На капетанската маса
ИНТЕРЕСНИ луѓе, добра храна и пријатен разговор се она што придонесува оброкот на капетанската маса на еден брод да биде уживање. Но, разговорот на масата на капетан Роберт Џ. Смит, од бродската компанија White Star Line, фрлил светлина на една духовна гозба (Исаија 25:6).
Во 1894, на 24-годишна возраст, Роберт ја презел командата на едреникот Кинклун од Данди за да го направи своето прво патување околу светот. Подоцна бил капетан на бродовите на White Star, како што биле Седрик, Севик и Руник. a Додека на еден од овие бродови го препловувал Атлантикот од Њујорк до Ливерпул (Англија) на капетанската маса Роберт му бил домаќин на Чарлс Тејз Расел. Разговорот со Расел го разгорел интересот на Роберт за библиската порака, и како помош за да научи повеќе, со задоволство зел од Расел примероци од Studies in the Scriptures (Студии на Писмото).
Расел останал во контакт преку писма, и како резултат на тоа, интересот на Роберт за библиската порака пораснал. Роберт го споделил своето новооткриено спознание со сопругата. Не поминало долго време пред и двајцата да станат активни Библиски студенти, како што тогаш биле познати Јеховините сведоци. Подоцна Роберт имал предност да изнесува библиски говори. На пример, во Бризбејн, Австралија, зборувал за „Мевлемот на Гилеад“ и покажал на кој начин Божјата реч содржи порака што е „лек за земните јадови“. Дома во Англија, неговата сопруга и децата помагале во презентирањето на „Фото-драмата за создавањето“, пуштајќи снимки со коментари на Расел додека биле прикажувани дијапозитивите.
Роберт им го пренел на своите деца наследството за вистината за Царството што го добил. Денес, пет генерации подоцна, 18 членови на семејството марливо ја споделуваат добрата вест со другите, благодарни за она што било послужено на капетанската маса.
Со своите публикации и со своето образовно дело, Јеховините сведоци им помагаат на луѓето во целиот свет да ја дознаат библиската порака што го заинтересирала капетан Смит. И ти можеш да го дознаеш она што се покажало толку интересно на капетанската маса.
[Фуснота]
a Еден друг брод од таа компанија, Титаник, на своето катастрофално прво патување бил под команда на капетан Е. Џ. Смит (не биле во роднинска врска).
[Слика на страница 8]
Роберт Џ. Смит
[Слика на страница 8]
Чарлс Т. Расел