ПРАШАЊА ЗА ОНИЕ ШТО САКААТ ДА СЕ КРСТАТ
Дел 1 — христијански верувања
Тоа што си ја проучувал Библијата со Јеховините сведоци ти помогнало да ја дознаеш вистината. Без сомнение, тоа што си го дознал ти помогнало да имаш добар однос со Бог и ти дало надеж за вечен живот во рај на Земјата под власта на Божјето Царство. Твојата вера во Божјата Реч станала поцврста и, поради тоа што си дел од христијанското собрание, имаш многу благослови. Исто така, си можел да видиш како Јехова го води својот народ денес (Зах. 8:23).
Бидејќи се подготвуваш за крштавање, многу ќе ти помогне тоа што, заедно со старешините, ќе ги разгледаш основните христијански верувања (Евр. 6:1-3). Јехова и понатаму нека те благословува додека се трудиш уште подобро да го запознаеш и нека ти ја даде наградата што ти ја ветил (Јован 17:3).
1. Зошто сакаш да се крстиш?
2. Кој е Јехова?
• „Јехова е вистинскиот Бог горе на небото и долу на земјата. Нема друг“ (5. Мој. 4:39).
• „Ти, чие име е Јехова, си Севишен над целата земја!“ (Пс. 83:18).
3. Зошто е важно да го користиш Божјето име?
• „Значи, молете се вака: ’Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое‘“ (Мат. 6:9).
• „Секој што го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“ (Рим. 10:13).
4. Кои се некои изрази во Библијата што го опишуваат Јехова?
• „Јехова, Творецот на земните краишта, е вечен Бог“ (Иса. 40:28).
• „Татко наш, кој си на небесата“ (Мат. 6:9).
• „Бог е љубов“ (1. Јов. 4:8).
5. Што можеш да му дадеш на Јехова?
• „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум, и со сета своја сила“ (Мар. 12:30).
• „Јехова, својот Бог, обожавај го и само нему служи му!“ (Лука 4:8).
6. Зошто сакаш да му бидеш верен на Јехова?
• „Биди мудар, сине мој, и израдувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној што ми се подбива“ (Изр. 27:11).
7. Кому му се молиш, и преку кого?
• „Вистина, вистина, ви велам, што и да побарате од Таткото, ќе ви даде во мое [Исусово] име“ (Јован 16:23).
8. За кои работи можеш да се молиш?
• „Значи, молете се вака: ’Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое. Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата. Лебот наш за овој ден дај ни го денес и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им простуваме на нашите должници. И не воведувај нѐ во искушение, туку избави нѐ од Злобниот‘“ (Мат. 6:9-13).
• „Во ова се надеваме на Бог: што и да бараме во склад со неговата волја, тој нѐ слуша“ (1. Јов. 5:14).
9. Зошто Јехова не сака да ги слуша молитвите на некои лица?
• „Тогаш ќе го викаат Јехова за помош, но тој нема да им одговори... зашто правеа злодела“ (Мих. 3:4).
• „Очите на Јехова ги гледаат праведниците и ушите негови ги слушаат нивните сесрдни молитви, а лицето на Јехова е против оние што прават зло“ (1. Пет. 3:12).
10. Кој е Исус Христос?
• „Симон Петар одговори: ’Ти си Христос, Синот на живиот Бог‘“ (Мат. 16:16).
11. Зошто Исус дошол на Земјата?
• „Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи и да го даде својот живот како откупнина за мнозина“ (Мат. 20:28).
• „[Исус] им рече: ’И на другите градови морам да им ја објавам добрата вест за Божјето царство, бидејќи за тоа сум испратен‘“ (Лука 4:43).
12. Како можеш да покажеш благодарност за жртвата на Исус?
• „Тој умре за сите, за оние што живеат да не живеат повеќе за себе, туку за него, кој умре за нив и беше воскреснат“ (2. Кор. 5:15).
13. Каква власт има Исус?
• „Дадена ми е сета власт на небото и на земјата“ (Мат. 28:18).
• „Бог го возвиши и му подари име кое е над секое друго име“ (Фил. 2:9).
14. Дали веруваш дека Водечкото тело на Јеховините сведоци е „верниот и разборит роб“ кој е поставен од Исус?
• „Кој е верниот и разборит роб кого неговиот господар го поставил над своите слуги за да им дава храна во вистинско време?“ (Мат. 24:45).
