат до дното на утробата.+