Поголемата слава на Јеховиниот дом
„,Ќе се исполни овој дом со слава‘, вели Господ Саваот“ (АГЕЈ 2:7).
1. На кој начин светиот дух е поврзан со верата и делата?
ДОДЕКА проповедала од куќа до куќа, една жена Јеховин сведок сретнала една госпоѓа пентакосталка која коментирала: ‚Ние имаме свет дух, но вие сте тие кои го вршите делото‘. Тактично ѝ било објаснето дека само по себе се подразбира дека оној кој има свет дух би бил мотивиран да го врши Божјето дело. Јаков 2:17 наведува: „Верата, ако нема дела, сама по себе е мртва“. Со помошта на Јеховиниот дух, неговите Сведоци негувале силна вера, а тој го ‚исполнил својот дом со слава‘, со тоа што ги поставил да вршат праведни дела — главно ‚проповедањето на ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи‘. Кога ова дело ќе биде извршено на Јеховино задоволство, „тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).
2. а) Каков благослов ќе ни донесе нашето задлабочување во Јеховиното дело? б) Зошто треба да бидеме среќни во врска со какво и да е привидно „бавење“?
2 Од овие зборови на Исус заклучуваме дека нашето дело денес мора да се сосредоточува околу тоа на другите да им се проповеда „славната добра вест на среќниот Бог“, која ни е доверена (1. Тимотеј 1:11, НС). Колку повеќе со радост се задлабочуваме во Јеховината служба, ќе ни се чини дека толку побрзо доаѓа крајот. Во Авакум 2:2, 3 ги читаме Јеховините зборови: „Запиши го видението и одбележи го на плочи јасно, та оној, што ќе чита, да може да го прочита; зашто видението се однесува на определеното време; тоа зборува за свршетокот и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, оти ќе наиде и нема да се забави“. Да, „видението“ ќе се обистини, „па и ако забави“. Во оваа 83-та година од Исусовото владеење во Царството, некои можеби чувствуваат дека токму сега се наоѓаме во период на бавење. Но, зарем не треба да бидеме среќни што крајот уште не дошол? Во текот на оваа деценија од 1990-тите се чини дека на чудесен начин беа укинати ограничувањата врз проповедањето на добрата вест во Источна Европа, во делови од Африка и во други земји. Привидното ‚забавување‘ дава време да се соберат уште многу „овци“ од овие подрачја кои се отворија неодамна (Јован 10:16).
3. Зошто треба нашето осовременето разбирање на „оваа генерација“ да нѐ поттикне да се држиме итно за Божјето дело?
3 „Нема да се забави“ — вели пророкот. Исус рекол дека сегашната зла генерација нема да помине „додека сето тоа не се исполни“ (Матеј 24:34). Дали нашето осовременето разбирање на неговите зборови значи дека нашата проповедничка активност не е толку итна?a Фактите го покажуваат токму спротивното! Нашата современа генерација тоне во една состојба на злоба и расипаност што е без преседан во сета претходна историја. (Спореди Дела 2:40.) Треба итно да се држиме за нашето дело (2. Тимотеј 4:2, НС). Сите пророштва во врска со временскиот план за големата неволја покажуваат дека таа ќе дојде наеднаш, моментално, потајно — како крадец (1. Солунјаните 5:1—4; Откровение 3:3; 16:15). „Затоа бидете и вие готови, зашто во кој час и не мислите, ќе дојде Синот Човечки“ (Матеј 24:44). Додека оваа безбожна генерација на човештвото стои на прагот на уништување, сигурно не треба да сакаме да ја отфрлиме нашата скапоцена надеж за вечен живот, со тоа што би се вратиле „во калта“ на световните работи кои одвраќаат (2. Петрово 2:22; 3:10; Лука 21:32—36).
4. Која ситуација изискувала зголемени залихи со ‚храна навреме‘, и како била задоволена оваа потреба?
4 Верно на Исусовото пророштво, во 1914 година имало „почеток на болките“, кога човештвото навлегло во „свршетокот на светот [системот на ствари, НС]“. Жалостите, катастрофалните настани и беззаконието се множат до ден-денеска (Матеј 24:3—8, 12). Во исто време, Јехова ја овластил класата на помазаниот верен и разумен роб да обезбедува духовна ‚храна навреме‘ за домаќинството на својот Господар, Христос (Матеј 24:45—47). Од својот престол на небесата, овој Месијански Цар сега управува со една прекрасна програма на духовно хранење ширум Земјата.
