Дали пророштвата во врска со Месијата докажуваат дека Исус е Месијата?
Што вели Библијата?
Да. Додека бил на Земјата, Исус исполнил голем број пророштва за „Месијанскиот Водач“ кој требало да биде „Спасител на светот“ (Даниел 9:25; 1. Јованово 4:14). Дури и по својата смрт, Исус исполнил некои пророштва за Месијата (Псалм 110:1; Дела 2:34-36).
Што значи изразот Месија?
Зборот „Месија“ кој потекнува од хебрејскиот јазик и зборот „Христос“ кој потекнува од грчкиот јазик значат „Помазаник“. Според тоа, „Исус Христос“ значи „Исус Помазаникот“ или „Исус Месијата“.
Во библиски времиња, кога некој бил поставуван на некоја посебна положба, обично му било излевано масло врз главата (3. Мојсеева 8:12; 1. Самоилова 16:13). Бог го поставил Исус за Месија, и со тоа му дал положба со голем авторитет (Дела 2:36). Меѓутоа, Бог не го помазал Исус со масло, туку со свет дух (Матеј 3:16).
Дали е можно пророштвата за Месијата да се исполниле на повеќе личности?
Не. Исто како што еден отпечаток на прст укажува само на еден човек, така и исполнувањето на библиските пророштва укажува дека има само еден Месија или Христос. Сепак, Библијата нѐ предупредува дека „ќе се појават лажни Христоси и лажни пророци и ќе прават големи знаци и чуда за да ги заведат, ако е можно, и избраните“ (Матеј 24:24).
Можно ли е Месијата допрва да се појави?
Не. Библијата прорекла дека Месијата ќе биде потомок на израелскиот цар Давид (Псалм 89:3, 4). Но, еврејските родословни записи кои воделе до Давид, денес не постојат. Тие очигледно биле уништени во 70 год. од н.е., кога Римјаните го освоиле Ерусалим.a Оттогаш, за никој не може да се докаже дека потекнува од царската лоза на Давид. Но, со оглед на тоа дека во времето на Исус постоеле родословните записи, дури ни неговите непријатели не можеле да оспорат дека тој е потомок на Давид (Матеј 22:41-46).
Колку пророштва во врска со Месијата има во Библијата?
Не е можно точно да се прецизира вкупниот број на пророштва за Месијата. Една причина за тоа е различниот начин на кој можат да се бројат пророштвата дури и во извештаи за кои јасно се гледа дека се однесуваат на Месијата. На пример, во Исаија 53:2-7 се спомнуваат неколку детали кои се однесуваат на Месијата. Некои би можеле да гледаат на овој извештај како на едно пророштво, додека други би можеле да го сметаат секој детаљ за одделно пророштво.
Некои пророштва за Месијата кои се исполниле на Исус
Пророштво |
Каде е запишано? |
Исполнување |
---|---|---|
Потомок на Авраам |
||
Потомок на Исак, синот на Авраам |
||
Ќе се роди во израелското племе Јуда |
||
Од царската лоза на Давид |
||
Ќе го роди девица |
||
Ќе се роди во Витлеем |
||
Ќе биде наречен Емануелb |
||
Скромен почеток |
||
По неговото раѓање ќе бидат убиени мали деца |
||
Повикан од Египет |
||
Ќе биде наречен Назареќанецc |
||
Пред него ќе оди гласник |
||
Ќе биде помазан како Месија во 29 год. од н.е.d |
||
Бог ќе го нарече свој Син |
||
Ќе има ревност за Божјиот дом |
||
Ќе објавува добра вест |
||
Неговата служба во Галилеја ќе биде како голема светлина |
||
Ќе прави чуда како Мојсеј |
||
Исто како Мојсеј, ќе ги објавува Божјите зборови |
||
Ќе излекува мнозина |
||
Нема да привлекува внимание на себе |
||
Ќе биде сочувствителен со угнетените |
||
Ќе покаже каква е Божјата правда |
||
Ќе биде Прекрасен Советник |
||
Ќе го објавува Јеховиното име |
||
Ќе зборува со споредби |
||
Ќе биде Водач |
||
Мнозина нема да веруваат во него |
||
Ќе биде камен за спрепнување |
||
Отфрлен од луѓето |
||
Мразен без причина |
||
Ќе влезе во Ерусалим како цар, јавајќи на магаре |
||
Ќе биде фален од деца |
||
Ќе дојде во името на Јехова |
||
Издаден од близок соработник |
||
Издаден за 30 сребренициe |
||
Пријателите ќе го напуштат |
||
Против него ќе сведочат лажни сведоци |
||
Ќе молчи пред своите обвинители |
||
Ќе биде плукан |
||
Ќе биде удиран по глава |
||
Ќе биде камшикуван |
||
Нема да им се спротивстави на оние што ќе го удираат |
||
Владетели ќе сковаат заговор против него |
||
Ќе биде прикован на столб низ рацете и нозете |
||
Ќе фрлаат ждрепка за неговата облека |
||
Вброен меѓу грешници |
||
Понижуван и навредуван |
||
Ќе страда за грешници |
||
Ќе изгледа дека Бог го оставил |
||
Ќе му дадат да пие оцет и жолчка |
||
Ќе биде жеден кратко пред да умре |
||
Ќе му го довери својот дух на Бог |
||
Ќе го даде својот живот |
||
Ќе обезбеди откупнина за да биде отстранет гревот |
||
Нема да му биде скршена ниту една коска |
||
Ќе биде прободен |
||
Ќе биде погребан со богатите |
||
Ќе воскресне |
||
Предавникот ќе биде заменет |
||
Ќе седне од десната страна на Бог |
a Во една енциклопедија пишува: „Скоро и да нема сомнеж дека записите за еврејските племиња и семејства исчезнале при уништувањето на Ерусалим, а не претходно“ (Cyclopedia на Меклинток и Стронг).
b Хебрејското име Емануел, кое значи „со нас е Бог“, соодветно ја опишува улогата на Исус како Месија. Неговиот живот на Земјата и неговите постапки биле доказ дека Бог е со своите слуги (Лука 2:27-32; 7:12-16).
c Изразот „Назареќанец“ веројатно е изведен од хебрејскиот збор нецер, кој значи „фиданка“.
d За повеќе информации во врска со тоа како Библијата прорекла дека Месијата ќе се појави во 29 год. од н.е., види ја статијата „Како пророштвото на Даниел го претскажува доаѓањето на Месијата“.
e Ова пророштво се наоѓа во книгата Захарија, но библискиот писател Матеј рекол дека било „кажано преку пророкот Еремија“ (Матеј 27:9). Се чини дека книгата Еремија понекогаш била прва по ред во групата пророчки книги кои се нарекувале „Пророците“ (Лука 24:44). Со називот „Еремија“, Матеј очигледно се осврнал на целата таа група, во која се наоѓала и книгата Захарија.