ЛЕКЦИЈА 58
Остани му верен на Јехова
Вистинските христијани се решени да не дозволат никој и ништо да ги спречи да му служат на Јехова. Без сомнение, и ти се чувствуваш така. Јехова многу ја цени твојата верност. (Прочитај 1. Летописи 28:9.) Кои ситуации можат да ја стават на испит твојата верност кон Јехова и што може да ти помогне да му останеш верен?
1. Како другите би можеле да ја стават на испит нашата верност кон Јехова?
Некои луѓе ќе се обидат да нѐ спречат да му служиме на Јехова. Такво нешто би можеле да се обидат да направат отпадниците. Тоа се некои кои престанале да му служат на Јехова и кажуваат лаги за неговата организација бидејќи сакаат да ни ја срушат верата. Освен тоа, некои верски водачи шират лаги за нас со цел да ги наведат оние што не се доволно внимателни да престанат да му служат на Јехова. Би било опасно да дискутираме со таквите лица што се противат на вистината, да ги читаме нивните книги или она што го пишуваат на интернет, да ги посетуваме нивните интернет-страници или да ги гледаме нивните видеоклипови. Во врска со оние што се обидуваат да ги наведат другите да престанат верно да му служат на Јехова, Исус рекол: „Оставете ги. Тие се слепи водачи. А кога слепец води слепец, обајцата ќе паднат во јама“ (Матеј 15:14).
2. Како од нашите одлуки може да се види дали сме му верни на Јехова?
Љубовта кон Јехова ќе нѐ поттикне да немаме ништо заедничко со лажните религии. Затоа внимаваме нашата работа да не биде поврзана со нив, не припаѓаме на организации кои се поврзани со нив и не правиме што и да е друго што има некаква врска со таквите религии. Јехова ни вели: „Излезете од [Големиот Вавилон], народе мој“ (Откровение 18:2, 4).
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе дознаеш како можеш да му останеш верен на Јехова ако некој се обидува да те поколеба во тоа, а ќе видиш и зошто е многу важно да излезеш од Големиот Вавилон.
3. Чувај се од оние што шират лажни учења
Како треба да реагираме ако слушнеме негативни работи за Јеховината организација? Прочитај Изреки 14:15, а потоа разговарајте за ова прашање:
Зошто не треба да веруваме во сѐ што ќе слушнеме?
Прочитај 2. Јованово 9-11, а потоа разговарајте за овие прашања:
Како треба да се однесуваме со отпадниците?
Дури и ако не сме во директен контакт со отпадници, како би можеле да се изложиме на нивните учења?
Што мислиш, како ќе се чувствува Јехова ако слушаме негативни работи за него или за неговата организација?
4. Остани му верен на Бог ако некој соверник направи грев
Како треба да постапиме ако дознаеме дека некој од собранието направил сериозен грев? Да разгледаме едно начело од Законот што Бог им го дал на древните Израелци. Прочитај 3. Мојсеева 5:1.
Според ова начело, ако дознаеме дека некој направил сериозен грев, треба да им кажеме на старешините за тоа. Но, би било добро најпрво да го поттикнеме самиот да им го признае својот грев на старешините. Ако не го направи тоа, тогаш верноста кон Јехова треба да нѐ поттикне ние да зборуваме со нив. Како со тоа ќе покажеме верност и љубов кон...
Јехова Бог?
лицето кое направило грев?
другите во собранието?
5. Немој да имаш ништо со Големиот Вавилон
Прочитај Лука 4:8 и Откровение 18:4, 5, а потоа прочитај ги овие прашања и одговори на нив:
Дали сѐ уште сум член на некоја лажна религија?
Дали сум член на некоја организација која е поврзана со лажните религии?
Дали со мојата работа на некој начин поддржувам некоја лажна религија?
Дали на некое друго подрачје од животот сум поврзан со лажните религии?
Ако одговорив потврдно на некое од овие прашања, какви промени треба да направам?
Какви одлуки и да донесеш, труди се да зачуваш чиста совест и да покажеш дека си му верен на Јехова.
НЕКОИ ВЕЛАТ: „Ќе можам полесно да ја одбранам вистината ако знам што зборуваат отпадниците за Јеховините сведоци“.
Дали таквото размислување е мудро? Зошто мислиш така?
ШТО НАУЧИ:
За да му останеме верни на Јехова, не треба да се дружиме со оние што се обидуваат да нѐ измамат.
Како би одговорил?
Зошто не треба да слушаме отпаднички ставови и гледишта?
Како треба постапиме ако дознаеме дека некој брат направил сериозен грев?
Како може да покажеме дека немаме ништо со Големиот Вавилон?
ИСТРАЖУВАЈ
Прочитај како би можел да постапиш доколку некој шири лаги за Јеховините сведоци.
Како можеш да препознаеш дали зад некоја организација или активност стои Големиот Вавилон?
Како некои противници се обидуваат да ни ја поткопаат верата?
Во животната приказна со наслов „Го барав Бог уште од детството“ прочитај како еден шинтоистички свештеник ја напуштил религијата на која ѝ припаѓал.