ИДЕИ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ
Духовно зрелите луѓе носат мудри одлуки
Прочитај 1. Мојсеева 25:29-34 за да дознаеш дали Исав и Јаков донеле мудри одлуки.
Дознај повеќе од контекстот. Што се случило претходно? (1. Мој. 25:20-28). Што се случило потоа? (1. Мој. 27:1-46).
Истражувај ги деталите. Какви права и обврски имал првородениот син во тоа време? (1. Мој. 18:18, 19; w10 1/5 13).
Дали некој морал да има право на првородство за да биде предок на Месијата? (w17.12 14-15).
Размисли кои се поуките и примени ги. Зошто на Јаков му било поважно правото на првородство отколку на Исав? (Евр. 12:16, 17; w03 15/10 28-29). Какво гледиште имал Јехова за двајцата браќа, и зошто? (Мал. 1:2, 3). Што можел Исав да направи за да донесе подобри одлуки?
Прашај се: „Како можам да покажам дека ги ценам духовните работи кога одлучувам како ќе го користам времето во текот на седмицата? На пример, дали си одвојувам време за Семејната вечер?“