ЛЕКЦИЈА 57
Што ако направиш сериозен грев?
Без сомнение, ти многу го сакаш Јехова и даваш сѐ од себе за да не направиш нешто со што ќе го повредиш. Сепак, одвреме-навреме ќе правиш грешки. Но, сите грешки не се подеднакво сериозни (1. Коринќаните 6:9, 10). Ако направиш тежок грев, не заборавај дека Јехова сѐ уште те сака и дека е спремен да ти прости и да ти помогне.
1. Што мора да правиме за Јехова да ни прости?
На оние што го сакаат Јехова им паѓа многу тешко кога ќе сфатат дека направиле сериозен грев. Но, тие можат да најдат утеха во зборовите што Јехова им ги кажал на своите слуги: „Ако бидат вашите гревови како црвено платно, ќе станат бели како снег“ (Исаија 1:18). Ако искрено се каеме, Јехова потполно ќе ни прости. Што значи да се каеме? Тоа значи да ни биде многу жал за она што сме го сториле, да бидеме решени повеќе да не го правиме тој грев и сесрдно да го молиме Јехова да ни прости. Потоа треба да вложиме голем труд за да го промениме погрешното размислување или лошите навики кои воделе до тој грев и да се трудиме да живееме во склад со Јеховините морални мерила. (Прочитај Исаија 55:6, 7.)
2. Како Јехова ни помага преку старешините?
Ако направиме тежок грев, Јехова нѐ поттикнува да ги повикаме „старешините од собранието“. (Прочитај Јаков 5:14, 15.) Старешините го сакаат Јехова, а ги сакаат и неговите овчички. Благодарение на поуките што ги добиваат од Јехова, тие можат да ни помогнат да си го обновиме пријателството со него (Галатите 6:1).
Како ќе ни помогнат старешините ако направиме сериозен грев? Двајца или тројца старешини ќе се состанат со нас и со помош на Библијата ќе ни помогнат да сфатиме зошто она што сме го направиле е погрешно. Исто така, ќе ни дадат практични совети и предлози за да не ја повториме истата грешка. За да го заштитат собранието од лошо влијание, старешините ќе го отстранат од собранието секој што направил сериозен грев и не се кае.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе видиме нешто повеќе за тоа како Јехова може да ни помогне ако направиме сериозен грев и како да покажеме благодарност за неговата помош.
3. Треба да го признаеме гревот за духовно да оздравиме
Кога ќе направиме некој грев, го повредуваме Јехова. Затоа, треба нему да му го признаеме гревот. Прочитај Псалм 32:1-5, а потоа разговарајте за ова прашање:
Зошто е за наше добро да му ги признаеме гревовите на Јехова наместо да се обидуваме да ги скриеме?
Освен што ќе му го признаеме гревот на Јехова, многу ќе ни олесни и кога ќе побараме помош од старешините. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:
Како старешините му помогнале на Кенон да се врати кај Јехова?
Треба да зборуваме искрено и отворено со старешините бидејќи тие сакаат да ни помогнат. Прочитај Јаков 5:16, а потоа разговарајте за ова прашање:
Зошто на старешините ќе им биде полесно да ни помогнат ако сме искрени со нив?
4. Јехова покажува милост кон оние што направиле грев
Ако некој направил сериозен грев и не сака да живее според Јеховините мерила, ќе биде отстранет од собранието и нема да се дружи ме со него. Прочитај 1. Коринќаните 5:6, 11, а потоа разговарајте за ова прашање:
Библијата вели дека „малку квасец го потквасува целото тесто“. Според тоа, како би можело да влијае врз целото собрание ако се дружиме со некој што згрешил и не се кае?
Имајќи ја на ум Јеховината милост кон несовршените грешници, старешините преземаат иницијатива за да им помогнат на оние кои биле отстранети од собранието. Многуми на се вратиле во собранието бидејќи таквата мерка, иако била болна, им помогнала да сфатат колку е сериозно она што го направиле (Псалм 141:5).
Како начинот на кој Јехова постапува со грешниците покажува дека тој е разумен, милостив и полн со љубов?
5. Јехова ни простува кога се каеме
Исус раскажал една споредба од која може да видиме како се чувствува Јехова кога некој ќе се покае. Прочитај Лука 15:1-7, а потоа разговарајте за ова прашање:
Што учиш од оваа споредба за Јехова?
Прочитај Езекиел 33:11, а потоа разговарајте за ова прашање:
По што се гледа дека некој вистински се кае?
НЕКОИ ВЕЛАТ: „Ако им кажам на старешините што направив, се плашам дека ќе ме отстранат од собранието“.
Што би му рекол на некој кој размислува вака?
ШТО НАУЧИ:
Јехова ќе ни прости и тежок грев ако искрено се каеме и сме решени никогаш повеќе да не го повториме.
Како би одговорил?
Зошто е за наше добро да му ги признаеме гревовите на Јехова?
Што треба да правиме за Јехова да ни прости?
Ако направиме сериозен грев, зошто треба да побараме помош од старешините?
ИСТРАЖУВАЈ
Види како еден човек почувствувал колку се вистинити зборовите од Исаија 1:18.
Како старешините се трудат да им помогнат на оние што направиле сериозен грев?
Дознај нешто повеќе во врска со тоа што значи некој да биде исклучен од собранието.
Во животната приказна со наслов „Требаше да му се вратам на Јехова“ прочитај како еден човек кој се оддалечил од вистината повторно станал близок со Јехова.