Службени состаноци за ноември
Седмица од 1. ноември
10 мин: Месни известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Пофали ги објавителите за уделот што го имале во делото на проповедање на Царството.
10 мин: „Соништа“, книга Расудување, стр. 366, 367. Да се води како дискусија со библиски ученик. Ученикот прашува колку е мудро да се управуваме по соништа. Се дискутира колку е опасно тоа, како може да нѐ наведе да станеме жртви на световни расудувања и на демоните. Покажи колку е важно да се управуваме по начелата на Божјата Реч.
10 мин: По потреба на собранието или „Комуникацијата — повеќе отколу само да се зборува“. Говор темелен на статиите од Стражарска кула од 1. август 1993, стр. 3-8.
15 мин: „Вредноста на Библијата во денешниов свет.“ Дискусија помеѓу надгледникот за служба и објавител кој сака да ја подобри својата способност во работата од куќа до куќа. По разгледувањето на пасус 3, надгледникот за служба го замолува објавителот да се обиде, како што е предложено, да изведе понуда со него кој ќе биде како станар. По разгледувањето на 4. пасус, надгледникот за служба му ги дава предложените понуди на објавителот. Охрабри го собранието да им помага на заинтересираните и на библиските ученици да ја ценат вредноста на Библијата.
Песна 52 и заклучна молитва.
Седмица од 8. ноември
10 мин: Месни известувања. Прикажи понуда на текуштите списанија, нудејќи ја статијата која може да се употреби во службата на подрачјето овој викенд. Сврти го вниманието на „Посебен месец за службата на подрачјето“ и предложи им на сите да ја разгледаат сериозно можноста да ја зголемат нивната служба на подрачјето во декември така што ќе бидат помошни пионери или ќе работат со пионерите.
15 мин: „Книга која пружа вистинско водство.“ Разгледување на статијата со прашања и одговори. Прикажи ја повторната посета што е опишана во пасус 3. Охрабри ги сите да бидат одушевени со практичната вредност на Библијата кога зборуваат со луѓето при работата од куќа до куќа и на повторните посети.
20 мин: „Млади — радувајте го Јеховиното срце.“ Старешина дискутира со двајца или тројца млади крстени објавители за пасусите 1-18. Нагласи ги користите што младите ги жнеат со нивниот добар пример и вредноста на статиите „Младите прашуваат . . .“ Разгледај ги библиските стихови колку што дозволува времето.
Песна 80 и заклучна молитва.
Седмица од 15. ноември
Песна 73
10 мин: Месни известувања, вклучувајќи благајнички извештај и благодарност за донациите. Пофали го собранието за финансиската поддршка на месното собрание, како и Фондот на Друштвото за Царски сали и на Светското дело на проповедање на Заедницата. Опиши ги подготовките за служба на подрачјето за време на претстојните световни празници.
15 мин: „Грижа за духовните потреби на глувите.“ Прашања и одговори. Ако нема глуви членови на собранието, сосредоточи се на тоа како да не се превидат глувите луѓе што се наоѓаат на нашето подрачје. Биди подготвен за новоизлезените трактати.
20 мин: „Млади — радувајте го Јеховиното срце.“ Разгледување со прашања и одговори на пасуси 19-33 од додатокот. Интервјуирај еден или двајца млади објавители. Нека коментираат како собранието им помогнало во нивниот духовен напредок.
Песна 90 и заклучна молитва.
Седмица од 22. ноември
Песна 74
10 мин: Месни известувања и Теократски вести. Охрабри да се користат текуштите списанија во сведочењето овој викенд.
15 мин: „Помогни им на библиските ученици да се подготват за нивната студија.“ Прашања и одговори. Прочитај пасуси колку што дозволува времето.
20 мин: „Дали расудуваш на темел на Писмото?“ Разгледување со прашања и одговори од страна на брат кој е делотворен во службата од куќа до куќа и на повторни посети. По разгледување на пасус 4, прикажи како објавител може да парафразира или наизуст да цитира стих кога станарот е зафатен. После приказот, нагласи колку е вредно да ги следиме овие предлози додека настојуваме да го ‚проповедаме словото‘ на подрачје каде што повеќето луѓе секогаш се зафатени или преокупирани со секојдневните работи (2. Тим. 4:2). По разгледување на пасус 6, повикај објавител кој делотворно ја користи книгата Расудување да раскаже како ја користи при сведочењето.
Песна 108 и заклучна молитва.
Седмица од 29. ноември
Песна 83
10 мин: Месни известувања. Охрабри ги оние кои можат да бидат помошни пионери во текот на декември.
15 мин: „Библијата — практичен водич за денешниот човек.“ Говор на семеен поглавар на темел на статијата од Стражарска кула од 1. мај 1993. Нагласи дека применувањето на библиските начела може да унапреди мирољубива, полна со љубов семејна атмосфера. Замоли за еден или два подготвени коментари од присутните, што ќе покажат како советите од Божјата Реч им помогнале ним како на семејство или како на поединци.
20 мин: Користење на книгата Најголемиот човек за да им се помогне на оние слични на овци во декември. Дискусија со присутните. Постави прашања како што се: Кој извештај за Исусовата служба или за неговото постапување со другите те импресионирал најмногу? Зошто овој извештај ти оставил најголем впечаток? Од каква вредност е оваа публикација за тебе? Што си научил за Јехова преку проучувањето на неа? Која мисла(-ли) си ја изнел кога си ја нудел? Нека искусен објавител прикаже понуда на книгата. Охрабри ги сите да учествуваат во службата на подрачјето во недела.
Песна 94 и заклучна молитва.