„Хранет со зборовите на верата“
1 Потребен е голем напор за да се стремиме по живот на побожна оддаденост (1. Тим. 4:7-10). Ако се обидуваме само со својата сила да следиме таков правец, наскоро ќе почнеме да се тетеравиме и ќе ослабиме (Иса. 40:29-31). Еден начин на кој можеме да добиеме сила од Јехова е да се ‚храниме со зборовите на верата‘ (1. Тим. 4:6).
2 Богата духовна храна: Преку својата Реч и преку „верниот и разборит роб“, Јехова ни обезбедува богата духовна храна (Мат. 24:45). Дали правиме сѐ за да извлечеме корист од тоа? Дали ја читаме Библијата секој ден? Дали имаме одредени термини за лично проучување и длабоко размислување? (Псал. 1:2, 3). Таквата здрава духовна исхрана нѐ зајакнува и нѐ штити од влијанијата на сатанскиот свет кои можат да нѐ ослабнат (1. Јов. 5:19). Ако го полниме нашиот ум со здрави работи и ги применуваме во својот живот, Јехова ќе биде со нас (Фил. 4:8, 9).
3 Јехова нѐ зајакнува и преку собраниските состаноци (Евр. 10:24, 25). Духовната поука и здравото друштво што ги наоѓаме на овие собири нѐ зајакнуваат да останеме цврсти и покрај испитите (1. Петр. 5:9, 10). Една млада христијанка рекла: „По цел ден сум на училиште и тоа ме исцрпува. Но состаноците се како оаза во пустина, каде што можам да се освежам и на тој начин да се справам со следниот училишен ден“. Навистина сме благословени за напорот што го вложуваме за да присуствуваме на состаноците!
4 Објавување на вистината: За Исус, проповедањето било како храна. Тоа му давало сила (Јован 4:32-34). На сличен начин и ние се чувствуваме како да ни е обновена силата кога им зборуваме на другите за прекрасните ветувања од Бог. Исто така, кога сме зафатени во службата нашите срца и мисли остануваат сосредоточени на Царството и на благословите што наскоро ќе дојдат. Тоа навистина нѐ освежува (Мат. 11:28-30).
5 Колку само сме благословени што извлекуваме корист од духовната храна што Јехова ја обезбедува за својот народ денес! Да продолжиме да воскликнуваме од радост на негова слава (Иса. 65:13, 14).