Да се оди поучен од Јехова
”Поучи ме, о Јехова, за твојот пат. Ќе одам во твојата вистина. Направи го единствено моето срце да се плаши од твоето име“ (ПСАЛМИ 86:11, NW).
1, 2. Што ги поттикнува Јеховините сведоци да одбијат да прифатат трансфузија на крв?
”МОЖЕБИ Јеховините сведоци се во право што одбиваат употреба на крвни производи, зашто вистина е дека значителен број на патогени носители можат да бидат пренесени преку трансфундирана крв“ (Француски медицински дневник Le Quotidien du Médecin, 15. декември 1987).
2 Некои кои го читале тој коментар можеби мислат дека е чиста случајност што Јеховините сведоци одбивале трансфузија на крв одамна пред да биде општо познато колку тоа е опасно, па дури и смртоносно. Но, ставот што Јеховините сведоци го зазеле по прашањето на крвта не е случаен, ниту е правило кое го измислила некоја чудна секта, ниту став кој произлегува од стравот дека крвта не е сигурна. Наместо тоа, Сведоците одбиваат крв поради својата одлучност послушно да одат пред својот Величествен Учител — Бог.
3. (а) Како Давид гледал на зависноста од Јехова? (б) Каков исход очекувал Давид поради довербата во Бог?
3 Кралот Давид бил свесен за својата зависност од Бог, бил одлучен да биде поучуван од него и да ’оди во неговата вистина‘ (Псалми 86:11, NW). На Давид еднаш му било советувано дека, ако избегнува да стане виновен за крв во Божјите очи, неговиот ’живот ќе биде сочуван во ковчегот на животот кај Јахве‘ (1. Самоилова 25:21, 22, 25, 29, Ст). Како што луѓето си ги завиткуваат скапоценостите за да ги заштитат и ги зачуваат, така и Бог би можел да го заштити и зачува Давидовиот живот. Давид го прифатил мудриот совет и не настојувал да го спаси својот живот со лични напори, туку имал доверба во Оној на кого му го должел животот: ”Ќе ми ја покажеш патеката на животот, полнината на радоста пред лицето свое, од својата десна страна вечно блаженство“ (Псалми 16:11, Ст).
4. Зошто Давид сакал да биде поучуван од Јехова?
4 Со таквиот став Давид не мислел дека лично може да избере кои божествени закони се важни или дека треба да се слушаат. Неговиот став бил: ”Поучи ме, о Јехова, за твојот пат. Ќе одам во твојата вистина. Направи го единствено моето срце да се плаши од твоето име. Те фалам, о Јехова Боже мој, со сето свое срце“ (Псалми 27:11; 86:11, 12, NW). Понекогаш одењето во вистината пред Бог може да изгледа неугодно или може да бара голема жртва, но Давид сакал да биде поучен за исправниот пат и да оди по него.
Поучени за крвта
5. Што можел да знае Давид за Божјиот став во врска со крвта?
5 Вредно е да запазиме дека од своето детство, Давид бил поучен за Божјето гледиште за крвта, кое не било религиозна тајна. Кога Законот им бил читан на луѓето, Давид сигурно би го слушнал ова: ”Зашто душата на телото е во крвта, и сум ја ставил на олтарот за да направам помирување за вашите души, бидејќи крвта е таа која помирува преку душата која е во неа. Затоа им реков на синовите Израелови: ’Ниедна душа меѓу вас не смее да јаде крв и ниеден туѓ жител кој престојува во вашата средина не смее да јаде крв‘“ (3. Мојсеева 17:11, 12, NW; 5. Мојсеева 4:10; 31:11).
6. Откаде постојаната потреба за Божјите слуги да бидат поучени за крвта?
