„Ова е навистина Божјето најсвето и највозвишено име“
Николас од Кис ја дал оваа изјава во една проповед што ја одржал во 1430 год.a Тој се интересирал за многу работи, на пример, изучувал грчки и хебрејски јазик, филозофија, теологија, математика и астрономија. На 22 години, станал доктор по римокатоличко канонско право. Во 1448 год., станал кардинал.
Пред околу 550 години, Николас од Кис отворил старечки дом во Кис, град кој сега е познат како Бернкасел-Кис, а се наоѓа околу 130 километри јужно од Бон (Германија). Во оваа иста зграда сега е сместена библиотеката на Кис која содржи повеќе од 310 ракописи. Еден од нив е Кодекс Кусанус 220 во кој е запишана проповедта на Кис од 1430 год. Во таа проповед, со наслов In principio erat verbum (Во почетокот беше Речта), Николас од Кис го користел латинскиот назив Јехуа за Јехова.b На 56. страница е дадена следнава изјава во врска со Божјето име: „Тоа е името што Бог си го дал себеси. Се работи за тетраграмот, односно име составено од четири букви... Ова е навистина Божјето најсвето и највозвишено име“. Оваа изјава на Николас од Кис е во склад со фактот дека Божјето име се појавува во изворниот текст на Хебрејските списи (2. Мој. 6:3).
Овој кодекс од почетокот на 15 век е еден од најстарите постоечки документи во кој тетраграмот е преведен со „Јехуа“. Ова документирано сведоштво е уште еден доказ дека различни облици на Божјето име, слични на изговорот „Јехова“, со векови биле највообичаената транскрипција на Божјето име во книжевноста.
[Фусноти]
a Николас од Кис е познат и како Николаус Крифтс (Кребс), Николаус Кусанус и Николаус фон Кис. Кис било името на германскиот град каде што се родил.
b Целта на оваа проповед била да го одбрани учењето за Света Троица.
[Слика на страница 16]
Библиотеката на Кис