1. Мојсеева
15 По овие настани, на Аврам му дојде во видение Јеховината реч:+ „Не плаши се,+ Авраме! Јас сум ти штит.+ Твојата награда ќе биде многу голема“.+ 2 А Аврам одговори: „Севишен Господару Јехова, што ќе ми дадеш кога сум без деца, и мојот дом ќе му припадне на еден човек од Дамаск, на Елиезер?“+ 3 Па додаде: „Еве, ти не ми даде потомство,+ па наследник ќе ми биде еден од слугите во мојот дом“.+ 4 Но гледај, Јехова му се обрати повторно: „Наследник нема да ти биде тој човек, туку твој потомок ќе ти биде наследник“.+
5 Потоа го изведе надвор и му рече: „Те молам, погледни кон небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш“.+ Па додаде: „Толкаво ќе биде твоето потомство“.+ 6 И Аврам му поверува* на Јехова,+ а тој го сметаше за праведен поради тоа.+ 7 Тогаш му рече: „Јас сум Јехова, оној што те изведе од Ур Халдејски за да ти ја даде оваа земја да ја поседуваш“.+ 8 Тогаш Аврам го праша: „Севишен Господару Јехова, по што ќе знам дека ќе ја поседувам?“+ 9 А тој му рече: „Донеси ми тригодишна јуница, тригодишна коза, тригодишен овен, една грлица и еден млад гулаб“.+ 10 И тој ги зеде сите нив, ги расече надве и сите половинки ги стави една спроти друга, но птиците не ги расече.+ 11 А птици грабливки почнаа да слетуваат на месото,+ но Аврам ги растеруваше.
12 Кога сонцето беше на заоѓање, Аврам беше совладан од длабок сон,+ и гледај, врз него се спушти застрашувачки густа темнина. 13 Тогаш Бог му рече на Аврам: „Добро знај дека твоите потомци ќе бидат дојденци во туѓа земја+ и ќе мораат да им служат на други, а тие ќе ги угнетуваат четиристотини години.+ 14 Но, јас ќе му судам на народот на којшто тие ќе му служат,+ и потоа ќе излезат со големо богатство.+ 15 А ти ќе отидеш кај своите прататковци во мир, и ќе бидеш погребан во длабока старост.+ 16 Но во четвртото поколение тие ќе се вратат ваму,+ бидејќи на гревовите на Аморејците уште не им дошол крајот“.+
17 Кога зајде сонцето и падна густа темнина, се појави печка што чадеше и запален факел, кој помина меѓу оние парчиња.+ 18 На тој ден Јехова склучи сојуз со Аврам,+ велејќи: „На твоето потомство ќе му ја дадам оваа земја,+ од реката Египет до големата река, реката Еуфрат:+ 19 Кенејците,+ Кенезејците, Кедмонејците, 20 Хетејците,+ Ферезејците,+ Рефаимците,+ 21 Аморејците, Ханаанците, Гергесејците и Евусејците“.+