6 Сѐ додека Бог го употребувал Израел како свој обединет народ, оние кои сакале да му угодат потребало да бидат поучени за крвта. Генерација по генерација од израелски момчиња и девојчиња била поучувана на тој начин. Но, дали таквото поучување ќе продолжи откако Бог го прифатил собранието на христијани, оснувајќи ги во ’Израел Божји‘? (Галатјаните 6:16). Да, секако. Божјето гледиште за крвта не се променило (Малахија 3:6). Тој јасно разложил дека гледиштето да не се злоупотребува крвта, постоело пред да стапи во сила сојузот на Законот, и дека трае откако Законот престанал да важи (1. Мојсеева 9:3, 4; Дела 15:28, 29).
7. Зошто е многу важно да бидеме поучени од Бог за крвта?
7 Почитувањето на крвта е главен темел на христијанството. ’Зарем тоа не е претерување?‘ би можел некој да праша. Но, што е темел на христијанството ако не Исусовата жртва? И апостол Павле напишал: ”Преку него [Исус] имаме избавување преку откупнина на неговата крв, да, простување на нашите престапи според богатството на неговата несалужена доброта“ (Ефесјаните 1:7, NW). Инспирираните писма (The Inspired Letters), кои ги превел Франк К. Лаубах, овој стих го преведува: ”Христовата крв е платена за нас и сега му припаѓаме Нему.“
8. Како ”големото мноштво“ зависи од крвта за живот?
8 Сите оние кои се надеваат да ја преживеат претстојната ’голема неволја‘ и да се радуваат на Божјите благослови на рајската Земја, зависат од Исусовата пролиена крв. Откровение 7:9-14 ги опишува таквите и со оглед на она што веќе го направиле, вели: ”Овие се кои дојдоа од големата неволја, и ги испраа облеките свои и ги обелија облеките свои во крвта на јагнето“ (ДК). Забележи ги зборовите кои се користат овде. Не велат дека оние кои се спасени преку неволјата го ’прифатиле Исус‘ или ’положиле вера во него‘, иако тоа очигледно се неопходни фактори. Тука се оди еден чекор понатаму и се вели дека тие ги ’испрале своите облеки и ги обелиле во [Исусовата] крв‘. Тоа е поради тоа што неговата крв има откупна вредност.
9. Зошто послушноста спрема Јехова во врска со крвта е толку сериозна?
9 Ценењето на таа вредност им помага на Јеховините сведоци да бидат одлучни да не ја злоупотребат крвта, дури и ако лекарот искрено тврди дека е неопходна трансфузија. Тој можеби верува дека можната корист од трансфузијата е поголема од здравствените ризици поврзани со самата крв. Но христијаните не смеат да ја занемарат уште посмртоносната опасност, опасноста да се изгуби Божјето признание ако се согласат на злоупотреба на крв. Павле еднаш зборувал за оние кои ’своеволно грешеле откако јасно ја спознале вистината‘. Зошто секој грев од таков вид е сериозен? Затоа што таквиот човек ’го погазува Божјиот Син и (...) ја смета за нечиста ”крвта на Сојузот“ со која бил посветен‘ (Евреите 9:16-24; 10:26-29, Ст).
Помогни им на другите да бидат поучувани
10. Што стои зад нашата одлучност да се воздржуваме од крв?
10 Ние кои ја цениме Исусовата откупна жртва внимаваме да не направиме грев со отфрлувањето на животоспасувачката вредност на неговата крв. Откако добро сме размислиле за таа работа, сфаќаме дека самата благодарност спрема Бог за животот би требало да нѐ поттикне да одбиеме каков и да е компромис во врска со неговите праведни закони, за кои сме уверени дека се дадени за наша најдобра корист — за наша долготрајна корист (5. Мојсеева 6:24; Изреките 14:27; Проповедник 8:12). Но, што е со нашите деца?
11-13. Каков погрешен поглед за своите деца и крвта имаат некои христијански родители, и зошто?
