ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Замки кои треба да ги избегнуваш кога проучуваш со некого
Премногу да зборуваш: Не мора ти да објасниш сѐ. Исус поставувал прашања за да ги поттикне луѓето да размислуваат и да дојдат до исправниот заклучок (Мт 17:24-27). Прашањата ќе ја направат дискусијата пожива и ќе ти помогнат да увидиш во што верува интересентот и дали го разбира материјалот (be 253, пас. 3-4). Кога поставуваш прашање, биди стрплив и почекај интересентот да одговори. Ако одговори погрешно, наместо ти да му го дадеш одговорот, постави му потпрашања за сам да дојде до него (be 238, пас. 1-2). Не брзај додека објаснуваш нешто ново за да може интересентот да го сфати (be 230, пас. 4).
Да комплицираш: Би можел да паднеш во замка да раскажеш сѐ што знаеш за темата што ја разгледувате (Јвн 16:12). Наместо тоа, концентрирај се на главните мисли од пасусот (be 226, пас. 4-5). Доколку внесеш премногу детали, дури и да се многу интересни, може да ги засенат главните мисли (be 235, пас. 3). Ако интересентот ја разбира суштината, премини на следниот пасус.
Само да го поминеш материјалот: Нашата цел е да допреме до срцето на интересентот, а не само да му пренесеме информации (Лк 24:32). Користи ја моќта на Божјата Реч така што ќе се концентрираш на главните стихови од материјалот (2Ко 10:4; Ев 4:12; be 144, пас. 1-3). Употребувај едноставни споредби (be 245, пас. 2-4). Земи ги предвид верувањата и проблемите на интересентот и приспособи го материјалот на него. Би можел да го прашаш: „Што мислиш ти за ова?“, „Што учиме за Јехова од ова?“, „Каква корист ќе имаш ако го примениш овој совет?“ и слично (be 238, пас. 3-5; 259, пас. 1).