Книги, книги, книги!
„Му нема крај на составувањето многубројни книги“ — напишал мудриот цар Соломон од старо време (Проповедник 12:12, Радосна вест). Во текот на 1995, на секој 580-ти жител во Британија беше издадена речиси по една нова книга, кое таа земја ја направи светски лидер во издавањето нови наслови на книги. Кина, најнаселената земја, дојде на второ место со 92.972 изданија, во споредба со британските 95.015. Следеше Германија (67.206 наслови), па Соединетите Држави (49.276) и потоа Франција (41.234). „Голем дел од светското водство на Британија се должи едноставно на англискиот јазик“ — забележува весникот The Daily Telegraph од Лондон.
Извештаите покажуваат дека пазарот на книги повеќе години е во опаѓање и сега само 80 отсто од возрасните во Британија купуваат една или повеќе книги годишно. Но, дали луѓето ги читаат сите книги што ги купуваат?
Една книга која и понатаму е нашироко дистрибуирана и читана е Библијата, која сега — делумно или во целост — ја има на располагање на преку 2.120 јазици. Ако уште немате свој примерок, контактирајте со канцеларијата на Watch Tower Society што Ви е најблиску за да добиете еден. Ако поседувате Библија, земете ја и проверете ги библиските референции што се појавуваат во статиите од ова списание. Ако го направите тоа, ќе го откриете животодајното спознание од Библијата.