1. Мојсеева
25 А Авраам зеде уште една жена, која се викаше Хетура.+ 2 Таа му ги роди: Зимран, Јоксан, Медан, Мадијам,+ Есвок и Суј.+
3 На Јоксан му се родија: Сава+ и Дедан.+
А синови на Дедан се: Асурим, Летусим и Леумим.
4 Синови на Мадијам се: Ефа,+ Ефер, Анох, Авида и Елдаг.+
Сите овие се синови на Хетура.
5 Подоцна Авраам му даде на Исак сѐ што имаше,+ 6 а на синовите што ги доби од наложниците* Авраам им даде дарови.+ Потоа, уште додека беше жив, ги испрати да си одат откај неговиот син Исак,+ на исток, во Источната земја.+ 7 А ова е бројот на годините што Авраам ги поживеа: сто седумдесет и пет години. 8 Потоа Авраам издивна и умре во длабока старост, стар и задоволен, и им се придружи на своите прататковци.+ 9 Неговите синови Исак и Исмаел го погребаа во пештерата Макпела на нивата на Ефрон, синот на Сохар Хетеецот, која е пред Мамре,+ 10 на нивата што Авраам ја беше купил од синовите на Хет. Таму се погребани Авраам и неговата жена Сара.+ 11 По смртта на Авраам, Бог и понатаму го благословуваше неговиот син Исак,+ а Исак живееше близу Веер-Лахај-Рој.+
12 Ова се настаните од животот* на Авраамовиот син Исмаел,+ кого му го роди на Авраам Египќанката Агара, слугинката на Сара.+
13 Ова се Исмаеловите синови, од кои потекнаа нивните семејства, по нивните имиња: Исмаеловиот првороден Навајот,+ а потоа Кидар,+ Авдеил, Мивсам,+ 14 Мишма, Дума, Маса, 15 Адад,+ Тема,+ Јетур, Нафис и Кедма.+ 16 Тоа се синовите на Исмаел, и тоа се нивните имиња според нивните населби и според нивните логори:+ дванаесет кнезови по нивните племиња.+ 17 А Исмаел живееше сто триесет и седум години. Потоа издивна и умре, и им се придружи на своите прататковци.+ 18 Неговите потомци живееја од Авила,+ близу Сур,+ кој е пред Египет, па сѐ до Асирија. Се населија спроти сите свои браќа.+
19 Ова се настаните од животот* на Авраамовиот син Исак.+
На Авраам му се роди Исак. 20 Исак имаше четириесет години кога ја зеде за жена Ревека, ќерката на Ветуил+ Сириецот+ од Падан Арам, сестрата на Лаван Сириецот. 21 Исак и понатаму сесрдно го молеше Јехова за својата жена,+ бидејќи беше неротка.+ И Јехова го услиши,+ па неговата жена Ревека забремени. 22 А синовите во неа почнаа да се удираат еден со друг,+ па таа рече: „Ако е така, зошто сум жива?“ Тогаш отиде да се посоветува со Јехова.+ 23 А Јехова ѝ рече: „Два народа се во твојата утроба,+ и два народа ќе се одделат од твојата утроба.+ Едниот народ ќе биде посилен од другиот,+ и постариот ќе му служи на помладиот“.+
24 И дојде време таа да роди, кога ете — во нејзината утроба имаше близнаци.+ 25 Првиот излезе сиот црвен и влакнест како наметка од влакна.+ Затоа му го дадоа името Исав.*+ 26 По него излезе неговиот брат, држејќи се со рака за петицата на Исав.+ Затоа Исак му го даде името Јаков.*+ А кога Ревека му ги роди, Исак имаше шеесет години.
27 Момчињата пораснаа, и Исав стана вешт ловец,+ полски човек, а Јаков беше беспрекорен* човек+ и живееше во шатори.+ 28 На Исак му беше помил Исав, бидејќи му носеше дивеч за јадење, додека Ревека повеќе го сакаше Јаков.+ 29 Еднаш Јаков готвеше некаква чорба кога Исав дојде од полето уморен. 30 И Исав му рече на Јаков: „Бргу, дај ми да јадам од тоа црвено јадење, од тоа црвеното што си го сварил, зашто сум уморен!“ Затоа го доби името Едом.*+ 31 Но Јаков му рече: „Продај ми го најпрво своето право на првородство!“+ 32 А Исав му одврати: „Еве, јас речиси умрев, па што ќе ми е првородството?“ 33 Јаков продолжи: „Најпрво заколни ми се!“+ И тој му се заколна и така му го продаде на Јаков своето право на првородство.+ 34 Тогаш Јаков му даде на Исав леб и чорба од леќа, и тој јадеше и пиеше.+ Потоа стана и си отиде. Така Исав го презре своето првородство.+