11 Додека нашите потомци сѐ уште се бебиња или премлади да разберат, Јехова Бог може да гледа на нив како на чисти и прифатливи на темел на нашата оддаденост (1. Коринтјаните 7:14). Затоа е точно дека малолетниците во едно христијанско домаќинство можеби сѐ уште не можат да сфатат и да направат избор со оглед на послушноста спрема Божјиот закон за крвта. Меѓутоа, дали правиме сѐ што е во наша моќ да ги поучиме за тоа пресудно прашање? Христијанските родители треба сериозно да размислат за тоа, бидејќи се чини дека некои родители имаат погрешен став за своите деца и крвта. Изгледа мислат дека немаат вистинска контрола над тоа дали нивните малолетни деца ќе примат трансфузија. Зошто таков погрешен став?
12 Многу земји имаат закони или државни установи за заштита на запоставени и малтретирани деца. Децата на Јеховините сведоци не се запоставени или малтретирани кога родителите ќе одлучат да не допуштат на нивниот сакан син или ќерка да им се даде крв, истовремено барајќи алтернативни постапки кои денешната медицина може да ги пружи. Дури и од медицинска гледна точка, тоа не е запоставување или малтретирање, ако се земат предвид признатите опасности од трансфузиската терапија. Да се одмерат ризиците кои се вклучени и потоа да се избере начин на лекување претставува примена на своето право.a Сепак, некои медицински персонали прибегнале кон законски средства барајќи овластување присилно да дадат несакана трансфузија.
13 Некои родители, свесни дека медицинскиот персонал лесно може да добие судска поддршка за трансфузија на малолетник, можеби мислат дека таа работа е вон нивниот дофат и дека родителите не можат или не треба ништо да преземаат. Колку само е погрешно тоа гледиште! (Изреките 22:3).
14. Како биле поучувани Давид и Тимотеј во својата младост?
14 Забележавме дека Давид бил поучуван за Божјиот пат од својата младост. Тоа му помогнало на животот да гледа како на дар од Бог и да знае дека крвта претставува живот (Спореди 2. Самоилова 23:14-17, ДК). Тимотеј бил поучуван за Божјиот начин на размислување уште ”како мал“ (2. Тимотеј 3:14, 15). Зарем не се согласуваш дека дури и Давид и Тимотеј сигурно биле во состојба исправно да се постават по прашањата кои ја вклучуваат Божјата волја, иако биле под денешната законска граница на полнолетство? Исто така, младите христијани денес треба да бидат поучувани за Божјиот пат долго пред да станат полнолетни.
15, 16. (а) Каков став се развил во некои места за правата на малолетниците? (б) Што довело до тоа да на еден малолетник му била дадена крв?
15 Во некои места на т.н. зрели малолетници им се пружаат исти права како и на возрасните. Врз основа на возраста или зрелото размислување, или на двете, на младите може да се гледа како на доволно зрели да донесуваат свои сопствени одлуки за медицинската постапка. Дури и таму кадешто нема закон, судиите и службениците можат да им придадат големо значење на желбите на младите кои се во состојба јасно да ја изразат својата цврста одлука во врска со крвта. Во спротивно, кога една млада личност не може јасно и зрело да го објасни своето верување, судот може да смета за потребно тој да одлучи што е најдобро, како да се работи за бебе.
16 Еден младинец со години ја проучувал Библијата со прекини, но не бил крстен. Иако имало само седум недели до возраста кога би се здобил со ”правото сам да одбие медицинска постапка“, болницата која го лекувала од рак побарала судско одобрение да му се даде трансфузија, иако тоа било спротивно на неговата и на желбата на неговите родители. Совесниот судија го испитувал младичот за неговите уверувања за крвта и му поставувал основни прашања, како што се имињата на првите пет книги од Библијата. Младичот не можел да ги каже ниту имињата ниту да даде уверливо сведоштво за тоа дека разбира зошто одбива крв. За жал, судијата ја одобрил трансфузијата, толкувајќи: ”Неговото одбивање да се согласи на трансфузија на крв не се темели на зрело разбирање на своите сопствени религиозни верувања.“
17. Каков став зазело едно 14-годишно девојче кога требало да ѝ дадат крв, и со каков резултат?
