Дела на апостолите
3 Петар и Јован одеа на молитва во храмот, во деветтиот,* молитвениот час.+ 2 А луѓето токму донесуваа еден човек сакат од мајчината утроба,+ кого секојдневно го ставаа пред храмската врата, која се викаше Красна,+ да проси милостина од оние што влегуваа во храмот.+ 3 Кога ги здогледа Петар и Јован, кои токму влегуваа во храмот, ги замоли да му дадат милостина.+ 4 А Петар, заедно со Јован, погледна право во него+ и рече: „Погледни нѐ!“ 5 И додека човекот внимателно ги гледаше, очекувајќи да добие нешто од нив, 6 Петар рече: „Сребро и злато немам, но она што го имам, тоа ти го давам:+ во името на Исус Христос Назареќанецот,+ оди!“+ 7 Тогаш го фати за десната рака+ и го поткрена. И веднаш му се зацврстија стапалата и глуждовите.+ 8 И скокна,+ застана на нозе и почна да оди, па влезе со нив во храмот+ одејќи, потскокнувајќи и фалејќи го Бог. 9 И сите+ го видоа како оди и го фали Бог. 10 А го препознаа дека тоа беше оној што седеше на храмската Красна+ Порта и просеше милостина, па се зачудија и се восхитија+ поради она што му се случи.
11 Додека човекот се држеше за Петар и Јован, сите луѓе беа зачудени и поитаа кон нив на местото наречено Соломонов трем.+ 12 Кога го виде тоа, Петар им рече на луѓето: „Луѓе Израелци, зошто се чудите на ова и зошто гледате во нас небаре со своја сила или богобојазливост сме направиле овој да оди?+ 13 Богот на Авраам и на Исак и на Јаков,+ Богот на нашите прататковци, го прослави+ својот Слуга,+ Исус, кого вие го предадовте+ и од кого се одрековте пред лицето на Пилат, кога тој веќе беше решил да го пушти.+ 14 Да, вие се одрековте од тој светец и праведник+ и баравте да ви биде ослободен човек кој беше убиец,+ 15 а го убивте Главниот Застапник на животот.+ Но Бог го подигна од мртвите — за тоа сме ние сведоци.+ 16 Затоа неговото име — преку нашата вера во неговото име — го зајакна овој човек, кого го гледате и го познавате, и верата што ја имаме преку него му го врати на овој човек потполното здравје пред сите вас. 17 И сега, браќа, знам дека тоа го направивте во незнаење,+ исто како и вашите поглавари.+ 18 Но Бог така го исполни она што го навести преку устата на сите пророци, дека неговиот Христос* ќе страда.+
19 Според тоа, покајте се+ и обратете се+ за да ви бидат избришани гревовите,+ за да дојдат времиња на закрепнување+ од лицето на Јехова 20 и тој да ви го испрати Христос, кој ви е одреден, Исус, 21 кого небото мора да го задржи+ до времињата кога ќе се обнови+ сето она за кое Бог зборуваше преку своите свети пророци+ од старо време. 22 Всушност, Мојсеј рече: ‚Јехова Бог ќе ви подигне меѓу вашите браќа пророк како што сум јас.+ Него слушајте го во сѐ што ќе ви зборува!+ 23 И секоја душа која нема да го послуша тој Пророк, ќе биде погубена, и така ќе биде отстранета од народот‘.+ 24 А и сите пророци, кои зборуваа од Самоил наваму, ги навестуваа тие денови.+ 25 Вие сте синови+ на пророците и на сојузот што Бог го склучи со вашите прататковци кога му рече на Авраам: ‚Преку твоето потомство ќе бидат благословени сите народи на земјата‘.+ 26 Подигнувајќи го својот Слуга, Бог најпрво го испрати кај вас+ за да го благослови секого од вас, одвраќајќи го од неговите зли дела“.