Песна 206
„Радувајте се во надежта“
1. На Бог му благодариме
што среќна надеж имаме.
Ко сидрото е сигурна,
за цврсти да сме помага.
А надежта ко шлем ни е,
нѐ штити од Сатанов меч,
нѐ чува и од злобата,
нѐ јакне за праведноста.
2. Пред нас е радост — среќни сме
— за мртви надеж имаме:
од гробови ќе станат, знај,
ќе помогнат да има рај!
Во тоа време бескрајно,
ќе има корист човекот
од Божјата подготовка,
што носи радост голема.
3. За цврста да е надежта,
зачувајте ги срцата;
од Речта да се храниме,
на Бог да му се молиме.
За секој да се радува,
јавуваме за надежта,
несебично помагаме
до Бог нив да ги водиме.