17 Работите можат поинаку да излезат за малолетникот кој е добро поучен за Божјите патишта и кој активно оди во Неговата вистина. Една помлада христијанка имала исто таков редок вид на рак. Девојчето и нејзините родители ја разбрале и ја прифатиле модифицираната хемотерапија од специјалистот во една позната болница. Сепак, случајот дошол на суд. Судијата напишал: ”Д. П. сведочеше дека на секаков начин ќе се брани да не прими трансфузија на крв. Таа смета дека трансфузијата е напад на нејзиното тело и ја споредува со силување. Од судот побара да се почитува нејзиниот избор и да ѝ се дозволи да остане во болницата без судски одобрена трансфузија на крв.“ Христијанската поука што ја добила ѝ била од помош во тој тежок момент. (Види ја рамката.)
18. (а) Каков цврст став за примање на крв зазело едно болно девојче? (б) Што одлучил судијата за нејзиното лекување?
18 Едно 12-годишно девојче било лекувано од леукемија. Друштвото за заштита на деца го изнела случајот пред суд за да насилно ѝ дадат крв. Судијата заклучил: ”Л. јасно и аргументирано му кажа на овој суд дека, ако се направи каков и да било обид да ѝ се даде крв, таа ќе се бори против трансфузијата со сите свои сили. Таа рече, а јас ѝ верувам, дека ќе вриска и ќе се бори и дека ќе го истрга инјекцискиот систем од раката и дека ќе се обиде да сруши кесичката со крв над својот кревет. Одбивам да издадам каква и да е наредба која ова дете би го ставило пред тоа тешко искушение (...) Во случајот на овој пациент, лекувањето кое го одредила болницата се бави со болеста само во физичка смисла. Тоа лекување не излегува во пресрет на нејзините душевни потреби и религиозни уверувања.“
Родители — добро поучувајте
19. Каква посебна обврска треба да исполнат родителите спрема своите деца?
19 Ваквите искуства содржат силна порака за родителите кои сакаат сите во нивното семејство да живеат во склад со Божјиот закон за крвта. Една од причините зошто Авраам бил Божји пријател била таа што Тој знаел дека патријархот ќе ги ’поучи своите деца и своето идно семејство како ќе одат по патот Јахвин, правејќи што е добро и праведно‘ (Постанок 18:19, Ст). Зарем ова не би требало да важи и за христијанските родители денес? Ако си родител, дали ги поучуваш своите драги деца да одат по Јеховиниот пат за да бидат ’секогаш спремни за одбрана пред секого кој ќе ги праша за причината на надежта која е во нив, но тоа да го прават со благост и длабоко почитување‘? (1. Петрово 3:15, 16, NW).
20. Што првенствено треба да сакаме нашите деца да знаат и да веруваат во врска со крвта? (Даниел 1:3-14).
20 Иако би било добро за нашите деца да бидат запознаени со опасностите од заболувањата и другите ризици од трансфузијата на крв, поучувањето на нашите деца за совршениот Божји закон за крв не значи во прв ред да се обидеме во нив да влееме страв од крвта. Ако на пример, судијата праша едно девојче зошто не сака да прими крв, а таа одговори дека мисли дека крвта е премногу ризична или грозна, каков би можел да биде резултатот? Судијата би можел да заклучи дека таа едноставно е незрела и премногу заплашена, исто како што би можела да биде исплашена и од операција на слепото црево, што би плачела и би ја одбивала таа операција за која дури и нејзините родители сметаат дека е најдобра за неа. Освен тоа, порано споменавме дека основната причина зошто христијаните одбиваат трансфузија не е таа што крвта е загадена, туку затоа што е скапоцена пред нашиот Бог и Дарител на животот. Нашите деца би требало да го знаат тоа, како и тоа дека можните медицински ризици во врска со крвта му придаваат поголема тежина на нашиот религиозен став.
