Продолжи ,да го правиш она што е добро‘
1 Кога си станал слуга на Јехова, си направил нешто добро. Но сега, во овие критични времиња, предизвикот е да продолжиш ‚да го правиш она што е добро‘ (Гал. 6:9). Иако за ова треба да се вложи вистински напор, ти можеш да успееш. Како?
2 Негувај го Исусовиот умствен став: Како Исус, можеш да истраеш во испитите ако останеш сосредоточен на надежта за Царството (Евр. 12:2, 3). Биди уверен дека Јехова те сака и дека би сакал да бидеш успешен (2. Пет. 3:9). Положи целосна доверба во него и биди уверен дека ќе ти помогне (1. Кор. 10:13). Истрај во молитва, молејќи го Јехова да ти помогне да издржиш (Рим. 12:12). Радувај се во уверувањето дека твојата истрајност ќе води до одобрена положба во Божји очи (Рим. 5:3—5). Твојата верност во негувањето на „истиот умствен став што го имаше Христос Исус“ ќе ти донесе лично задоволство и ќе го израдува Јеховиното срце (Рим. 15:5; Посл. 27:11).
3 Продолжи да правиш исправни работи: Целосно искористи ги подготовките што ги направил Јехова за да му помогне на својот народ да продолжи да го прави она што е добро. Задржи добра лична рутина на читање на Божјата реч и проучување на библиските публикации од класата на верниот и разборит роб. Верно подготвувај се, присуствувај и учествувај на сите собраниски состаноци. Пред и по завршувањето на христијанските состаноци, блиско дружи се со духовните браќа и сестри. Постави си реални цели за службата за да имаш смисловно учество во службата на теренот и да станеш повешт во презентирањето на добрата вест на другите.
4 На тој начин ќе можеш да продолжиш да го правиш она што е добро и во исто време да доживуваш голема радост. Во врска со ова, еден брат од Италија рекол: „Навечер, кога се враќам дома откако сум го поминал денот во Јеховината служба, морам да признаам дека сум уморен. Но, среќен сум и му благодарам на Јехова што ми дава радост која никој не може да ми ја одземе“. Затоа, продолжи да го правиш она што е добро па и ти ќе доживееш голема радост.