Изреки
12 Кој ги сака опомените,* го сака знаењето,+ а кој го мрази укорот, неразумен е.+
2 Добриот човек стекнува милост од Јехова,+ а човекот со зли замисли Тој го прогласува за зол.+
3 Со злоба човек не се утврдува,+ а коренот на праведниците нема да се разниша.+
4 Вредната жена е круна за својот маж,*+ а таа што постапува срамно му е како гнилеж во коските.+
5 Мислите на праведните се исправни,+ а советот на злите е измамлив.+
6 Зборовите на злите се заседа за крвопролевање,+ а справедливите ги избавува нивната уста.+
7 Злите се соборувани и ги нема повеќе,+ а куќата на праведниците стои цврсто.+
8 Човекот го фалат поради неговата разборита уста,+ а оној што е изопачен во срцето, заслужува презир.+
9 Подобро е да бидеш неугледен, а да имаш слуга, отколку да се возвишуваш самиот себеси, а да немаш леб.+
10 Праведникот се грижи за душата на своето животно,+ а милосрдието на злиот, всушност, е свирепост.+
11 Кој ја обработува својата земја, ќе се насити со леб,+ а кој трча по безвредни работи, неразумен е.*+
12 Злиот човек го посакува пленот од мрежата на лошите луѓе,+ а коренот на праведниците донесува плод.+
13 Со престапот на своите усни злиот се фаќа во стапица,+ а праведникот се избавува од неволја.+
14 Од плодот на својата уста човек се сити со добро,+ и што ќе направи човек со свои раце, тоа ќе му се врати.+
15 На глупавиот неговиот пат му се чини исправен,+ а кој слуша совет, мудар е.+
16 Безумникот веднаш ја открива својата лутина,+ а паметниот го покрива срамот.+
17 Кој кажува веродостојни зборови, го зборува она што е праведно,+ а лажниот сведок зборува измама.+
18 Оној што зборува непромислено, како да прободува со меч,+ а јазикот на мудрите е лек.+
19 Вистинољубивите усни+ ќе постојат засекогаш,+ а лажливиот јазик само за миг.+
20 Измамата е во срцето на оние што смислуваат зло,+ а оние што го унапредуваат мирот, се радуваат.+
21 Праведникот не го снаоѓа никакво зло,+ а злите се полни со неволји.+
22 Лажливите усни му се одвратни на Јехова,+ а оние што постапуваат верно му донесуваат радост.+
23 Паметниот човек го крие своето знаење,+ а срцето на глупавите ја разгласува својата глупавост.+
24 Раката на трудољубивите луѓе владее,+ а мрзливата рака води во ропство.+
25 Од загриженост срцето на човекот му премалува,+ а добриот збор го радува.+
26 Праведникот ги прегледува своите пасишта, а патот на злите ги наведува да талкаат.+
27 Со мрзливост дивеч не се истерува,+ а трудољубивоста е скапоцено богатство за човекот.
28 На патеката на праведноста се наоѓа животот,+ и кој оди по нејзиниот пат, ќе ја избегне смртта.+