15. Дали светиот дух е личност?
• „Ангелот ѝ одговори: ’Светиот дух ќе дојде врз тебе и силата на Севишниот ќе те засени. Затоа детето што ќе го родиш ќе биде свето, Син Божји‘“ (Лука 1:35).
• „Според тоа, ако вие, иако сте зли, знаете да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа!“ (Лука 11:13).
16. Како Јехова го користел светиот дух?
• „Со Јеховината реч се создадени небесата и со здивот на неговата уста целата нивна војска“ (Пс. 33:6).
• „Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде врз вас, и ќе ми бидете сведоци... сѐ до крајот на земјата“ (Дела 1:8).
• „Ниту едно пророштво од Писмото не произлегува од нечие лично размислување. Зашто, пророштво никогаш не било изречено по човечка волја, туку луѓето ги кажуваа зборовите што доаѓаа од Бог така како што ги водеше светиот дух“ (2. Пет. 1:20, 21).
17. Што е Божјето Царство?
• „Небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне. И тоа царство нема да премине на некој друг народ. Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства, а самото ќе стои довека“ (Дан. 2:44).
18. Кои благослови ќе ги доживееш под власта на Божјето Царство?
• „Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Отк. 21:4).
19. Од каде знаеш дека благословите од Божјето Царство ќе се исполнат наскоро?
• „Учениците му пристапија насамо и му рекоа: ’Кажи ни кога ќе биде тоа и кој ќе биде знакот на твојата присутност и на свршетокот на овој поредок?‘ Исус им одговори: ’... Ќе се крене народ против народ и царство против царство, и ќе има глад и земјотреси на разни места. И оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот‘“ (Мат. 24:3, 4, 7, 14).
• „Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни, нелојални, бесчувствителни кон другите, неспремни за каков и да било договор, клеветници, без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата, предавници, своеглави, горди, повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог, и на изглед ќе бидат богобојазливи, но нема да живеат богобојазливо“ (2. Тим. 3:1-5).
20. Како покажуваш дека Божјето Царство ти е важно?
• „Затоа, барајте ги најнапред царството и Божјата праведност“ (Мат. 6:33).
• „Исус им рече на своите ученици: ’Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот маченички столб и нека оди по мене‘“ (Мат. 16:24).
21. Кој е Сатана и кои се демоните?
• „Вашиот татко е Ѓаволот... Тој е човекоубиец откако се побуни“ (Јован 8:44).
• „Беше исфрлен големиот змеј, празмијата, кој се вика Ѓавол и Сатана, кој го заведува целиот свет. Беше исфрлен на земјата, а со него беа исфрлени и неговите ангели“ (Отк. 12:9).
22. Какво обвинение изнел Сатана против Јехова и против Божјите слуги?
• „Жената ѝ одговори на змијата: ’Од плодовите на дрвјата во градината смееме да јадеме. Но, за плодот од дрвото што е среде градината, Бог рече: „Не јадете од него и не допирајте го за да не умрете!“‘ Тогаш змијата ѝ рече на жената: ’Не, вие нема да умрете. Зашто Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како Бог и ќе знаете што е добро, а што зло‘“ (1. Мој. 3:2-5).
• „Сатана му одговори на Јехова: ’Кожа за кожа! Човекот ќе даде сѐ што има за својата душа‘“ (Јов 2:4).
23. Како можеш да докажеш дека обвиненијата на Сатана не се точни?
• „Служи му [на Бог] со потполно оддадено срце“ (1. Лет. 28:9).
• „Сѐ додека дишам, нема да отстапам од својата непорочност!“ (Јов 27:5).
24. Зошто луѓето умираат?
• „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија“ (Рим. 5:12).
25. Во каква состојба се наоѓаат мртвите?
• „Живите се свесни дека ќе умрат, а мртвите не се свесни за ништо“ (Проп. 9:5).
26. Каква надеж постои за оние што умреле?
• „Бог ќе ги воскресне и праведните и неправедните“ (Дела 24:15).
27. Колку луѓе ќе бидат воскреснати на небото за да владеат со Исус?
• „Гледај — Јагнето стои на гората Сион, и со него сто четириесет и четири илјади, кои го имаат неговото име и името на неговиот Татко напишано на своите чела“ (Отк. 14:1).