ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wcg стр. 246-255
  • Биди храбар!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди храбар!
  • Храбро оди со Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Колку е важна молитвата
  • „Бидете храбри“
  • „Биди храбар... и почни да градиш“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Бидете смели!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Можеш да бидеш сѐ похрабар!
    Храбро оди со Бог
  • „Биди храбар и многу силен“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Храбро оди со Бог
wcg стр. 246-255

ЗАКЛУЧОК

Биди храбар!

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

1. Што ќе разгледаме во овој заклучок?

ПО СЕТО она што го разгледавме во оваа книга, има ли уште нешто да се каже во врска со храброста? Всушност, има. Не е можно да се запише само во една книга сето она што Библијата го кажува за оваа важна особина. Освен личностите за кои се зборуваше во оваа книга, во Библијата се зборува и за многу други верни луѓе кои покажале храброст. Сега ќе дискутираме за некои од нив, а ќе видиме и што ни е потребно за да бидеме навистина храбри.

2. Кои други верни слуги на Јехова покажале храброст?

2 Можеш ли да се сетиш и на други личности од Библијата кои покажале храброст? Веројатно ти доаѓаат на ум некои од верните пророци од Хебрејските списи, како што се Исаија, Еремија, Езекиел, Јона или Малахија. Апостол Павле сигурно мислел и на нив кога под водство на светиот дух напишал: „Беа искушувани со исмејувања и камшикувања, па дури и со окови и затвори“. За некои, пак, напишал: „Беа во немаштија, во неволја, беа малтретирани“. А имало и такви кои дури биле погубени (Евр. 11:36, 37). И покрај ова, тие храбро застанале на страната на Јехова Бог.

3-4. Како две жени, кои не се спомнати по име, го заштитиле цар Давид кога бил во опасност?

3 Многу храбри луѓе за кои се зборува во Библијата не се спомнати по име. Тоа е случај и со две жени од времето на цар Давид. Тие му помогнале на Давид кога неговиот злобен син Авесалом се обидел да го симне од престолот, принудувајќи го да побегне од Ерусалим. Давид побарал од Садок, еден храбар првосвештеник, да се врати во градот и да остане таму за да дознае што планира Авесалом да направи следно. Садок требало да му пренесе порака на Давид. Ризикувајќи си го животот, „една слугинка“, која не е спомната по име, им ги пренела информациите од Садок на двајца верни слуги на Давид. Тие тргнале кај Давид, но еден млад човек ги забележал и му кажал на Авесалом. Затоа побегнале и се скриле во еден бунар. Жената на сопственикот на бунарот, која исто така не е спомната по име, зела покривка и ја послала преку отворот на бунарот. А одозгора истурила столчени зрна. Кога луѓето на Авесалом дошле да ги бараат двајцата гласници, таа ги упатила во погрешен правец. Овие две храбри жени направиле сѐ што можеле за да го заштитат царот кој бил избран од Јехова! (2. Сам. 15:23-37; 17:8-22).

Слики: Две жени чие име не е познато храбро го заштитиле цар Давид. 1. Една слугинка зборува со двајца слуги на Давид. 2. Жената која ги сокрила слугите на Давид во бунарот на својот маж размислува додека двајца мажи се оддалечуваат од нејзиниот дом.

Храбрата слугинка и храбрата жена на сопственикот на бунарот

4 Навистина, тешко би било да ги наброиме сите храбри мажи и жени што се спомнати во Библијата! На некои од нив им го знаеме името, а на други не. Некои биле богати, а други сиромашни. Некои биле поистакнати, а други не толку. Но, една работа им е заедничка — храбро оделе со својот Бог! Нивниот пример може да ни помогне и нам денес.

Колку е важна молитвата

5-7. Што му помогнало на Павле да биде храбар кога се соочил со противење?

5 Како може да се угледаме на храбрите мажи и жени спомнати во Библијата? Треба да имаме на ум дека не сите од нив биле храбри по природа и дека немало да успеат да му останат верни на Јехова само со сопствена сила. Им било потребно уште нешто.

6 Размисли за апостол Павле. Тој и Сила биле нападнати од една толпа во Филипи. Потоа, градските управители им ја соблекле облеката и повеќепати ги истепале со стапови. На крајот, ги фрлиле во една темна ќелија, а нозете им ги ставиле во клада (Дела 16:12, 19-24). Откако биле ослободени, дали Павле му се препуштил на стравот? Тоа би била нормална човечка реакција. Сепак, Павле знаел дека Јехова има задача за него — да оди во Солун и да проповеда таму. Од каде собрал сила и храброст за тоа?

