СЕДМИ ДЕЛ
Царството ги исполнува ветувањата — Бог прави сѐ ново
СТОЕЈЌИ под разгранетата крошна на една јаболкница, откинуваш од гранката еден прекрасен румен плод. Пред да го спуштиш во речиси полната корпа, длабоко го вдишуваш неговиот опоен мирис. Работиш веќе со часови, но не се чувствуваш уморно и воопшто не ти е тешко да продолжиш. Погледнуваш кон дрвото во близина, каде што мајка ти весело работи и си зборува со роднините и пријателите кои помагаат во бербата. Изгледа толку млада — токму како што ја памтиш од детството. Тешко ти е да веруваш дека ја гледаше како старее во светот кој веќе одамна го нема. Се сеќаваш како, исцрпена од тешката болест, пред твои очи постепено пропаѓаше, како ја држеше за рака во последните мигови од нејзиниот живот и како плачеше крај нејзиниот гроб. А сега е пак со тебе, жива и совршено здрава! Исто како неа, и многу други повторно се заедно со своите најмили!
Ова не е само сон — навистина ни претстојат такви денови! Уверени сме во тоа бидејќи Бог секогаш ги исполнува своите ветувања. Во овој дел, ќе разгледаме како во блиска иднина ќе се исполнат пророштвата за некои настани кои ќе водат до Армагедон. А ќе разгледаме и некои од прекрасните ветувања што ќе се обистинат потоа. Колку ќе бидеме среќни кога Божјето Царство ќе завладее над целата Земја! Тогаш ќе се исполнат Јеховините зборови: „Гледај, правам сѐ ново!“ (Отк. 21:5).