1. Самоилова
16 Еден ден Јехова му рече на Самоил: „До кога ќе тагуваш за Саул,+ кога јас го отфрлив за да не царува повеќе над Израел?+ Наполни го со масло+ својот рог и тргни на пат! Те праќам кај Јесеј+ од Витлеем, зашто меѓу неговите синови си избрав цар“.+ 2 Но Самоил рече: „Како да одам? Ако слушне за тоа, Саул ќе ме убие“.+ А Јехова одговори: „Земи со себе една јуница од стадото, па речи: ‚Дојдов да му принесам жртва на Јехова‘.+ 3 И викни го Јесеј на жртва, а јас ќе ти кажам што ќе направиш.+ Помажи+ го за мене оној што ќе ти го покажам“.
4 И Самоил го направи она што му го кажа Јехова. Кога дојде во Витлеем,+ градските старешини треперејќи+ му дојдоа во пресрет и го прашаа: „Доаѓаш ли во мир?“+ 5 А тој одговори: „Да, доаѓам во мир. Дојдов за да му принесам жртва на Јехова. Посветете се,+ па дојдете со мене на жртва“. Потоа ги посвети Јесеј и неговите синови и ги повика на жртва. 6 Кога дојдоа и кога тој го здогледа Елијав,+ помисли: „Сигурно пред Јехова стои неговиот помазаник!“ 7 Но Јехова му рече на Самоил: „Не гледај на неговата надворешност, ниту на неговата висока става,+ зашто го отфрлив. Бог не го гледа она што го гледа човекот,+ зашто човекот го гледа она што го гледаат очите,+ а Јехова го гледа она што е во срцето“.+ 8 Потоа Јесеј го повика Авинадав+ и го доведе пред Самоил, но тој рече: „Јехова не го избра ни овој“. 9 Потоа Јесеј го доведе Сама,+ но Самоил рече: „Јехова не го избра ни овој“. 10 Така Јесеј доведе пред Самоил седум свои синови, но Самоил му рече на Јесеј: „Јехова не избра ниту еден од нив“.
11 На крајот Самоил го праша Јесеј: „Дали се тоа сите твои синови?“ А тој одговори: „Остана уште најмладиот,+ но тој ги пасе овците“.+ Тогаш Самоил му рече на Јесеј: „Испрати по него, зашто нема да седнеме на маса додека не дојде тој!“ 12 И Јесеј испрати по него. А младичот беше румен,+ со убави очи и со прекрасна става. И Јехова рече: „Стани и помажи го, зашто тоа е тој!“+ 13 Тогаш Самоил го зеде рогот со масло+ и го помаза среде неговите браќа. И Јеховиниот дух дојде на Давид и од тој ден остана на него.+ Потоа Самоил стана и отиде во Рама.+
14 И Јеховиниот дух отстапи+ од Саул. Тогаш Јехова допушти да почне да се мачи со лошо расположение.*+ 15 А слугите му рекоа на Саул: „Еве, Бог допушти да се мачиш со лошо расположение.* 16 Нашиот господар нека им заповеда на своите слуги што стојат пред тебе да побараат човек што знае добро да свири на харфа,+ па кога Бог ќе допушти да те обземе лошо расположение,* тој ќе свири, и тебе ќе ти биде подобро“. 17 И Саул им рече на своите слуги: „Најдете ми човек што знае добро да свири и доведете ми го!“+
18 А еден од неговите слуги одговори: „Еве, видов дека еден од синовите на Јесеј од Витлеем знае добро да свири.+ Тој е храбар човек, јунак+ и воин,+ а покрај тоа и мудро зборува,+ има убава става+ и Јехова е со него“.+ 19 Тогаш Саул испрати гласници кај Јесеј и му порача: „Испрати ми го својот син Давид, кој е кај стадото!“+ 20 И Јесеј зеде едно магаре, на него натовари леб, мев+ со вино и едно јаре и тоа му го испрати на Саул по својот син Давид.+ 21 Така Давид дојде кај Саул и стапи во негова служба.+ Тој многу го засака и го постави за штитоносец.+ 22 Потоа Саул му порача на Јесеј: „Пушти го Давид да остане кај мене во служба, зашто ја придоби мојата наклоност“. 23 И кога Бог ќе допуштеше Саул да го обземе лошо расположение,* Давид ќе ја земеше харфата и ќе свиреше. Тогаш Саул ќе осетеше олеснување и ќе му беше подобро, а лошото расположение ќе му поминеше.*+