ЛЕКЦИЈА 55
Поддржувај го твоето собрание
Милиони луѓе низ целиот свет радосно му служат на Јехова организирани во илјадници собранија. Тие се благодарни за водството и за поуките што ги добиваат и од срце го поддржуваат собранието на многу начини. Дали и ти си среќен што си дел од собранието и дали сакаш да го поддржуваш?
1. На кои начини можеш да ги користиш времето и силата за да го поддржуваш собранието?
Сите ние може да правиме нешто за собранието. Можеби во твоето собрание има постари или немоќни лица. Дали би можел да им помогнеш околу превозот за состаноците? Или, дали би можел да им помогнеш на некој друг начин, на пример, околу пазарувањето или домашните обврски? (Прочитај Јаков 1:27.) Исто така, може да помагаме околу чистењето и одржувањето на салата за состаноци. Никој не нѐ присилува да ги правиме овие работи. Напротив, љубовта кон Бог и кон браќата нѐ поттикнува спремно да се ставаме на располагање (Псалм 110:3).
Оние што се крстени може да го поддржуваат собранието и на други начини. Браќата што ги исполнуваат библиските услови можат да служат во собранието како слуга-помошници или старешини. И браќата и сестрите можат да служат како пионери така што ќе учествуваат во проповедничкото дело во зголемена мера. Освен тоа, некои Јеховини сведоци помагаат при изградбата на теократски објекти, а некои се селат на друго место каде што има собрание на кое му е потребна помош.
2. Како може да го поддржуваме собранието со нашите материјални средства?
Библијата нѐ поттикнува: „Искажувај му чест на Јехова со својот имот“ (Изреки 3:9). За нас е чест да приложуваме пари и други работи за да го поддржуваме собранието и меѓународното проповедничко дело. (Прочитај 2. Коринќаните 9:7.) Нашите прилози се користат и за помош при катастрофи. Многумина редовно ставаат пари настрана за да ги дадат како доброволен прилог. (Прочитај 1. Коринќаните 16:2.) Доброволен прилог може да пуштиме во кутиите за прилози во нашите сали или да донираме онлајн преку страницата donate.jw.org. Со начинот на кој ги користиме нашите материјални работи имаме можност да му покажеме на Јехова дека го сакаме.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе дознаеш на кои начини можеш да го поддржуваш собранието.
3. Можеме да помагаме во материјален поглед
Јехова и Исус ги сакаат оние што даваат од срце. На пример, Исус кажал пофални зборови за една вдовица која дала прилог иако била многу сиромашна. Прочитај Лука 21:1-4, а потоа разговарајте за овие прашања:
Дали треба да приложуваме големи суми за да му угодиме на Јехова?
Како се чувствуваат Јехова и Исус кога приложуваме од срце?
За да дознаеш како се користат нашите прилози, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ. Потоа, разговарајте за следниве прашања:
Како се користат нашите прилози за доброто на собранијата низ целиот свет?
4. Можеме практично да помагаме
Во библиски времиња, Јеховините слуги вложувале голем труд за да ги одржуваат во добра состојба местата во кои го обожавале Бог. Но, за ова не било доволно само да приложуваат пари. Прочитај 2. Летописи 34:9-11, а потоа разговарајте за ова прашање:
Како секој Израелец помагал околу одржувањето на домот на Јехова, односно местото каде што го обожавале?
За да видиш како Јеховините сведоци го следат примерот на тие Божји слуги, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ. Потоа, разговарајте за следниве прашања:
Зошто е важно нашите сали за состаноци секогаш да бидат чисти и во добра состојба?
На кои начини би можел да помагаш и ти?
5. Браќата можат да преземаат поголеми одговорности
Библијата ги поттикнува браќата да се ставаат на располагање за да му служат на собранието во поголема мера. За да видиш како некој може да го прави тоа, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ. Потоа, разговарајте за следново прашање:
Кои чекори ги презеде Рајан за да може да му служи на собранието во поголема мера?
Библијата објаснува кои услови треба да ги исполнат браќата за да можат да служат како слуга-помошници и старешини. Прочитај 1. Тимотеј 3:1-13, а потоа разговарајте за овие прашања:
Што се очекува од браќата кои сакаат да служат како слуга-помошници и старешини?
Што се очекува од семејствата на овие браќа? (Види ги стиховите 4 и 11.)
Како им користи на сите во собранието кога браќата се трудат да ги исполнат тие услови?
АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Како се финансираат Јеховините сведоци?“
Што би му одговорил?
ШТО НАУЧИ:
Јехова многу цени кога трошиме од своето време, сили и материјални средства за да го поддржуваме собранието.
Како би одговорил?
Како може да ги користиме нашите сили и нашето време за да го поддржуваме собранието?
Како може да го поддржуваме собранието со нашите материјални средства?
На кои начини би сакал да го поддржуваш собранието?
ИСТРАЖУВАЈ
Прочитај зошто Бог повеќе не очекува од своите слуги да даваат десеток.
„Што вели Библијата за давањето десеток?“ (Статија на интернет)
Од Библијата дознаваме дека некои задачи во собранието треба да ги извршуваат крстени мажи. Но, што ако е неопходно тие задачи да ги извршува крстена сестра?
„Начелото за поглаварство во собранието“ (Стражарска кула од февруари 2021)
Погледни колку големи жртви прават некои храбри Јеховини сведоци за да им достават библиска литература на своите соверници.
Дознај како се финансираат активностите на Јеховините сведоци и како во тој поглед се разликуваат од другите религии.
„Како се финансираат активностите на Јеховините сведоци?“ (Статија на интернет)