ПЕСНА 65
Напред!
1. Само напред, кон зрелост да одиме,
за вистината од нас да свети како ден.
И во службата да се подобриме,
за поуспешни да сме.
Многу работа стои пред нас,
сепак, Исус е водачот наш.
И Јехова во сѐ нѐ поддржува,
не се повлекуваме.
2. Само напред и храбро со службата!
Да го славиме нашиот голем Бог и Цар.
И за добрата вест нека дознаат
сите луѓе, сиот свет.
Против делото некои се,
но за тоа подготвени сме.
Веќе тука е Царството, владее,
ќе се слушне секаде.
3. Само напред решително, истрајно!
Таа служба е радосна,
Бог е покрај нас.
Да се стремиме сите кон напредок,
да сме повешти во сѐ.
Нека љубовта мотив ни е
да сведочиме, храбри да сме,
и за секој што покажал интерес
сѐ од нас да дадеме.
(Види и Фил. 1:27; 3:16; Евр. 10:39.)