ЛЕКЦИЈА 32
Божјето Царство веќе владее!
Божјето Царство било воспоставено на небото во 1914 год. Тогаш започнале и последните денови од човечкото владеење. Од каде го знаеме тоа? Да разгледаме некои библиски пророштва и да видиме каква е состојбата во светот и какви особини покажуваат луѓето од 1914 год. па наваму.
1. Што прорекла Библијата?
Во библиската книга Даниел било проречено дека Божјето Царство ќе започне да владее на крајот од еден период кој се нарекува „седум времиња“ (Даниел 4:16, 17). Со векови подоцна, Исус го нарекол тој период „одредените времиња на незнабошците“, и од она што го кажал се гледа дека овој период во негово време сѐ уште траел (Лука 21:24). Како што ќе видиме, седумте времиња завршиле во 1914 год.
2. Каква е состојбата во светот и какви се луѓето од 1914 год. па наваму?
Во една прилика, учениците го прашале Исус: „Кој ќе биде знакот на твојата присутност и на свршетокот на овој поредок?“ (Матеј 24:3). Одговарајќи им на тоа прашање, тој кажал кои работи ќе се случуваат откако ќе почне да владее како Цар на Божјето Царство. Меѓу другото, Исус прорекол дека ќе има војни, глад и земјотреси. (Прочитај Матеј 24:7.) Исто така, Библијата прорекла дека, поради лошите особини на луѓето, „во последните денови ќе настанат особено тешки времиња“ (2. Тимотеј 3:1-5). Сето ова е особено видливо од 1914 год.
3. Зошто состојбата во светот толку многу се влошила откако било воспоставено Божјето Царство?
Кратко откако станал Цар на Божјето Царство, Исус започнал војна на небото против Сатана и демоните. Сатана бил поразен. Библијата вели дека тој бил „исфрлен на Земјата“ и дека со него биле „исфрлени и неговите ангели“ (Откровение 12:9, 10, 12). Сатана е многу гневен бидејќи знае дека ќе биде уништен. Затоа им нанесува болка и страдање на луѓето по целата Земја. Тоа ни помага да сфатиме зошто состојбата во светот е толку лоша. Но, Божјето Царство ќе ги реши сите тие проблеми.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе дознаеш зошто сме сигурни дека Царството било воспоставено во 1914 год. и на што треба да нѐ поттикне тоа.
4. Библиските пророштва укажуваат на 1914 год.
Вавилонскиот цар Навуходоносор сонил сон во кој Бог му покажал што ќе се случи во иднина. На темел на она што го сонувал и на толкувањето што го дал Даниел, може да се заклучи дека тој сон се однесува и на владеењето на Навуходоносор и на Божјето Царство. (Прочитај Даниел 4:17.)a
Прочитај Даниел 4:20-26. Потоа, на темел на она што стои во рамките, разговарајте за следниве прашања:
1) Што видел Навуходоносор во својот сон? (Види ги стиховите 20 и 21.)
2) Што ќе се случело со дрвото? (Види го стих 23.)
3) Што ќе се случело на крајот од седумте времиња? (Види го стих 26.)
Како сонот за дрвото е поврзан со Божјето Царство
ПРОРОШТВО (Даниел 4:20-36)
Владеење
1) Огромно дрво
Прекин на владеењето
2) „Пресечете го дрвото“, и нека поминат „седум времиња“
Обнова на владеењето
3) „Твоето царство повторно ќе ти припадне тебе“
Прво исполнување:
4) Кого го претставува дрвото? (Види го стих 22.)
5) Како било прекинато неговото владеење? (Прочитај Даниел 4:29-33.)
6) Што се случило со Навуходоносор на крајот од седумте времиња? (Прочитај Даниел 4:34-36.)
ПРВО ИСПОЛНУВАЊЕ
Владеење
4) Навуходоносор, цар на Вавилон
Прекин на владеењето
5) По 606 пр.н.е., Навуходоносор го изгубил разумот и не бил способен да владее седум години
Обнова на владеењето
6) На Навуходоносор му се вратил разумот и почнал повторно да владее
Второ исполнување:
7) Кого го претставува дрвото? (Прочитај 1. Летописи 29:23.)
8) Како било прекинато нивното владеење? Од каде знаеме дека тој прекин сѐ уште траел кога Исус бил на Земјата? (Прочитај Лука 21:24.)
9) Кога и каде било обновено ова владеење?
ВТОРО ИСПОЛНУВАЊЕ
Владеење
7) Израелските цареви кои го застапувале Божјето владеење
Прекин на владеењето
8) Ерусалим бил уништен, а владеењето на израелските цареви било прекинато во период од 2.520 години
Обнова на владеењето
9) Исус почнал да владее на небото како Цар на Божјето Царство
Колку долго траат седумте времиња?
Некои делови од Библијата ни помагаат да разбереме други делови. На пример, од библиската книга Откровение дознаваме дека три и пол времиња изнесуваат 1.260 дена (Откровение 12:6, 14). Седум времиња се двапати по три и пол времиња, што е вкупно 2.520 дена. Понекогаш во Библијата еден ден претставува една година (Езекиел 4:6). Ова е случај и со седумте времиња спомнати во книгата Даниел — тие изнесуваат 2.520 години.
5. Од 1914 год. светот повеќе не е ист
Исус прорекол што ќе се случува во светот откако тој ќе стане Цар. Прочитај Лука 21:9-11, а потоа разговарајте за ова прашање:
Кои од овие работи лично си ги доживеал или си слушнал за нив?
Апостол Павле опишал какви ќе бидат луѓето во последните денови од човечкото владеење. Прочитај 2. Тимотеј 3:1-5, а потоа разговарајте за ова прашање:
Кои од овие особини ги забележуваш кај луѓето денес?
6. На што треба да нѐ поттикне тоа што Божјето Царство владее?
Прочитај Матеј 24:3, 14, а потоа разговарајте за овие прашања:
Кое важно дело покажува дека Божјето Царство веќе владее?
Како можеш да учествуваш во ова дело?
Божјето Царство веќе е воспоставено на небото и близу е денот кога ќе почне да владее над целата Земја. Прочитај Евреите 10:24, 25, а потоа разговарајте за ова прашање:
Што треба да прави секој од нас имајќи на ум дека „се приближува денот“?
АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Зошто Јеховините сведоци велат дека 1914 е многу важна година?“
Што би му одговорил?
ШТО НАУЧИ:
Библиските пророштва и состојбата во светот се доказ дека Божјето Царство веќе владее. Покажуваме дека сме уверени во тоа така што ја проповедаме добрата вест за Царството и присуствуваме на собраниските состаноци.
Како би одговорил?
Што се случило на крајот од седумте времиња проречени во библиската книга Даниел?
Што те уверува дека Божјето Царство било воспоставено во 1914 год.?
Како можеш да покажеш дека си уверен дека Царството веќе владее?
ИСТРАЖУВАЈ
Прочитај што рекле некои историчари и други луѓе за тоа колку се променил светот од 1914 год. па наваму.
„Време на драстичен пад на моралот“ (Разбудете се! од април 2007)
Прочитај како пророштвото од Матеј 24:14 влијаело врз животот на еден човек.
Од каде знаеме дека пророштвото запишано во Даниел поглавје 4 е поврзано со Божјето Царство?
„Кога почнало да владее Божјето Царство? (прв дел)“ (Стражарска кула од 1 октомври 2014)
Што покажува дека седумте времиња спомнати во Даниел поглавје 4 завршиле во 1914 год.?
„Кога почнало да владее Божјето Царство? (втор дел)“ (Стражарска кула од 1 ноември 2014)
a Види ги последните две статии кои се наоѓаат во делот Истражувај во оваа лекција.