Езекиел
34 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, пророкувај против пастирите на Израел! Пророкувај и речи им на тие пастири: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Тешко на пастирите на Израел,+ кои се пасат самите себе!+ Не треба ли пастирите да го пасат стадото?+ 3 Го јадете најдоброто месо+ и се облекувате со волна, колете+ згоени+ животни, а стадото не го пасете. 4 Слабите не ги зајакнувате,+ болните не ги лекувате, ранетите не ги преврзувате, заскитаните не ги доведувате назад, изгубените не ги барате,+ туку господарите со нив грубо и свирепо.+ 5 И овците се распрснаа бидејќи немаат пастир,+ па така распрснати им станаа храна на полските ѕверови.+ 6 Моите овци скитаат по сите планини и по сите високи ридови.+ По целата земја се распрснати моите овци,+ а никој не ги бара, никој не оди да ги бара.
7 Затоа, пастири, чујте ја Јеховината реч! 8 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Како што сум жив јас, затоа што моите овци станаа плен и затоа што моите овци се храна на сите полски ѕверови, бидејќи немаат пастир, и затоа што моите пастири не ги бараат моите овци, туку пастирите се пасат самите себе,+ а не ги пасат моите овци, 9 затоа чујте ја, пастири, Јеховината реч!‘ 10 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, доаѓам против пастирите!+ Ќе ги побарам своите овци од нивните раце и повеќе нема да им дозволам да ги пасат моите овци,+ и пастирите повеќе нема да се пасат самите себе.+ Ќе ги избавам своите овци од нивната уста, тие нема повеќе да им бидат храна‘ “.+
11 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве ме, јас ќе ги побарам своите овци и ќе се погрижам за нив.+ 12 Како што оној кој го пасе стадото се грижи за своите овци+ кога ќе ги најде расеани+ така и јас ќе се погрижам за своите овци. Ќе ги избавам од сите места низ кои се распрснаа во денот на облакот и на густата темнина.+ 13 И ќе ги изведам+ од сите народи и ќе ги соберам од сите земји и ќе ги доведам во нивната земја+ и ќе ги пасам на израелските планини, крај потоци и крај сите населени места во земјата.+ 14 На добри пасишта ќе ги пасам, трлото ќе им биде на високите израелски планини.+ Таму ќе почиваат во добро трло+ и ќе пасат на сочни пасишта на израелските планини“.
15 „Јас ќе ги пасам моите овци+ и јас ќе ги водам на починка“,+ вели Севишниот Господар Јехова. 16 „Ќе ги побарам изгубените,+ ќе ги вратам заскитаните, ќе ги преврзам ранетите и ќе ги закрепнам болните, а згоените+ и јаките ќе ги сотрам — ќе ги пасам со праведен суд.“+
17 А вам, овци мои, вака ви вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе судам помеѓу овците, помеѓу овните и јарците.+ 18 Зарем ви е малку тоа што пасете на најдоброто пасиште,+ па уште и го газите остатокот од пашата со своите нозе? Зарем ви е малку тоа што пиете бистра вода, па уште ја матите со нозете и преостанатата вода? 19 Мораат ли моите овци да пасат на пасиштето кое вие го изгазивте и да ја пијат водата што вие ја замативте со нозете?“
20 Затоа вака им вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, јас ќе судам помеѓу згоените овци и слабите овци, 21 бидејќи туркате со слабините и со плеќите, а со своите рогови ги бодете сите болни додека не ги истерате надвор.+ 22 Јас ќе ги спасам своите овци, па повеќе нема да бидат плен,+ и ќе судам помеѓу овците. 23 Ќе им подигнам еден пастир,+ кој ќе ги пасе, својот слуга Давид.+ Тој ќе ги пасе, тој ќе им биде пастир.+ 24 Јас, Јехова, ќе бидам нивни Бог,+ а мојот слуга Давид ќе биде поглавар меѓу нив.+ Јас, Јехова, реков така.
25 И ќе склучам со нив сојуз за мир+ и ќе ги отстранам од земјата сите опасни ѕверови,+ па ќе живеат без страв во пустината и ќе спијат по шумите.+ 26 Нив и сѐ што е околу мојот рид ќе ги направам благослов+ и ќе пуштам дожд навреме. Тоа ќе бидат дождови на благослов.+ 27 Полските дрвја ќе ги донесуваат своите плодови+ и земјата ќе го дава својот род,+ а тие ќе живеат без страв во својата земја.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, кога ќе го скршам нивниот јарем+ и кога ќе ги избавам од раката на оние на кои им робуваа.+ 28 Повеќе нема да бидат плен на народите,+ и земните ѕверови нема да ги проголтуваат, туку ќе живеат без страв и никој нема да ги плаши.+
29 И ќе им подигнам насад што ќе им донесе славно име.+ Повеќе нема да ги сотира глад во земјата,+ повеќе нема да бидат срамотени од народите.+ 30 ‚И тогаш ќе знаат дека јас, Јехова, нивниот Бог, сум со нив+ и дека тие се мој народ, дом Израелов‘, вели Севишниот Господар Јехова“ ‘.+
31 ‚А вие, овци мои,+ овци од моето пасиште, вие сте земни луѓе, а јас сум вашиот Бог‘, вели Севишниот Господар Јехова“.