Исаија
8 Јехова ми рече: „Земи една голема табла+ и напиши на неа со перо на смртниот човек: ‚Махер-Шалал-Хаш-Баз‘.* 2 И нека ми го потврдат+ тоа веродостојни сведоци,+ свештеникот Урија+ и Захарија, синот на Еверехиј“.
3 Потоа ѝ пријдов на пророчицата, и таа забремени и роди син.+ Тогаш Јехова ми рече: „Дај му го името Махер-Шалал-Хаш-Баз, 4 зашто пред детето да научи да вика+ ‚тато‘ и ‚мамо‘, богатството на Дамаск и пленот на Самарија ќе му бидат однесени на царот на Асирија“.+
5 Јехова уште ми рече: 6 „Затоа што овој народ ги отфрли+ водите на Силоа,*+ кои течат полека, а им се радува+ на Ресин и на синот на Ремалија,+ 7 еве, Јехова ги навраќа на нив+ силните и големи води на Реката+ — царот на Асирија+ и сета негова слава.+ И тој ќе се излее од сите свои корита и ќе се прелее преку сите свои брегови 8 и ќе помине низ Јуда. Ќе го поплави и ќе помине преку него.+ До грло ќе му дојде.+ Ќе ги рашири своите крилја+ преку целата твоја земја, Емануеле!“*+
9 Само вие правете им зло, народи, но ќе бидете сотрени! Послушајте, сите вие што сте во далечни краишта на земјата!+ Опашајте се,+ но ќе бидете сотрени!+ Опашајте се, но ќе бидете сотрени! 10 Кројте планови, но ќе пропаднат!+ Речете нешто, но нема да се оствари, зашто Бог е со нас!*+ 11 Зашто, вака ми рече Јехова кога ме фати со својата силна рака за да ме предупреди да не одам по патот по кој оди овој народ: 12 „Не велете: ‚Да се придружиме кон заговорот!‘ — секојпат кога овој народ ќе рече: ‚Да сковаме заговор!‘+ Не плашете се од она од кое се плашат тие и немојте да треперите пред тоа!+ 13 Јехова над војските — само тој нека ви биде свет,+ од него плашете се+ и пред него треперете!“+
14 Тој ќе биде како свето место,+ но ќе биде како камен на кој ќе удрат и како карпа од која ќе се сопнат+ двата Израелови дома, како стапица и како замка за жителите на Ерусалим.+ 15 Мнозина од нив ќе се сопнат, ќе паднат и ќе се разбијат, ќе паднат во замка и ќе се фатат.+
16 Свиткај го свитокот на сведоштвото,+ запечати го законот меѓу моите ученици!+ 17 Ќе го чекам Јехова,+ кој го скри своето лице од домот на Јаков,+ и ќе се надевам на него.+
18 Еве, јас и децата што ми ги даде Јехова+ сме во Израел знак+ и чудо од Јехова над војските, кој живее на гората Сион.+
19 Ако ви речат: „Обратете им се на оние што повикуваат духови+ или гатаат, кои шепотат+ и мрморат“* — не треба ли народот да му се обраќа на својот Бог?+ Зарем ќе им се обраќаат на мртвите во корист на живите?+ 20 Барајте помош во законот и во сведоштвото!+
Тие навистина ќе ги кажуваат овие зборови,+ но нема да ги осветли светлината на разденувањето.+ 21 Сите ќе одат по земјата угнетени и гладни+ и, поради гладот и гневот што ќе ги чувствуваат, ќе ги проколнуваат својот цар и својот Бог,+ вперувајќи го својот поглед угоре. 22 И ќе гледаат по земјата, а ете — неволја и мрак,+ темнина, тешки времиња и мрак во кој не се наѕира светлина.+