Погодени од трагедија
ОВЕН, две и пол годишно детенце, си играл дома во бањата. Успеал да се качи до шкафчето за кое неговите родители мислеле дека не може да го достигне. Меѓу другите работи, нашол едно шише кое му го привлекло вниманието. Го отворил и ја испил течноста што била внатре. Се случила трагедија.
Во шишето имало силна киселина и, за жал, малиот Овен умрел. Неговите родители биле скршени од болка. Татко му, Перси, побарал утеха во својата црква. Тој прашал: „Зошто се случи ова?“ Свештеникот му одговорил: „Бог сакал уште едно ангелче на небото“. Уште поочаен, ужалениот родител помислил дека тоа воопшто не било праведно. Зарем Бог навистина сакал да се случи таква несреќа? Разочаран, Перси одлучил повеќе да нема ништо со неговата црква.
Кога размислувал за тоа што се случило, Перси се прашувал: ‚Дали моето детенце уште се мачи? Ќе го видам ли некогаш повторно?‘
Можеби и ти си се прашувал што се случува кога некој ќе умре и дали е можно во иднина повторно да бидеме заедно со нашите сакани? Божјата реч, Библијата, дава одговор на овие прашања. На нејзините страници се наоѓаат јасни и утешни одговори за сите коишто доживеале слична трагедија. И повеќе од тоа, таа ни открива дека Бог ветил нешто прекрасно — надеж во воскресение.
Те молиме прочитај ја следната статија за да дознаеш повеќе за оваа прекрасна надеж.