Филимон
1 Од Павле, затвореник+ поради Христос Исус, и нашиот брат Тимотеј,+ до Филимон, саканиот брат, нашиот соработник,+ 2 и до Апфија, нашата сестра, и до Архип,+ нашиот соборец,+ и до собранието* што се собира во твојата куќа:+
3 Незаслужената доброта и мирот од Бог, нашиот Татко, и од Господарот* Исус Христос нека бидат со вас!+
4 Секогаш му благодарам на својот Бог кога те спомнувам во молитвите+ 5 (зашто слушам за твојата љубов кон Господарот Исус и кон сите свети и за твојата вера).+ 6 Твојата вера,+ која ја делиш со другите, нека те поттикне да правиш добро, бидејќи си свесен дека и самите, во единство со Христос, сме доживеале секакво добро. 7 Многу ме израдува и ме утеши со твојата љубов,+ бидејќи, ти брате, ги поткрепи срцата на светите.+
8 Затоа, иако имам голема слобода во Христос да ти заповедам+ да го направиш она што е исправно, 9 јас повеќе сакам да те замолам, повикувајќи се на твојата љубов,+ таков каков што сум, Павле, старец, а сега и затвореник+ поради Христос Исус, 10 па те молам за моето дете,+ Онисим,*+ кому во окови му станав татко+ 11 и кој порано ти беше бескорисен, но сега е корисен и за тебе и за мене.+ 12 Него ти го праќам назад, него, кого длабоко го сакам.+
13 Би сакал да го задржам за себе, за да ми служи место тебе+ во оковите+ што ги носам поради добрата вест. 14 Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, бидејќи не сакам тоа добро дело да го направиш присилно, туку доброволно.+ 15 Можеби токму затоа накратко се одвои од тебе, за да го добиеш назад засекогаш, 16 но не повеќе како роб,+ туку како повеќе од роб,+ како мил брат.+ Мене ми е посебно мил, а колку повеќе ќе ти биде тебе, бидејќи ти е и роб и брат во Господарот. 17 Затоа, ако ме сметаш за другар,+ прими го убаво,+ како што би ме примил и мене. 18 Ако нешто ти згрешил или нешто ти должи, запиши го тоа на моја сметка. 19 Јас, Павле, пишувам со своја рака:+ јас ќе го платам тоа. А не морам ни да спомнам дека ми се должиш самиот себе. 20 Да, брате, биди ми од корист во Господарот: закрепни го моето срце во Христос.
21 Со надеж дека ќе го исполниш моето барање, ти пишувам, уверен дека ќе сториш и повеќе од ова што те молам.+ 22 Освен тоа, подготви ми и сместување,+ бидејќи се надевам дека вашите молитви ќе бидат услишени,+ па ќе бидам ослободен+ за да ви служам.
23 Те поздравуваат Епафрас,+ мојот затворски другар во единство со Христос Исус, 24 Марко, Аристарх,+ Димас,+ Лука, моите соработници.
25 Незаслужената доброта на Господарот Исус Христос нека биде со вашиот дух.+