ЗАПОЧНУВАЊЕ РАЗГОВОРИ
ЛЕКЦИЈА 6
Смелост
Начело: „Собравме смелост со помош на нашиот Бог да ви ја проповедаме Божјата добра вест“ (1. Сол. 2:2)
Што направил Исус?
1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Лука 19:1-7. Потоа размисли за следниве прашања:
а) Зошто можеби некои луѓе го избегнувале Закхеј?
б) Што сепак го поттикнало Исус да му ја пренесе добрата вест?
Што учиме од Исус?
2. Потребна ни е смелост за да му ја пренесеме пораката за Царството на секого.
Следи го примерот на Исус
3. Потпирај се на Јехова. Божјиот дух му ја дал потребната сила на Исус за да проповеда, а може да ти ја даде и тебе (Мат. 10:19, 20; Лука 4:18). Моли го Јехова да ти даде смелост за да можеш да им проповедаш на оние од кои се плашиш (Дела 4:29).
4. Немој да имаш предрасуди кон луѓето. Можеби се колебаме дали да му пристапиме на некој поради неговиот физички изглед, социјалниот или економскиот статус, начинот на живот кој го води или неговите религиозни верувања. Но, не заборавај:
а) Јехова и Исус можат да ги читаат срцата; ние не можеме.
б) Јехова може да покаже милост кон секого.
5. Биди смел, но во исто време тактичен и претпазлив (Мат. 10:16). Немој да се расправаш. Учтиво заврши го разговорот ако лицето не сака да слуша за добрата вест или ако не се чувствуваш безбедно (Изр. 17:14).