-
Да се сфати целта на дисциплинатаСтражарска кула 2003 | 1 Октомври
-
-
Меѓутоа, Библијата ја прикажува дисциплината во поинакво светло. „Сине мој, не ги отфрлај Господовите опомени [дисциплината од Јехова, NW]“, напишал мудриот цар Соломон (Пословици 3:11). Овие зборови не се однесуваат на дисциплината воопшто туку на „дисциплината од Јехова“ што се темели на Божјите возвишени начела. Само таквата дисциплина е духовно продуктивна и корисна — дури и пожелна. Спротивно на тоа, дисциплината што се темели на човечкото размислување кое е во судир со Јеховините возвишени начела честопати е навредлива и болна. Ова објаснува зошто многумина имаат негативен став кон дисциплината.
Зошто сме поттикнати да ја прифатиме дисциплината од Јехова? Во Библијата, божествената дисциплина е опишана како израз на Божјата љубов кон неговите човечки суштества. Затоа Соломон рекол: „Зашто кого Господ го љуби, него и го изобличува [укорува, NW] како таткото синот, кого го љуби“ (Пословици 3:12).
Дисциплина или казна?
Дисциплината што е претставена во Библијата има многу аспекти — водство, упатство, воспитување, укор, исправање, па дури и казна. Меѓутоа, во секој од овие случаи, дисциплината од Јехова е мотивирана од љубов, а нејзината цел е оној што ја прима да извлече корист. Дисциплината што Јехова ја користи за исправање никогаш не е со цел само да казни.
-
-
Да се сфати целта на дисциплинатаСтражарска кула 2003 | 1 Октомври
-
-
Во која смисла овие дела на казна ‚им дале пример на безбожните луѓе за она што требало да дојде‘? Во своето писмо до Солуњаните, Павле укажува на нашето време како на време кога Бог, преку својот син, Исус Христос, ќе донесе „одмазда над оние кои не го познаваат Бог и над оние кои не се послушни на добрата вест“. Павле додава: „Тие ќе претрпат судска казна на вечно уништување“ (2. Солуњаните 1:8, 9). Очигледно, целта на ваквата казна не е да поучи или да ги прочисти оние што ја добиваат. Меѓутоа, кога Јехова ги повикува своите обожаватели да ја прифатат неговата дисциплина, тој не укажува на казната за непокајнички грешници.
Значајно е тоа што Библијата не го опишува Јехова првенствено како оној што казнува. Напротив, тој најчесто е опишан како љубезен учител и стрплив воспитувач (Јов 36:22; Псалм 71:17; Исаија 54:13). Да, божествената дисциплина што се спроведува како мерка на исправање секогаш е проследена со љубов и стрпливост. Со тоа што ќе ја сфатат целта на дисциплината, христијаните се во подобра положба да прифатат и спроведат дисциплина со исправен став.
-