7 Подоцна, Павле напишал: „Откако во Филипи, како што знаете, најпрво пострадавме и бевме малтретирани, собравме смелост со помош на нашиот Бог да ви ја проповедаме Божјата добра вест со голема борба“ (1. Сол. 2:2). Павле знаел дека ќе му биде потребна храброст за да го направи она што Бог го очекува од него. Но, каде можел да најде таква храброст? Дали можеби длабоко во себе? Имал ли некоја внатрешна резерва на храброст? Не, тој собрал храброст „со помош на нашиот Бог“. Понизно го молел Јехова да му ја даде храброста што му била потребна. И, Јехова одговорил на таа молитва.

8. По примерот на Павле, што може да правиме ако ни е потребна храброст?

8 И ти можеш да го правиш она што го правел Павле. Не грижи се дали ќе можеш длабоко во себе да најдеш некоја скриена резерва на храброст и сила. Наместо тоа, сесрдно моли го Јехова да ти ја даде храброста што ти е потребна (Дела 4:29).

9. Зошто е мудро да го молиме нашиот небесен Татко да ни даде уште вера?

9 Од својот небесен Татко, можеш да бараш и вера — особина која е тесно поврзана со храброста. Верата е еден од плодовите на светиот дух (Гал. 5:22, 23). Освен тоа, таа е дел од духовната воена опрема која му е потребна на секој христијанин (Еф. 6:16). Толку е моќна што за неа Библијата вели дека „го победи светот“ (1. Јов. 5:4). Верата во Јехова е најдобриот темел за храброст. Ако си цврсто уверен дека Јехова ќе ти помага кога ќе имаш потреба од помош, ќе можеш да бидеш храбар во секоја ситуација. Затоа, сите ние имаме добра причина, исто како апостолите, постојано да го молиме Јехова: „Дај ни уште вера!“ (Лука 17:5).

„Бидете храбри“

10-11. Зошто Павле истакнал колку е важна храброста кога им пишувал на христијаните во Ерусалим и околината?

10 Кога им напишал писмо на христијаните со еврејско потекло кои живееле во Ерусалим и околината, Павле знаел дека им претстојат тешки времиња. Исус прорекол дека градот ќе биде уништен, и тоа време брзо се приближувало (Лука 19:41-44; 21:20-24). На кој начин Павле ги потсетил колку е важно да бидат храбри? Да се потсетиме на неговите зборови кои беа цитирани во воведот на оваа книга. Тој се осврнал на Јеховиното утешно ветување: „Никогаш нема да те оставам и никогаш нема да те напуштам“. Како ќе влијаело тоа ветување врз нив? Павле додал: „Затоа, исполнети со храброст, можеме да речеме: ’Јехова е мојот помошник, нема да се плашам. Што може да ми направи човек?‘“ (Евр. 13:5, 6).

11 Иако Библијата не спомнува никакви детали за уништувањето на Ерусалим во 70 год. од н.е., во едно може да бидеме сигурни: Верните христијани од тој град биле охрабрени од зборовите на Павле и, во вистинскиот момент, го послушале упатството на Исус да „бегаат во планините“ (Лука 21:20, 21).

12. а) Како може да бидеш храбар кога доживуваш тешкотии? б) Како некои покажале извонредна храброст во овие последни денови, и на што си решен ти? (Види ја рамката „Биди храбар како нив“.)

12 Јехова може и тебе да ти ја даде потребната храброст кога доживуваш тешкотии — и сега и во иднина (Езек. 38:1, 2, 10-12; Мат. 24:21). Никогаш не заборавај дека самиот Јехова ветил дека ќе нѐ штити (Езек. 38:19-23; 2. Сол. 3:3). Тој никогаш нема да ги напушти оние што го сакаат и имаат доверба во него. Она што Јехова му го кажал на Исус Навин важи и за тебе. И ти можеш да бидеш „храбар и многу силен“! (Ис. Нав. 1:7, 9, 18). А не го заборавај ни она што Исус Христос им го кажал на своите следбеници: „Бидете храбри“. Тој ветил дека Јехова ќе ти дава од својот свет дух за да имаш храброст да се соочиш со кој и да е испит на верата (Јован 14:26; 15:26, 27; 16:33). Ти навистина можеш да бидеш исполнет со храброст!

Слики: Браќа и сестри храбро се справуваат со неволји. 1. Една насмеана тинејџерка со доверба стои во училница додека држи училишна тетратка и брошурата „Дали животот е Божје дело?“ 2. Во еден бегалски камп, родители ја прегрнуваат својата ќеркичка, и сите се насмеани. 3. Еден млад брат е насмеан додека гледа низ решетките од ќелијата во која е затворен.

Без оглед на околностите, Јехова ветува дека, преку својот свет дух, ќе ни ја дава потребната храброст за да можеме да се соочиме со каков и да било испит

Биди храбар како нив

Мартин и Гертруд Пецингер

Мартин и Гертруд Пецингер.

Мартин и Гертруд Пецингер стапиле во брак и уживале во пионерската служба. Но, за жал, по само три и пол месеци биле разделени еден од друг поради нацистичкиот режим на Адолф Хитлер. Во 1936 год., Мартин бил неочекувано уапсен и однесен во концентрациониот логор во Дахау. Подоцна, и Гертруд била уапсена. Не се виделе цели девет години, и поголемиот дел од времето не знаеле дали другиот сѐ уште е жив. Меѓутоа, и двајцата биле цврсто решени да му останат верни на Јехова. Мартин бил префрлен во озлогласениот логор во Матхаузен, каде што доживеал сурово малтретирање. Гертруд добила казна од три и пол години и била ставена во самица, а потоа поминала уште четири години во концентрациониот логор во Равенсбрук. Кога војната завршила, таа дознала дека Мартин е жив. Тој и уште 100 други Сведоци сѐ уште биле во логорот во Матхаузен. Гертруд зборувала со еден воен офицер, и тој ги ослободил Мартин и другите Сведоци. Конечно, Мартин и Гертруд биле повторно заедно! Така можеле заедно да продолжат со полновремената служба. По некое време, добиле покана да служат во Бетелот во Бруклин (Њујорк), каде што Мартин станал член на Водечкото тело на Јеховините сведоци. Тој често им велел на браќата и сестрите: „Храброста е највредното нешто што можете да го имате“. И двајцата радосно и верно му служеле на Јехова сѐ до својата смрт.

„Храброста е највредното нешто што можете да го имате“ (М. Пецингер)

Валентина Гарновскаја

Валентина Гарновскаја.

Во 1945 год., Валентина, која имала 20-ина години и живеела во Белорусија, за првпат дошла во контакт со еден Јеховин сведок. Тој уште два пати дошол кај неа за да зборуваат за Библијата. Она што го дознала од тие разговори, многу ѝ се допаднало. Но, никогаш повторно не го видела тој Сведок. Бидејќи делото на Јеховините сведоци било забрането, не можела да стапи во контакт со Сведоците. Сепак, Валентина почнала храбро да зборува со другите за она што го научила. Поради тоа, била уапсена и осудена на осум години во логор. Во 1953 год., откако била ослободена, веднаш продолжила да проповеда. Затоа, повторно била уапсена и осудена — овој пат на 10 години. Во еден логор, се запознала со неколку сестри. Тие имале една забранета книга — Библијата. Еден ден, една сестра ѝ ја покажала Библијата на Валентина. Колку само била возбудена! Последен пат видела Библија кога братот ѝ сведочел пред многу години! Во 1967 год., таа била пуштена на слобода и се крстила како Јеховин сведок. Ја искористила својата слобода за ревносно да проповеда. Но, во 1969 год., повторно била уапсена и осудена на три години затвор. Сепак, Валентина продолжила да проповеда сѐ до својата смрт во 2001 год. Таа им помогнала на 44 души да ја дознаат вистината. На крајот од својот живот, Валентина рекла: „Никогаш сум немала свој дом. Сѐ што имав носев во еден куфер, но бев среќна и водев исполнет живот служејќи му на Јехова“.

„Никогаш сум немала свој дом. Сѐ што имав носев во еден куфер, но бев среќна и водев исполнет живот служејќи му на Јехова“ (В. Гарновскаја)

Алфредо Фернандес

Алфредо Фернандес.

Алфредо од Аргентина бил во доцните тинејџерски години кога бил повикан да служи војска. Откако размислил за она што го кажува Библијата во врска со политиката и војните, одбил да служи воен рок, па дури и да облече воена униформа. Поради приговор на совеста, бил ставен во затвор каде што доживеал сурово малтретирање и мачење. Дури се преправале дека го водат на погубување. Меѓутоа, тој продолжил да ја чита Библијата и да си води белешки за она што го учи. За време на судскиот процес, судијата му рекол дека, за да биде пуштен на слобода, доволно е само да се појави на суд во воена униформа. Сепак, тој решително одбил, и затоа бил вратен во затвор. Поради суровото малтретирање, тешко се разболел. Затворскиот доктор рекол дека, при нивната следна средба, очекува да го види во ковчег. Бидејќи сфатил дека наскоро ќе умре, Алфредо му напишал писмо на своето семејство. Го започнал со следниве зборови: „Драги мои, никогаш не мислев дека ќе ви напишам вакво писмо. Сепак, поради околностите, морав да го сторам тоа“. Им се заблагодарил за поддршката што му ја давале додека бил во затвор. Тој продолжил: „Неизмерно сум му благодарен на нашиот грижлив Бог, Јехова, што ме благослови со вакво семејство... Свесен сум колкава болка ќе чувствувате додека ги читате овие зборови. Единствено што барам од вас е да не дозволите болката да ве скрши, туку да се изборите со неа. Црпете утеха од неисцрпниот извор, Библијата... Никогаш не заборавајте дека смртта само привремено ќе нѐ раздели. Се надевам дека спомените за мене ќе ви помогнат да останете силни“. Алфредо поминал три години во затвор и починал во 1982 год. Имал само 21 година и му останал верен на Јехова до смрт.

„Единствено што барам од вас е да не дозволите болката да ве скрши, туку да се изборите со неа“ (А. Фернандес)

Карен Ом

Карен и Рајнер Ом.

Карен била весела и дружељубива личност и му служела на Јехова уште како млада. Таа уживала во пионерската служба. Подоцна, се омажила за Рајнер, и заедно служеле во Бетелот во САД. Но, на 50-ина години, ѝ била дијагностицирана смртоносна болест — амиотрофна латерална склероза (АЛС). Оваа болест ги напаѓа и ги убива нервните клетки, предизвикувајќи губење на контролата врз мускулите, парализа и на крај смрт. Уште од самиот почеток, Карен била решена најдобро да го искористи времето и да задржи позитивен став. Како што болеста напредувала, Карен се навикнувала на новите околности и, сѐ додека можела, голем дел од времето посветувала на лично проучување и служба на проповедање. Кога почнала да ја губи способноста да зборува, Карен научила да користи компјутер кој го следел движењето на нејзините очи, и така можела да пишува зборови на екранот. Иако тоа воопшто не ѝ било лесно, таа успевала да напише коментари за состанок и да учествува во службата преку писма. Една медицинска сестра, која била Сведок, се присетува: „Таа никогаш не прашуваше ’Зошто баш јас?‘ Само две седмици пред да почине, таа ѝ напиша писмо на една жена на која јас ѝ проповедав. Писмото го заврши со зборовите: ’Ако ти треба рамо за плачење, тука сум‘“. Една друга медицинска сестра рекла: „Таа никогаш не плачеше поради својата дијагноза. Имаше многу причини да падне во очај. Но, бидејќи имаше цврста вера во воскресение, сметаше дека тоа нема никаква логика. Знаеше дека еден ден Јехова ќе ја врати во живот и дека ќе ѝ даде совршено здравје“. Кога Карен се разболела, нејзината сестра близначка ја прашала: „Од каде ти е таа сила?“ Карен едноставно ѝ одговорила: „Јехова навистина ти дава сила кога ти треба“. И, Јехова ѝ давал сила до крајот на нејзиниот живот. Пред да почине, Карен им напишала писма со благодарност, утеха и охрабрување на членовите на семејството и пријателите, а нејзиниот сопруг подоцна им ги разделил.

„Јехова навистина ти дава сила кога ти треба“ (К. Ом)

13. Што те поттикнува да покажуваш храброст денес?

13 Замисли си го времето кога на целата Земја ќе владее мир и кога сите што се во Јеховиното сеќавање ќе воскреснат! Во тоа време, ќе може да се запознаеме со храбрите мажи и жени за кои се зборуваше во оваа книга, како и со уште многу други кои покажале храброст. Мислиш ли дека некој од нив ќе жали за тоа што одлучил да му служи на Јехова во светот на Сатана, па дури и за тоа што платил за храброста со својот живот? Се разбира дека не. А ти? Додека заедно со нив ќе помагаш Земјата да стане рај, дали ќе жалиш за тоа што храбро и од љубов си му служел на Јехова во последните денови? Во никој случај! Затоа, биди решен да покажуваш храброст до самиот крај. Во сета вечност, ќе бидеш среќен што си го правел тоа!

Браќа, сестри и деца му се радуваат на животот во рајот. Некои хранат жирафа додека други гледаат во еден каракал, прават пица, си разговараат или свират на музички инструменти.
    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели