Остани цврст во верата!
Врвни точки од Првото Петрово писмо
ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ се соочуваат со различни искушенија или испити на нивната вера. Во некои земји нивното дело на проповедање на Царството се извршува и покрај големи прогонства. Зад овие и другите настојувања да се уништи нивниот однос со Бог, стои Сатана Ѓаволот. Но тој нема да ги победи, бидејќи Јехова ги подготвува своите слуги да бидат непоколебливи, да бидат цврсти во верата.
Апостол Петар имал предност да ги ’зајакне своите браќа‘ кои биле разжалостени ”од разните искушенија‘ (Лука 22:32, NW; 1. Петрово 1:6, 7). Тоа го сторил во своето прво писмо, напишано околу 62-64. н. е. од Вавилон. Во него Петар ги советувал, утешувал и ги храбрел Евреите и не-еврејските христијани, помагајќи им да се спротивстават на нападите и да останат ”цврсти во верата“ (1. Петрово 1:1, 2; 5:8, 9). Бидејќи денес времето на Ѓаволот е скратено и неговите напади се толку жестоки, сигурно дека Јеховиниот народ може да има корист од Петровите инспирирани зборови.
Однесување темелено на Божјите принципи
Било да е нашата надеж небеска или земска, таа би требало да ни помогне да ги поднесеме искушенијата и да дејствуваме на побожен начин (1:1–2:12). Надежта на небеското Царство е причина за помазаните да се радуваат во спротивставувањето на искушенијата, кои навистина ја прочистуваат нивната вера. Бидејќи го градат духовниот храм на темелите на Христос, тие принесуваат духовни жртви прифатливи за Бог и се однесуваат на примерен начин кој Му донесува слава.
Нашето постапување со сите наши блиски би требало да биде раководено според Божјите принципи (2:13–3:12). Петар покажал дека треба да им бидеме подложни на човечките владари. Куќните слуги би требало да им бидат подложни на своите господари, а жените на своите мажи. Со побожното однесување христијанската сопруга може да го придобие својот сопруг кој не верува да ја прифати вистинската вера. И сопругот кој верува треба да ѝ ”искажува на својата жена почитување како на послаб женски сад“ (NW). Сите христијани треба да покажуваат блиско чувство, да имаат братска наклоност, да прават што е добро и да се стремат кон мир.
Истрајноста донесува благослови
Верното поднесување на страдањата кај вистинските/искрените христијани ќе доведе до благослови (3:13–4:19). Ако трпиме поради праведноста, треба да бидеме среќни. Освен тоа, штом Христос претрпел во тело за да нѐ доближи до Бог, ние не би требало повеќе да живееме според телесните желби. Ако верно ги издржиме искушенијата, ќе учествуваме во големата радост при Исусовото откровение. Тоа што ја носиме срамотата поради Христовото име или како негови ученици, треба да нѐ прави среќни затоа што покажува дека имаме Јеховин дух. На ист начин како што трпиме во склад со Божјата волја, да допуштиме да му се препорачаме самите и да продолжиме да го правиме она што е добро.
Како христијани, треба совесно да ги извршуваме своите обврски и да се понизиме под силната Божја рака (5:1–14). Старешините треба да го пасат Божјето стадо драговолно, и секој од нас треба да го фрли своето бреме на Јехова, јасно спознавајќи дека тој навистина се грижи за нас. Исто така треба да заземеме став против Ѓаволот и не смееме да станеме обесхрабрени, бидејќи нашите браќа минуваат низ исти страдања како и ние. Секогаш да се сетиме дека Јехова ќе нѐ зајакне и ќе ни овозможи да останеме цврсти во верата.
[Рамка/слика на страница 30]
Женски накит: Во советот до христијанската жена, Петар рекол: ”Вашиот накит да не биде во надворешното плетење на косата и во ставањето на златни накити или носењето на надворешни облеки, туку во скриената личност на срцето, во нераспадливата облека на тивкиот и благ дух, кој е од голема вредност во Божјите очи“ (1. Петрово 3:3, 4, NW). Во првиот век н. е. паганските жени често имале усовршени начини на чешлање, ги плетеле своите долги коси во раскошни облици и ставале златен накит во плетенките. Веројатно многу од нив го правеле тоа за да упадливо се покажат — нешто што е неприкладно за христијаните (1. Тимотеево 2:9, 10). Сепак, не е лош секој накит, бидејќи Петар го вклучува ”носењето на надворешна облека“ — очигледно нешто што е неопходно. Божјите слуги од старо време исто така користеле накит (1. Мојсеева 24:53; 2. Мојсеева 3:22; 2. Самоилова 1:24; Еремија 2:32; Лука 15:22). Меѓутоа, христијанската жена мудро избегнува гиздав накит и предизвикувачка облека и треба да биде внимателна при употребата на козметичките средства за да тоа биде вкусно. Заклучокот на апостоловиот совет е дека таа треба да му придава важност не на надворешното, туку на внатрешното украсување. За да навистина биде привлечна, мора да се облекува скромно и да има склоност на богобојазливо лице (Изреките 31:30; Михеј 6:8).
[Извор на слика]
Israel Department of Antiquities and Museums; Israel Museum/David Harris