Изобилна „храна“
5. Какво внимание добива основното јадење во ‚храната‘?
5 Размисли за подготвувањето на ‚храната‘ (Лука 12:42). Основното јадење на христијанското мени е Божјата Реч, Библијата. За делотворно да се поучува за Библијата, најнапред е потребен еден читлив, точен превод. Низ годините, оваа потреба беше прогресивно задоволувана, особено почнувајќи од 1950 година, кога на англиски беше издаден New World Translation of the Christian Greek Scriptures (Нов Свет превод на Христијанските грчки списи). До 1961 година, на располагање беше Нов Свет превод на целата Библија, а наскоро се појавија изданија и на други главни јазици. Трите томови издадени во текот на 1996 службена година, изнесуваа вкупно 27, од кои 14 се комплетната Библија. Со цел да ја обават оваа работа на Библијата, како и на библиските помагала, 1.174 предадени христијани сега работат полновремено на преведување во 77 земји.
6. На кој начин Друштвото го задоволила барањето за библиски публикации?
6 Поддржувајќи го делото на оваа војска од преведувачи, 24-те подружници за печатење на Watch Tower Society произведуваат публикации во уште поголем обем. За оваа цел, во главните подружници и понатаму се инсталираат додатни високобрзински ротациони преси. Производството на списанијата Стражарска кула и Разбудете се! растеше од месец во месец, достигнувајќи вкупен збир од 943.892.500 примероци, што е 13,4 отсто пораст во однос на минатата година. Вкупното производство на Библии и тврдо подврзани книги само во Бразил, Германија, Италија, Јапонија, Кореја, Мексико, Соединетите Држави и во Финска, порасна за 40 отсто од 1995 година на 76.760.098 примероци во 1996 година. Другите подружници исто така дадоа значителен придонес во севкупниот пораст на производството на литература.
7. На кој начин Исаија 54:2 сега добива поголема итност?
7 Голем дел од порастот стана неопходен во текот на 1990-тите со укинувањето на ограничувањата врз Јеховините сведоци во Источна Европа и во Африка. Во овие места, гладот за духовна храна е огромен. Затоа, со уште поголема итност одекнува повикот: „Рашири го местото на шаторот свој; покривите твои на живеалиштето твое прошири ги [не се воздржувај, НС] продолжи ги јажињата свои и зацврсти ги колците свои“ (Исаија 54:2).
8. Кој дарежлив одѕив помага да се обезбеди финансиска поддршка?
8 На тој начин, беше неопходно да се прошират просториите во многу од 104-те подружници на Друштвото. Поради суровите економски услови во повеќето новоотворени подрачја, еден голем дел од трошоците за ова проширување се покриваат со прилозите за делото ширум светот од поимашните земји. За среќа, собранијата и поединците се оѕвиваа сесрдно, во духот на 2. Мојсеева 35:21: „И секој, кој принесе што му срце сакаше срцето го влечеше и душата го поттикнуваше, доаѓаше, носејќи принос на Господа — учество за градење“. Ја користиме оваа прилика да им благодариме на сите оние кои учествуваа во ова дарежливо давање (2. Коринтјаните 9:11).
9. На кој начин денес се исполнуваат стиховите од Римјаните 10:13, 18?
9 Во текот на 1996 година, публикациите на Watch Tower Society навистина го прославија Јеховиното име и намери до краиштата на Земјата. Токму така претскажал апостол Павле. Цитирајќи го Јоиловото пророштво и 18. Псалм, тој напишал: „Секој, кој го призове името Господово, ќе се спаси. Но велам: зар тие не чуја? Напротив, ‚Гласот им се разнесе по целата земја, и зборовите нивни — до краиштата на вселената‘“ (Римјаните 10:13, 18). Величајќи го на тој начин скапоценото име Јехова, неговиот народ одигра значајна улога во тоа неговиот дом на обожавање да се исполни со слава. Сепак, како напредуваше ова објавување особено во текот на 1996 година? Молиме, испитај ја табелата што следи на страници 18 до 21.
Жнеење ширум светот
10. Кои истакнати одлики ги забележуваш во активноста на Јеховиниот народ, како што е сумирано во табелата на страници 18 до 21?
10 Исусовите зборови што се наоѓаат во Лука 10:2 никогаш немале поголема силина: „Жетвата е голема, а работници се малку; затоа молете Го Господарот од жетвата да испрати работници на жетвата Своја“. Дали ти се оѕвиваш на тој повик? Милиони ширум светот се оѕвиваат. Тоа е потврдено со новиот највисок број од 5.413.769 објавители на Царството кои известуваа служба на подрачјето во текот на 1996 година. Понатаму, се крстија 366.579 нови браќа и сестри. Колку само ги цениме овие ‚пожелни работи од сите нации‘ кои сега учествуваат во ‚полнењето на Јеховиниот дом со слава‘! (Агеј 2:7, НС).
11. Зошто сите ние имаме причина да бидеме пресреќни?
11 Извештаите за проширување на новоотворените полиња не се ни помалку ни повеќе, туку феноменални. Дали останатите од нас им завидуваат на оние кои се радуваат на таков раст? Напротив, ние се радуваме со нив. Сите земји имале мали почетоци. Агејовиот современ пророк Захарија напишал: „Кој го презрел денот на малите работи?“ (Захарија 4:10, НС). Пресреќни сме што во земјите каде што делото на сведочење е добро утврдено, сега има милиони објавители на Царството и подрачјето често се обработува, а во многу од големите градови дури и секоја седмица. Дали имаме причина да ни омлитават рацете додека Јехова сега ја шири приликата за спасение до подрачја кои порано беа во неповолна положба? Никако! „Нивата е овој свет“ — рекол Исус (Матеј 13:38). Мора да се продолжи да се дава темелно сведоштво, исто како што раните ученици дале темелно сведоштво на завршетокот од еврејскиот систем на ствари (Дела 2:40; 10:42; 20:24; 28:23, сите НС).
Одење сѐ понапред
12. Каков потстрек имаме да одиме „право напред“? (Види ја и рамката „Жнеење ‚од краиштата земни‘ “.)
12 Да, мораме да држиме чекор, одејќи „право напред“ со Јеховината ангелска небесна кола (Језекиил 1:12, НС). Ги имаме на ум зборовите на Петар: „Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание“ (2. Петрово 3:9). Нека нѐ поттикне примерната ревност на нашите браќа во економски сиромашните земји. Секое привидно одолговлекување во избувнувањето на Армагедон им дозволува на стотици илјади да бидат собрани во овие земји, како и мнозина во добро обработените подрачја. Немој да направиш грешка околу тоа: „Близу е денот велик на Господа, близу е — и многу брза“ (Софонија 1:14). И ние од наша страна треба да брзаме во давањето темелно конечно сведоштво!
13, 14. а) Што може да се рече за дистрибуирањето публикации во текот на 1996 година? б) Какви посебни планови можат да прават собранијата секоја година, и како планирате вие да имате удел во тоа?
13 Иако на табелата за служба не се појавуваат деталите, во текот на минатата година имаше забележителен пораст во дистрибуирањето на Библии, книги и списанија. На пример, давањето списанија ширум светот покажа 19-процентен пораст, така што беа дадени вкупно 543.667.923 примероци. Нашите списанија се погодни за разновидно проповедање — на улиците, во парковите, на автобуските постојки, во деловните подрачја. Извештаите покажуваат дека во некои подрачја кои се заситени со проповедање на Царството, професионалните луѓе се импресионирани од квалитетот на нашите списанија и прифаќаат библиски студии.
14 Секоја година во текот на месец април, собранијата обично организираат специјална активност со списанија, правејќи целодневна кампања од куќа до куќа и на јавни места. Дали вашето собрание ќе учествува во ова во текот на април 1997 година? Подготвени се извонредни изданија на Стражарска кула и Разбудете се! за април, а нивната симултана презентација ширум светот сигурно ќе остави свој белег! Користејќи го слоганот „Достигни го секој можен со пораката на Царството“, собранијата на островот Кипар продолжуваа дури и секој месец со таквата планирана работа со списанија, достигнувајќи нов највисок број од 275.359 списанија дадени во годината, а тоа е 54-процентен пораст.
