ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Даниел 10
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Даниел — краток преглед

      • Кај Даниел доаѓа гласник од Бог (1-21)

        • Михаел му помага на ангелот (13)

Даниел 10:1

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 44-45, 198-200

Даниел 10:2

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 200-201

Даниел 10:3

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 200-201

Даниел 10:4

Фусноти

  • *

    Буквално: „Хидекел“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 201-202

Даниел 10:5

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 202-203

Даниел 10:6

Фусноти

  • *

    Жолтеникав или зелен скапоцен камен.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 202-203

Даниел 10:9

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 204-205

Даниел 10:11

Фусноти

  • *

    Или: „кого Бог многу го цени; кого Бог многу го сака; кој си скапоцен за Бог“.

Даниел 10:13

Фусноти

  • *

    „Михаел“ значи „кој е како Бог?“

  • *

    Или: „кнез на највисока положба“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    1/9/2011, стр. 7-8

    Даниеловото пророштво, стр. 204-205

Даниел 10:14

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    5/2020, стр. 3

Даниел 10:15

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 206

Даниел 10:16

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 206-208

Даниел 10:17

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 208

Даниел 10:18

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 208

Даниел 10:19

Фусноти

  • *

    Или: „кого Бог многу го цени; кого Бог многу го сака; кој си скапоцен за Бог“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 208

Даниел 10:20

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 204-205, 208-209

Даниел 10:21

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Даниеловото пророштво, стр. 204-205, 208-209

Паралелни преводи

Кликни на бројката пред стихот за да ти покаже паралелни стихови
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • Читај во Превод Нов свет (bi12)
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
Свето писмо — превод Нов свет
Даниел 10:1-21

Даниел

10 Во третата година од владеењето на персискиот цар Кир, на Даниел, кој беше наречен Валтасазар, му беше пренесена една порака. Таа беше вистинита и се однесуваше на еден голем судир. Тој ја разбра пораката и му беше објаснето она што го виде.

2 Во тие денови јас, Даниел, тагував цели три седмици. 3 За сето тоа време, не јадев избрани јадења, не ставив в уста ни месо ни вино и не се мачкав со масло. 4 На 24-тиот ден од првиот месец, додека бев на брегот на големата река Тигар,* 5 видов еден човек кој носеше ленена облека и кој имаше појас од злато од Уфаз околу половината. 6 Телото му сјаеше како хризолит,* лицето му блескаше како молња, очите му беа како запалени факли, рацете и нозете му беа како блескав бакар, а гласот му беше силен како глас на мноштво. 7 Само јас, Даниел, го видов тоа видение. Луѓето што беа со мене не го видоа, но толку многу се уплашија што побегнаа и се скрија.

8 Тогаш останав сам. Кога го добив тоа величествено видение, сосема премалев. Лицето ми пребледе и силата ме издаде. 9 А потоа го слушнав гласот на човекот облечен во лен. Кога чув како зборува, цврсто заспав со лицето свртено кон земјата. 10 Но тогаш ме допре со раката, ме затресе за да се разбудам и ми помогна да се поткренам на колената и на дланките. 11 И ми рече:

„Даниел, ти кој си му многу мил на Бог,* слушај го внимателно она што сега ќе ти го кажам. Ајде, стани, затоа што тој ме испрати кај тебе“.

Кога ми го кажа тоа, застанав целиот растреперен.

12 Тогаш тој ми рече: „Не плаши се, Даниел. Твоите молитви беа услишени уште првиот ден, кога со сето срце реши да го разбереш она што ќе се случи и кога се понизи пред својот Бог. Затоа јас дојдов кај тебе. 13 Но кнезот на персиското царство ми се противеше 21 ден. Тогаш ми дојде на помош Михаел,* еден од највисоките кнезови.* За тоа време останав покрај персиските цареви. 14 А сега дојдов да ти помогнам да разбереш што ќе му се случува на твојот народ во последните денови, бидејќи видението се однесува на она што ќе се случи во иднина“.

15 Кога ми го кажа тоа, го спуштив погледот кон земјата и занемев. 16 А некој што личеше на човек ми ги допре усните, и говорот ми се врати. Тогаш му реков на оној што стоеше пред мене: „Господару мој, целиот треперам од ова видение и немам сила. 17 Како можам јас, твојот слуга, да зборувам со тебе, господару, кога останав без сила и едвај дишам?“

18 Тогаш оној што изгледаше како човек повторно ме допре и ме зајакна. 19 А потоа рече: „Не плаши се, ти кој си му многу мил на Бог!* Биди спокоен. Биди храбар, да, биди јак!“ Додека ми зборуваше, ми се врати силата, па реков: „Зборувај, господару мој, бидејќи ме зајакна“.

20 Тогаш тој рече: „Знаеш ли зошто дојдов кај тебе? Сега ќе се вратам за да се борам со кнезот на Персија. А кога ќе заминам, ќе дојде кнезот на Грција. 21 Сепак, ќе ти кажам што е запишано во книгата на вистината. Никој друг не ми дава силна поддршка во ова освен Михаел, вашиот кнез.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели