ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Зошто има зло и страдања во светот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • Лекција 26. Загрижени родители седат покрај својот син кој лежи во болнички кревет откако доживеал некоја трагедија.

      ЛЕКЦИЈА 26

      Зошто има зло и страдања во светот?

      Кога ќе се случи некоја трагедија, нормално е да се прашаме зошто се случуваат такви работи. Многу сме среќни што Библијата дава јасен одговор на тоа прашање.

      1. Зошто почнале да се случуваат лоши работи во светот?

      Сатана Ѓаволот се побунил против Бог. Бидејќи сакал да владее над други, тој ги навел Адам и Ева да му се придружат во побуната. Сатана успеал да го направи тоа така што ѝ кажал на Ева една лага (1. Мојсеева 3:1-5). Тој ја навел да помисли дека Јехова ѝ ускратува нешто добро и дека луѓето ќе бидат посреќни ако не го слушаат Бог. Сатана ја кажал првата лага кога ѝ рекол дека таа нема да умре. Затоа, Библијата го нарекува Сатана „лажливец и татко на лагата“ (Јован 8:44).

      2. Каква одлука донеле Адам и Ева?

      Јехова бил многу великодушен кон Адам и Ева. Тој им рекол дека можат да јадат од секое дрво во рајската градина, освен од едно (1. Мојсеева 2:15-17). Сепак, тие одлучиле да јадат од тоа дрво. Ева скинала и каснала од плодот, а потоа и Адам јадел од него (1. Мојсеева 3:6). Така и двајцата покажале непослушност кон Бог. Бидејќи Адам и Ева биле совршени, не било во нивна природа да грешат, односно немале склоност да постапуваат погрешно. Со тоа што свесно и намерно одлучиле да му бидат непослушни на Бог, тие направиле грев и го отфрлиле Божјето владеење. Нивната одлука им донела големо страдање (1. Мојсеева 3:16-19).

      3. Како одлуката на Адам и Ева се одразила врз луѓето?

      Кога згрешиле, Адам и Ева станале несовршени и така им пренеле несовршеност на сите свои потомци. Во врска со Адам, Библијата вели: „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе“ (Римјаните 5:12).

      Луѓето страдаат од различни причини. Понекогаш страдаме поради лошите одлуки што самите сме ги донеле, понекогаш поради лошите одлуки на другите, а понекогаш бидејќи сме се нашле на погрешно место во погрешно време. (Прочитај Проповедник 9:11.)

      ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

      Во овој дел ќе дознаеш зошто Бог не е виновен за злото и за страдањата во светот и како се чувствува тој кога страдаме.

      4. Кој е виновен за нашите страдања?

      Многу луѓе мислат дека Бог владее со светот. Но, дали тоа е точно? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

      ВИДЕОКЛИП: Кој владее со светот? (1:24)

      Прочитај Јаков 1:13 и 1. Јованово 5:19, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Дали Бог е виновен за злото и за страдањата во светот?

      5. Размисли кои се последиците од владеењето на Сатана

      Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

      ВИДЕОКЛИП: Зошто Бог ги дозволува страдањата? — извадок (3:07)

      Прочитај 1. Мојсеева 3:1-6, а потоа разговарајте за овие прашања:

      • Која лага ја кажал Сатана? (Види ги стиховите 4 и 5.)

      • Како Сатана ја навел Ева да помисли дека Јехова им ускратува нешто добро на луѓето?

      • Што тврдел Сатана — дали на луѓето им е потребен Бог за да бидат среќни?

      Прочитај Проповедник 8:9, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Кои се последиците поради тоа што светот не е под власта на Јехова?

      Слики: Прикажани се условите на Земјата од времето кога била создадена, па сѐ до рајот во иднина. А. Рајот на Земјата исполнет со бујна вегетација. Б. Човечкото владеење низ вековите поради кое во светот има лажни религии, поделби, војни и загадување. Прикажани се некои од најмоќните сили: Египет, Кина, Грција, Рим, Велика Британија и САД. В. Луѓе живеат во обновениот рај на Земјата.
      1. А. Адам и Ева биле совршени и живееле во рај. Но, го послушале Сатана и се побуниле против Јехова

      2. Б. По побуната, светот се исполнил со страдања, грев и смрт

      3. В. Јехова ќе им стави крај на страдањата, гревот и смртта. Тогаш луѓето повторно ќе бидат совршени и ќе живеат во рај

      6. На Јехова не му е сеедно кога страдаме

      Дали Бог е рамнодушен кога страдаме? Размисли за она што го напишале цар Давид и апостол Петар. Прочитај Псалм 31:7 и 1. Петрово 5:7, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Како се чувствуваш поради тоа што знаеш дека Јехова ги забележува нашите страдања и дека сочувствува со нас?