Агејовите конечни пораки
15. а) Зошто Јехова испраќал натамошни пораки преку Агеј? б) Каква поука треба да ни соопшти Агејовата трета порака?
15 По 63 дена откако била соопштена неговата втора порака, Јехова го испратил Агеј со трета објава што можеме денес да ја земеме при срце. Агеј зборувал небаре Евреите тогаш да го поставувале темелот на храмот, кој всушност го поставиле 17 години пред тоа. Уште еднаш, Јехова нашол за погодно да спроведе едно чистење. Свештениците и луѓето станале немарни и така биле нечисти во Јеховини очи. Дали тоа би можело да значи дека на некои од Јеховиниот денешен народ им малаксале рацете, па дури и се впуштиле во световните попустливи и материјалистички патишта? Итно е сите ние „од овој ден па натаму“ да ги насочиме своите срца кон тоа да му донесуваме слава на Јеховиното име, уверени во неговото ветување: „Од денес Јас ги благословувам“ (Агеј 2:10—19; Евреите 6:11, 12).
16. Кое ‚затресување‘ е близу, и кој ќе биде резултатот?
16 Истиот тој ден, речта на „Јехова над војските“ му дошла на Агеј по четврти и последен пат. Тој објавил што е вклучено во Неговото ‚затресување на небото и земјата‘, велејќи: „Ќе урнам престоли на царства незнабожечки, ќе превртам бојни коли и оние што ќе седат во нив, и кутнати ќе бидат и коњите и коњаниците нивни ќе паднат, еден од мечот на другиот“ (Агеј 2:6, 21, 22). На тој начин, ‚затресувањето‘ ќе достигне своја кулминација кога Јехова потполно ќе ја исчисти Земјата во Армагедон. „Дотогаш, пожелните работи од сите нации“ ќе бидат влезени за да го оформат јадрото на човечкото општество за новиот свет. Какви само причини за радување и за давање фалба на Јехова! (Агеј 2:7, НС; Откровение 19:6, 7; 21:1—4).
17. На кој начин Исус бил ставен како „печатен прстен“?
17 Завршувајќи го своето пророштво, Агеј пишува: „Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе те земам, Зоровавеле . . . и ќе те држам како печат [печатен прстен, НС], бидејќи те избрав“ (Агеј 2:23). Христос Исус сега е современиот Месијански Цар и Првосвештеник, комбинирајќи ги на небесата службите што во земниот Ерусалим одделно ги заземале управителот Зоровавел и првосвештеникот Исус. Како некој службен печатен прстен на Јеховината десна рака, Исус е оној кој станал „да“ како Јеховино средство во остварувањето на многуте ‚Божји ветувања‘ (2. Коринтјаните 1:20; Ефесјаните 3:10, 11; Откровение 19:10, НС). Целата пророчка порака на Библијата се сосредоточува на Јеховиното подготвување на Христос како Цар и свештенички Откупител (Јован 18:37; 1. Петрово 1:18, 19).
18. На кој начин завршната „изјава на Јехова над војските“ ќе има освежувачко исполнување?
18 Навистина, во нашево време, најголемата слава може да се најде во Јеховиниот сјаен духовен храм! А наскоро, откако Јехова ќе го избрише сиот Сатанов систем, Агеј 2:9 (НС) ќе има натамошно прекрасно исполнување: „,На ова место ќе дадам мир‘, е изјавата на Јехова над војските“. Конечно мир! Траен, универзален мир, гарантиран со Јеховиниот „печатен прстен“, Христос Исус, ‚Кнезот на мирот‘, за кого е напишано: „Неговата власт и мирот бескраен ќе растат . . . Тоа ќе го направи ревноста на Господа Саваота“ (Исаија 9:6, 7). Во сета вечност, славата на Јеховиниот дом на обожавање ќе се одразува низ сето мирољубиво подрачје на неговата универзална сувереност. Да останеме засекогаш во тој дом! (Псалм 26:4; 64:4; 83:10).
[Фуснота]
a Види ги статиите „Спасени од една ‚пакосна генерација‘“ и „Време за будност“ во Стражарска кула од 1 ноември 1995 година.
Можеш ли да објасниш?
◻ На кој начин Јеховиниот дом денес се ‚исполнува со слава‘?
◻ Зошто никогаш не било поитно да се проповеда добрата вест?
◻ Каков потстрек да се проповеда итно дава Извештајот за службената 1996 година?
◻ На кој начин Христос служи како Јеховин „печатен прстен?“
[Рамка на страница 15]
Жнеење „од краиштата земни“
ВО Исаија 43:6 ја читаме Јеховината заповед: „Не задржувај; доведи ги синовите Мои оддалеку и ќерките Мои — од краиштата земни“. Овој стих денес има исклучително исполнување во Источна Европа. Земи ја како пример поранешната комунистичка земја Молдова. Таму има села каде што половината од населението сега се Сведоци. Тие мораат да патуваат долги растојанија за да најдат подрачје за проповедање, но сепак го прават тој напор! Многу објавители во овие собранија се потомци на родители кои во почетокот на 1950-тите биле протерани во Сибир. Сега нивните семејства предводат во делото на жетвата. Од 12.565 објавители, 1.917 беа крстени минатата година. Четириесет и три од собранијата имаат по 150-тина објавители, а во новата службена година покраините пораснаа од четири на осум.
Значајна е и експанзијата во Албанија. Таму, еден грст лојални Сведоци ја поднесоа најсвирепата диктатура во текот на 50-тина години. Еден број од нив беа убиени. Тоа потсетува на Исусовото ветување: „Не бој се воопшто од она, што ќе има да претргаш. Ете, ѓаволот некои од вас ќе фрли в затвор, за да ве искуша . . . Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот“ (Откровение 2:10; види и Јован 5:28, 29; 11:24, 25). Што гледаме сега во Албанија? Навистина, едно впечатливо исполнување на Јеховиното ветување што се наоѓа во Исаија 60:22: „Од мал народ ќе се намножат илјади“! Во 1990 година, само еден објавител имаше известено служба во Албанија. Меѓутоа, на Исусовиот повик: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги“, се оѕваа повеќе „работници“ од Италија и од други земји (Матеј 28:19; Лука 10:2). До Споменот на Исусовата смрт во 1996 година, 773 објавители беа активни на подрачјето, а овие собраа 6.523 лица на своите состаноци по повод Споменот — осумпати повеќе од бројот на објавителите! Зачудувачка присутност беше известена од изолираните подрачја. Иако таму немаше локални објавители, градовите Кукеш и Дивјаке имаа присутност од 192, односно 230 лица. Круја, со само еден објавител, имаше 212 присутни. Во Корча, 30-темина објавители најмија простории дури за повеќе од 300 лица. Откако тој број го наполни гледалиштето, уште 200 мораа да бидат вратени, затоа што повеќе немаше место. Навистина, поле зрело за жетва!
Од Романија доаѓа следниов извештај: „Додека го вршевме делото од куќа до куќа, сретнавме едно лице кое рече дека е Јеховин сведок и дека живее во едно гратче во кое, според наше сознание, немаше Сведоци. Ни рече дека, освен него, таму имало уште 15 други лица кои многу години одржувале состаноци во четвртоците и во неделите и дека почнале да проповедаат од куќа до куќа. Следниот ден отидовме во тој град. Во две соби нѐ чекаа 15 мажи, жени и деца, кои зедоа 20 книги и 20 најнови списанија. Им покажавме како се водат библиски студии. Пеевме заедно и одговоривме на нивните најитни прашања. Оној кој го преземаше водството во групата, призна: ‚Пред неколку дена, со солзи го молев Јехова да ни испрати некој пастир, и мојата молитва е одговорена‘. Бевме крајно среќни и, по нашето заминување, како некое сираче кое најпосле нашло татко, тој рече: ‚Ве молам, не заборавајте нѐ. Дојдете да нѐ видите пак!‘ Тоа и го сторивме, и сега во тој град се водат седум библиски студии. Во многу недопрени подрачја делото започнува на еден прекрасен начин со библиска литература, која многу е ценета, а тоа покажува дека делото има божествено потекло“.
[Табела на страници 18-21]
ИЗВЕШТАЈ НА ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ ЗА 1996 СЛУЖБЕНА ГОДИНА
(Види во публикацијата)
[Слики на страници 16 и 17]
„Пожелните работи од сите нации“ се собираат на морските острови (1), во Јужна Америка (2), Африка (3), Азија (4), Северна Америка (5) и во Европа (6)