Се сеќаваш ли?
Дали внимателно си размислувал за поновите изданија на Стражарска кула? Може да ти биде интересно да се сетиш на следново:
◻ Како некој ‚доаѓа кај Исус‘ во склад со неговата покана во Матеј 11:28?
Исус рекол: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене“ (Матеј 16:24). Според тоа, да дојдеме кај Исус подразбира да ја потчиниме својата волја на волјата на Бог и на Христос, прифаќајќи извесен товар на одговорност и правејќи го тоа постојано (15.8., страница 17).
◻ Зошто само „малцина“ го наоѓаат „тесниот пат што води кон живот“, споменат од Исус во Матеј 7:13, 14?
Тесниот пат е ограничен со Божјите закони и мерила. Затоа, тој ќе го привлече само оној кој искрено копнее да го прилагоди својот живот според Божјите мерила. Иако изгледа рестриктивен, „тесниот пат“ го ослободува лицето во секој важен поглед. Неговите граници се поставени со „совршениот Закон на слободата“ (Јаков 1:25) (1.9., страница 5).
◻ Како може да се негува способност за разликување?
Способноста за разликување не доаѓа лесно или сама по себе. Но, со стрпливост, молитва, сериозен напор, мудро друштво, проучување на Библијата и медитирање за неа, како и со ослонување на Јеховиниот свет дух, таа сепак може да се негува (1.9., страница 21).
◻ Како може човечката љубомора да биде сила на добро?
Таа може да го поттикне лицето да заштити некој свој сакан од лоши влијанија. Освен тоа, луѓето можат да покажуваат исправна љубомора за Јехова и за неговото обожавање (3. Царства 19:10; 15.9., страници 8—9).
◻ Што е мислено со Јосифовите внуци во изразот од 1. Мојсеева 50:23: „Се родија на колената Јосифови“?
Тоа едноставно би можело да значи дека Јосиф ги признавал децата како свои потомци. Исто така, би можело да покажува дека тој со наклоност си играл со децата, нишајќи ги на своите колена. Татковците денес постапуваат исправно ако изразуваат слична наклоност кон своите деца (15.9., страници 20—21).
◻ Што е животоважно за еден успешен брачен и семеен живот?
За да се постигнат такви пожелни резултати, брачните партнери мораат секогаш да ја ставаат Божјата волја на прво место. Правејќи така, брачните партнери се трудат да останат заедно и да ги решат своите проблеми со применување на советот од Божјата Реч. На тој начин ги избегнуваат сите видови на болки во срцето, кои произлегуваат од тоа кога се занемарува Божјата волја (Псалм 18:7-11; 1.10., страница 11).
◻ Колку денес е битно божественото чувство за итност?
Божественото чувство за итност е еден составен дел од службата за Јехова со цела душа. Таа ги одбива и ги спречува Ѓаволовите обиди да предизвика на Божјите слуги да ‚им дотегне и да опаднат во духот‘ (Евреите 12:3). Таа ги штити Божјите слуги од непотребно мешање во светот и во неговиот материјализам, задржувајќи ги нивните мисли на горните работи — на ‚вечниот [вистинскиот, НС] живот‘ (1. Тимотеј 6:19; 1.10., страница 28).
◻ Во параболата за овците и јарците, кога Исус седнува на својот престол и зошто? (Матеј 25:31-33).
Параболата не покажува дека тој седнува во смисла дека станува Цар. Напротив, тој седнува како Судија. Тоа судење не е нешто што се протега низ некој период од многу години. Наместо тоа, параболата укажува на иднината кога Исус во едно ограничено време ќе ја објави и ќе ја изврши пресудата над народите (15.10., страници 22—23).
◻ Што претставува ‚генерацијата‘ на која Исус толку често се осврнувал?
Исус го применил изразот ‚оваа генерација‘ на современите маси со нивните „слепи водачи“ кои ја сочинувале еврејската нација (Матеј 11:16; 15:14; 24:34; 1.11., страница 14).
◻ На што се однесува изразот ‚оваа генерација‘ во конечното исполнување на Исусовото пророштво од Матеј 24:34-39?
Исус очигледно се осврнува на луѓето на Земјата кои го гледаат знакот на Христовата присутност, но не ги менуваат своите патишта (1.11., страници 19, 31).
◻ На кој начин подготовката за градови прибежишта и нивните ограничувања им користеле на луѓето во древниот Израел?
Таа на Израелците им врежувала во мислите дека не треба да бидат немарни или рамнодушни спрема човечкиот живот. Исто така, ја нагласувала потребата да покажуваат милост кога тоа е оправдано (Јаков 2:13; 15.11., страница 14).
◻ Што претставува претсликата на градот прибежиште?
Тоа е Божја подготовка која нѐ заштитува од смрт поради прекршување на неговата заповед во врска со светоста на крвта (1. Мојсеева 9:6; 15.11., страница 17).
◻ Како може христијанското братство да ни помогне да ни се ‚обнови силата‘? (Исаија 40:31).
Меѓу нашите христијански браќа и сестри има некои кои можеби се соочуваат со слични притисоци и искушенија и кои можеби доживуваат чувства многу слични на нашите (1. Петрово 5:9). Смирувачки е и зајакнувачки за верата да се знае дека она низ што поминуваме ние не е невообичаено и дека нашите чувства не се необични (1.12., страници 15—16).