Малахија
4 „Еве, доаѓа денот што гори како печка, кога сите дрски луѓе и сите што прават лоши работи ќе станат како слама. Ќе ги проголта денот што доаѓа“, вели Јехова над војските, „и од нив нема да остане ни корен ни гранка. 2 Но, над вас што го почитувате* моето име ќе блесне сонцето на праведноста, и неговите зраци* ќе ве оздрават. Ќе потскокнувате како добро нахранети теленца.
3 И ќе ги газите злобните, кои ќе бидат како прав под вашите нозе кога ќе го направам она што го наумив“, вели Јехова над војските.
4 „Не заборавајте го Законот што му го дадов на мојот слуга Мојсеј — одредбите и прописите што ги заповедав кај Хорив за да ги држат сите Израелци.
5 Еве, ќе ви го испратам пророкот Илија пред да дојде големиот Јеховин ден што влева стравопочит. 6 Илија ќе им помогне на татковците во своите срца да станат како деца, а на децата во своите срца да станат како татковци* за да не ја удрам земјата и да ја уништам кога ќе дојдам.“
(Крај на преводот на библиските книги пишувани на хебрејски или на арамејски јазик. Следи преводот на библиските книги пишувани на грчки јазик.)