      7. Бог ќе му стави крај на сето страдање

      Прочитај Исаија 65:17 и Откровение 21:3, 4, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Зошто е утешна помислата дека Јехова ќе ја поправи сета штета која им се нанесува на луѓето поради злото и неправдите?

      Дали си знаел?

      Кога ја кажал првата лага, Сатана го наклеветил Јехова. Тој го оцрнил неговото име со тоа што го обвинил дека е неправеден Владетел и дека не ги сака луѓето. Во блиска иднина, Јехова ќе му стави крај на сето страдање, и така ќе го посвети своето име. Со други зборови, тој ќе докаже дека неговото владеење е најдобро. Не постои ништо поважно од тоа да се посвети Јеховиното име (Матеј 6:9, 10).

      НЕКОИ ВЕЛАТ: „Божја волја е да страдаме“.

      • Што би рекол ти?

      ШТО НАУЧИ:

      Сатана Ѓаволот и првите луѓе носат најголема вина зошто има зло во светот. На Јехова му е многу тешко кога страдаме и наскоро ќе им стави крај на страдањата и ќе ја поправи сета штета.

      Како би одговорил?

      • Која лага ѝ ја кажал Сатана Ѓаволот на Ева?

      • Како се одразува врз луѓето тоа што Адам и Ева се побуниле против Бог?

      • Од каде знаеме дека на Јехова не му е сеедно што страдаме?

      Цел:

      ИСТРАЖУВАЈ

      Дознај што е грев според Библијата.

      „Што е грев?“ (Статија на интернет)

      Прочитај нешто повеќе за обвинението што Сатана Ѓаволот го изнел против Бог во рајската градина.

      „Зошто Бог ги допушта страдањата?“ (Стражарска кула од 1 јануари 2014)

      Дознај го утешниот одговор на едно прашање кое си го поставуваат многу луѓе.

      „Зошто Бог не го спречил холокаустот?“ (Статија на интернет)

      Види што дознал еден човек во врска со страдањата што ги гледал.

      Повеќе не сум сам (5:09)

  • Како може да нѐ спаси смртта на Исус?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • Сите ние грешиме, страдаме и умираме поради тоа што првите луѓе, Адам и Ева, му биле непослушни на Бог.a Но, нашата ситуација не е безнадежна. Јехова се погрижил да бидеме ослободени од ропството на гревот и смртта преку својот Син, Исус Христос. Библијата открива дека со својата смрт Исус обезбедил откупнина. Откупнина е цена што се плаќа за некој да биде ослободен. Цената што ја платил Исус за да нѐ откупи била неговиот совршен човечки живот. (Прочитај Матеј 20:28.) Со тоа што Исус спремно се откажал од своето право вечно да живее на Земјата, ни овозможил да го добиеме она што Адам и Ева го изгубиле. Така ни покажал и колку многу нѐ сакаат тој и Јехова. Оваа лекција ќе ти помогне уште повеќе да го цениш тоа што Исус умрел за нас.

      1. Што ни овозможува смртта на Исус уште денес?

      Поради тоа што сме наследиле грев и несовршеност, честопати правиме работи што не му се допаѓаат на Јехова. Сепак, ако искрено се каеме за нашите грешки, ако го молиме Јехова преку Исус Христос да ни прости и ако даваме сѐ од себе да не ги повториме, може да бидеме блиски пријатели со Бог (1. Јованово 2:1). Во Библијата пишува: „Христос умре еднаш засекогаш за гревовите, праведник за неправедните, за да ве доведе кај Бог“ (1. Петрово 3:18).

      2. Што ќе ни овозможи смртта на Исус во иднина?

      Јехова го испратил својот Син да го даде својот совршен човечки живот „за секој што верува во [Исус] да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). Благодарение на она што го направил Исус, наскоро Јехова ќе ја поправи сета штета која била предизвикана од непослушноста на Адам. Значи, ако покажуваме вера во жртвата на Исус, ќе можеме засекогаш да му се радуваме на животот во рајски услови (Исаија 65:21-23).

      ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

      Во овој дел ќе дознаеш нешто повеќе за тоа зошто Исус го дал својот живот и ќе видиш како тоа може да ти користи и тебе.

      3. Исус умрел за да нѐ ослободи од гревот и смртта

      Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

      ВИДЕОКЛИП: Зошто умрел Исус? — дел 1 (2:01)

      • Што изгубил Адам со својата непослушност кон Бог?

      Прочитај Римјаните 5:12, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Како гревот на Адам влијае врз твојот живот?

      Прочитај Јован 3:16, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Зошто Јехова го испратил својот Син на Земјата?

      А. Слики: 1. Адам откако му згрешил на Бог. 2. Луѓе во погребна поворка носат мртовечки ковчег. Слики: А. Адам откако му згрешил на Бог. Б. Исус Христос. Б. Слики: 1. Исус Христос. 2. Луѓе на различна возраст и од различни раси и култури.
      1. А. Адам бил совршен човек кој му бил непослушен на Бог. Како последица на тоа, луѓето се грешни и умираат

      2. Б. Исус бил совршен човек кој му бил послушен на Бог. Благодарение на тоа, луѓето имаат можност да станат совршени и да живеат вечно

      4. Смртта на Исус може да им користи на сите луѓе

      Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

      ВИДЕОКЛИП: Зошто умрел Исус? — дел 2 (2:00)

      • Како може смртта на еден човек да им користи на сите луѓе?

      Прочитај 1. Тимотеј 2:5, 6, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Адам бил совршен човек кој им пренел на луѓето грев и смрт. И Исус бил совршен човек. Зошто може да се каже дека тој е „соодветна откупнина за сите“?

      5. Откупнината е дар кој Јехова ти го дава тебе лично

      Оние што му се пријатели на Јехова гледаат на откупнината како на дар што тој им го дава лично ним. Прочитај Галатите 2:20, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Како од овој стих се гледа дека апостол Павле ја сметал откупнината за дар што Бог му го дал лично нему?

      Со тоа што Адам згрешил, тој и сите негови потомци биле осудени на смрт. Но, Јехова го испратил својот Син да умре за да можеш и ти да живееш засекогаш.

      Додека ги читаш следниве стихови, замисли си како се чувствувал Јехова додека гледал како неговиот Син страда. Прочитај Јован 19:1-7, 16-18, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Како се чувствуваш поради она што Јехова и Исус го направиле за тебе?

      АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Како е можно еден човек да умре за сите луѓе?“

      • Што би му одговорил?

      ШТО НАУЧИ:

      Благодарение на тоа што Исус умрел, Јехова има основа да ни ги прости гревовите и да ни даде вечен живот.

      Како би одговорил?

      • Зошто умрел Исус?

      • Зошто може да се каже дека тоа што Исус го дал својот совршен човечки живот е соодветна откупнина?

      • Како може да ти користи смртта на Исус?

      Цел:

      ИСТРАЖУВАЈ

      Прочитај зошто совршениот човечки живот на Исус е наречен откупнина.

      „Во која смисла жртвата на Исус е ’откупнина за мнозина‘?“ (Статија на интернет)

      Дознај што треба да правиме за да бидеме спасени од гревот и смртта.

      „Исус е нашиот Спасител — што значи тоа?“ (Статија на интернет)

      Дали Јехова простува дури и сериозни гревови?

      „Одговор на библиски прашања“ (Стражарска кула од 1 мај 2013)

      Прочитај како жртвата на Христос му помогнала на еден човек да се избори со болните спомени.

      „Повеќе не му робувам на насилството“ (Статија на интернет)

      a Зборот „грев“ не укажува само на некоја лоша постапка, туку укажува и на несовршеноста која сме ја наследиле и поради која сме склони да правиме лоши работи.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели