-
Борба за добрата вест во СолунСтражарска кула 2012 | 1 Јуни
-
-
Кога за првпат доаѓал во некој град, Павле обично најнапред разговарал со Евреите, бидејќи тоа што биле запознаени со Светите списи било добар темел за разговор и можело да им помогне да ја разберат добрата вест. Еден изучувач смета дека овој обичај на Павле веројатно бил израз на грижа за неговите сонародници или, пак, обид преку Евреите и оние што се плашеле од Бог да дојде до не-Евреите (Дела 17:2-4).
Затоа, кога ја почнал својата служба во Солун, Павле прво влегол во синагогата, каде што ‚расправал со Евреите на темел на Писмата, објаснувајќи и докажувајќи со она што е напишано дека Христос требало да страда и да стане од мртвите. И велел: „Овој Исус, кого јас ви го објавувам — тој е Христос“‘ (Дела 17:2, 3, 10).
Она за што зборувал Павле во врска со тоа кој бил Месијата и каква улога имал, било тема на постојани препирки. Замислата за Месија кој страдал била спротивна на претставата што ја имале Евреите — дека Месијата ќе ги ослободи од канџите на Рим. За да ги увери Евреите, Павле ‚расправал‘, ‚објаснувал‘ и ‚докажувал со она што било напишано‘ во Светите списи. Тоа се обележја на еден добар учител.a Но, како реагирале оние што го слушале богатството од информации што им ги изнел?
-
-
Борба за добрата вест во СолунСтражарска кула 2012 | 1 Јуни
-
-
a Можно е Павле да се осврнал на зборовите од Псалм 22:7; 69:21; Исаија 50:6; 53:2-7 и Даниел 9:26.
-