21. (а) Што би требало да утврдат родителите за своите деца и за библиското гледиште за крвта? (б) Како можат родителите да им помогнат на своите деца во врска со крвта?
21 Ако имаш деца, дали си сигурен дека се согласуваат и дека можат да го објаснат библиски заснованиот став во врска со крвта? Дали вистински веруваат дека таквиот став е по Божја волја? Дали се уверени дека кршењето на Божјиот закон би било толку сериозно што би го загрозило христијанскиот изглед за вечен живот? Мудрите родители ќе ги преиспитаат овие работи со своите деца, без разлика дали се многу млади или скоро возрасни. Родителите можат да направат прикази во кои секој младинец се соочува со прашања кои би можел да ги постави судијата или болничкиот службеник. Целта не е младинецот напамет да повторува избрани факти или одговори. Поважно е децата да знаат што веруваат тие, и зошто. Се разбира, на судското сослушување родителите или другите би можеле да изнесат податоци за опасностите од крвта и можноста за алтернативни постапки. Но, судијата или службеникот веројатно ќе бара од разговорот со нашите деца да дознае дали тие зрело ја разбираат својата ситуација и избор, и дали тие имаат свои сопствени вредности и цврсти уверувања (Спореди 2. Царевите 5:1-4, ДК).
22. Што може да биде трајна последица ако сме поучени од Бог за крвта?
22 Сите ние треба да го цениме и одлучно да се држиме за Божјето гледиште за крвта. Откровение 1:5 го опишува Христос како оној кој ”нѐ возљуби и изми од нашите гревови преку Својата крв“. Само со прифаќањето на вредноста на Исусовата крв можеме да добиеме потполно и трајно простување на нашите гревови. Во Римјаните 5:9 јасно пишува: ”Колку посигурно ќе нѐ спаси од гневот сега кога веќе сме оправдани со неговата крв“ (Ст). Тогаш, колку е мудро за нас и за нашите деца да бидеме поучени од Јехова по тоа прашање и да бидеме одлучни вечно да одиме по неговиот пат!
[Фуснота]
a Види ја брошурата Како ти крв може спасити живот?, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc, стр. 21, 22, 28-31.
Клучни точки за поучување
◻ Каков став треба да имаме спрема нашето поучување од Јехова?
◻ Зошто е толку важно да се слуша Божјиот закон за крвта?
◻ Зошто е пресудно младите да бидат во состојба јасно и цврсто да ги објаснат своите убедувања за крвта?
◻ Како можат христијанските родители да им помогнат на своите деца да бидат добро поучени за Јеховиниот закон за крвта?
[Рамка на страница 17]
СУДОТ БИЛ ИМПРЕСИОНИРАН
Како гласела судската одлука во врска со Д. П. од 17. пасус?
”Судот беше многу импресиониран од интелигенцијата, урамнотеженоста, достоинството и енергичноста на ова 14 и пол-годишно девојче. Можеби била совладана со откритието дека има смртоносен облик на рак (...) И покрај тоа, тоа беше зрела млада личност која дојде на суд да сведочи. Се чинеше дека јасно се сконцентрирала на тешката задача со која се соочила. Присуствуваше на сите советувања, се согласи со планот за терапија, разви разбирливо гледиште дека таа како човечко суштество треба да се соочи со тој медицински предизвик и дојде на суд со трогателна молба: почитувајте ја мојата одлука (...)
И покрај својата зрелост, Д. П. изрази доволно докази за својата одлука за да Судот ги почитува. Со планот за лекување кој би вклучувал трансфузија, би била повредена духовно, психолошки, морално и емоционално. Судот ќе го почитува нејзиниот избор на постапка за лекување.“
[Слика на страница 16]
Судијата или болничкиот службеник можеби ќе сака да знае во што христијанскиот младинец навистина верува, и зошто