ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/11 стр. 14-17
  • Антарктик — на крајот на светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Антарктик — на крајот на светот
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како да сте на Марс!
  • Го добил името уште пред да биде откриен
  • Крв на мразот
  • Антарктик — континент во неволја
    Разбудете се! 2000
  • Содржина
    Разбудете се! 2000
  • Библиски приказни раскажани преку мраз и снег
    Разбудете се! 2005
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2013
Разбудете се! 2000
g00 8/11 стр. 14-17

Антарктик — на крајот на светот

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО АВСТРАЛИЈА

ВО НЕКОИ делови на Антарктикот може да биде толку студено, вели еден писател, што „ако фрлите челична прачка, сосема веројатно ќе се скрши како стакло . . . а ако извлечете риба од некоја дупка во ледот, за пет секунди ќе замрзне . . . како камен“. Заради екстремните услови и неговата нереална, оголена убавина — која понекогаш ја надополнуваат восхитувачките претстави на поларната светлина — Антарктикот би можел да се нарече друг свет.

Но, Антарктик е дел од овој свет, и тоа како! Всушност, тој е спореден со една огромна природна лабораторија за проучување на Земјата и нејзината атмосфера и на глобалните промени на животната средина, вклучувајќи ги и оние што се поврзани со човековите активности. Токму ваквите проучувања сѐ повеќе ги загрижуваат научниците. Тие забележале злокобни нови појави во областите на Јужниот пол, кои укажуваат дека не е сѐ во најдобар ред. Но, прво да видиме зошто Антарктик е еден несекојдневен континент.

Како прво, Антарктик — најизолираниот континент на светот — е континент на контрадикторности. Тој е исклучително убав и недопрен, но и сурово негостољубив. Ова е најветровитото и најстудено место на Земјата, но сепак е крајно деликатно и осетливо. Има помало количество врнежи отколку другите континенти, но неговиот лед сочинува 70 проценти од слатката вода на планетава. Ледот на Антарктикот има просечна дебелина од 2.200 метри и затоа Антарктик е највисокиот континент на земјата, со просечна надморска височина од 2.300 метри. Исто така, иако е петти по големина континент на земјата, Антарктик нема постојани жители поголеми од бескрилната мушичка — еден вид мува долга 1 сантиметар.

Како да сте на Марс!

Ако се осмелите да навлезете во внатрешноста на Антарктик, ќе забележите дека има сѐ помалку и помалку знаци на живот, особено кога ќе дојдете до подрачјата наречени суви долини. Овие поларни пустини кои опфаќаат околу 3.000 квадратни километри најчесто се сместени високо на Трансантарктичките планини — планински венец кој се протега низ целиот континент и на некои места се издигнува до 4.300 метри. Ледените бури фучат низ овие суви долини и брзо го разнесуваат снегот што паѓа. Научниците веруваат дека овие долини се најблизок земски еквивалент на површината на Марс. Затоа се сметаше дека тие се соодветна локација за тестирање на вселенската опрема пред да се лансира мисијата Викинг на Марс.

Сепак, дури и во тие суви долини има живот! Во порозните карпи, во ситните отвори исполнети со воздух, живеат исклучително издржливи облици на бактерии, алги и габи. Тие можат да преживеат ако има дури и најмала трага од влага. Надвор, нивниот нереален свет е една од оголените карпести формации наречени вентифакти, чиј необичен облик и голем сјај се резултат на дејството на неуморните антарктички ветрови во текот на неброени векови.

Го добил името уште пред да биде откриен

Шпекулациите дека постои некакво огромно копно на југот датираат уште од времето на древните грчки филозофи. На пример, Аристотел претпоставувал дека мора да постои некој јужен континент како противтежа на копнените површини за кои се знаело дека постојат во Северната хемисфера. Книгата Antarctica—Great Stories From the Frozen Continent (Антарктик — величествени приказни од замрзнатиот континент) вели дека, „исто како што северната хемисфера лежи под соѕвездието Арктос, т.е. Мечка, Аристотел (384—322 пр.н.е.) резонирал дека така и непознатата земја што се наоѓа на југ мора да биде Антарктикос — со други зборови, сосема спротивно“ — односно антипод. Така, Антарктик се истакнува со тоа што го добил своето име околу 2.000 години пред да биде откриен!

Во 1772, британскиот истражувач Капетан Џејмс Кук пловел на југ во потрага по овој замислен јужен континент. Тој влегол во еден свет на острови шибани од ветер и огромни ледени брегови, односно „ледени острови“, како што ги нарекол. „Некои од нив“, напишал, имале „обем од околу три километри и височина од 20 метри, но сепак морето се распрскувало над нив, толку биле големи и силни брановите“. Одлучен, Кук продолжил на југ и на 17 јануари 1773, неговиот брод Резолуција заедно со својот придружник Авантура биле првите бродови за кои се знае дека го преминале Јужниот поларен круг. Кук упорно пловел низ сантите мраз сѐ додека на крајот не му бил попречен патот. „Во правец на југ не можев да видам ништо друго освен мраз“, напишал во својот бродски дневник. Всушност, кога тргнал назад, тој бил оддалечен само 120 километри од антарктичкото копно.

Значи, кој прв го видел Антарктикот? Всушност, кој прв стапнал на него? И ден-денес тоа никој не го знае со сигурност. Можеби тоа биле ловците на китови и фоки бидејќи, кога Кук се вратил дома, неговите извештаи дека има фоки, пингвини и китови во изобилство ги натерале ловците да нагрнат во овие области.

Крв на мразот

Кук „наишол на она што веројатно било најголемата заедница на диви животни во светот и тој бил првиот човек кој му го објавил на светот нејзиното постоење“, напишал Алан Морхед во својата книга The Fatal Impact (Фатална средба). „За животните на Антарктикот“, вели Морхед, „[последицата] била холокауст“. Во книгата Антарктик — величествени приказни од замрзнатиот континент стои: „Кон крајот на осумнаесеттиот век, ловот на фоки во јужната хемисфера во сѐ личел на златната треска. Во Кина и Европа постоела ненаситна побарувачка за кожи и затоа наскоро се расчистиле сите [претходно] познати ловишта за фоки, па ловците на фоки очајнички барале нова земја со недопрени колонии животни“.

Откако ловците на фоки убиле речиси сѐ што можело да им послужи за да се одржат во живот, китоловците почнале да вршат грабеж по морињата. „Никогаш нема да се знае колку китови и фоки се убиени во јужниот океан“, пишува Морхед. „Десет или педесет милиони? Бројките се безначајни; убивањето продолжило сѐ додека повеќе немало што да се убива“.

Меѓутоа, денес целиот растителен и животински свет на Антарктикот е заштитен со меѓународни закони. Освен тоа, бидејќи таму нема грабливци а има морска храна во изобилство, антарктичкиот брег е летувалиште за животинскиот свет. Сепак, Антарктик покажува знаци на еден поподмолен напад, кој можеби е надвор од она што можат да го постигнат меѓународните договори.

[Рамка на страница 15]

СПРОТИВНИ ПОЛОВИ

Иако имаат некои сличности, Северниот и Јужниот пол не се спротивни полови само во поглед на локацијата. Разгледајте го следново.

Областа околу Северниот пол е прекриена со мраз и море, додека Јужниот пол се наоѓа во близината на центарот на петтиот по големина континент на светот.

Северниот пол е опкружен со населените копна на Америка, Азија и Европа, додека Антарктик е опкружен со огромен океан, всушност, најразбрануваниот океан на планетава.

Десетици илјади семејства живеат во Арктичкиот круг, кој е дом и на илјадници растенија и животни. Меѓутоа, ниту еден човек не го нарекува Антарктик свој дом. Единствените одомаќинети животни облици се алгите, бактериите, мовот, лишаите, два вида растенија што имаат цветови и неколку вида инсекти.

„Антарктик е наречен пулсирачки континент“, вели Encyclopædia Britannica, „заради тоа што неговиот секундарен леден брег секоја година се шири и се повлекува“. Оваа санта мраз максимално се шири за повеќе од 1.600 километри во морето. Ова ширење и повлекување е шест пати поголемо од она на арктичката санта мраз и затоа Антарктик има поголемо влијание врз глобалната клима.

[Карта на страница 15]

(Види во публикацијата)

АТЛАНТСКИ ОКЕАН

ИНДИСКИ ОКЕАН

ТИХИ ОКЕАН

Дрејков Премин

Островот Џејмс Рос

Ларсенов ледник

АНТАРКТИЧКИ ПОЛУОСТРОВ

Ронов ледник

Винсонов масив (највисоката планина, 4.820 метри)

Росов ледник

Еребу (активен вулкан)

ТРАНСАНТАРКТИЧКИ ПЛАНИНИ

Јужен пол

Најниската досега забележана температура на Земјата била на Антарктик — минус 89,2 Целзиусови степени

0 500 км 500 милји

[Извор на слика]

U.S. Geological Survey

[Слика на страници 16 и 17]

Пингвини собрани на еден редок син леден брег

[Извор на слика]

© 2000 Mark J. Thomas/Dembinsky Photo Assoc., Inc.

[Слика на страница 17]

Грбав кит

[Слика на страница 17]

Јужни моржови

[Слика на страница 17]

На Јужниот пол

[Извор на слика]

Фотографија: Commander John Bortniak, NOAA Corps

[Слика на страница 17]

Росов ледник

[Извор на слика]

Michael Van Woert, NOAA NESDIS, ORA

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели