ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. КОРИНЌАНИТЕ 11-13
„Трн во телото“
Изразите „трн“ и „трње“ честопати се користат во Библијата во симболична смисла. Тие може да укажуваат на луѓе кои се злобни и ги повредуваат другите или, пак, на нешто што создава тешкотии (4Мо 33:55; Из 22:5; Езе 28:24). Кога пишувал за својот „трн во телото“, Павле можеби мислел на лажните апостоли и на оние што го критикувале и што тврделе дека тој не е апостол. Како следниве стихови покажуваат дека трнот во телото за кој зборувал Павле можеби бил нешто друго?
Кој е твојот „трн во телото“?
Како можеш да се потпираш на Јехова за да истраеш?