Псалми
Давидов псалм.
27 Јехова е мојата светлина+ и моето спасение.+
Од кого да се плашам?+
Јехова е тврдината на мојот живот.+
Од кого да треперам?+
2 Кога ми се приближија злосторниците за да ми го изедат телото+
— моите противници и непријатели+ —
се спрепнаа и паднаа.+
3 И војска да се улогори против мене,+
моето срце нема да се плаши.+
И војна да се поведе против мене,+
и тогаш ќе имам доверба во Бог.+
само тоа го барам,+
да живеам во Јеховиниот дом во сите денови на мојот живот,+
за да гледам колку е добар* Јехова+
и да се восхитувам на неговиот храм.+
5 Зашто, во деновите на неволја, ќе ме засолни во своето скривалиште,+
ќе ме скрие во тајно засолниште, во својот шатор,+
ќе ме крене на висока карпа.+
6 И сега мојата глава високо ќе се издигне над моите непријатели,+ кои се насекаде околу мене,
и во неговиот шатор ќе принесувам за жртва радосни извици,+
ќе му пеам на Јехова и со песна ќе го фалам.+
8 Моето срце ја повторува твојата заповед: „Барајте го лицето мое!“+
О Јехова, ќе го барам+ твоето лице.
9 Не свртувај го од мене лицето свое!+
Не отфрлај го во гнев својот слуга!+
Помагај ми!+
Не напуштај ме и не оставај ме, о Боже на моето спасение!+
11 Поучи ме, о Јехова, за својот пат+
и води ме по патеката на справедливоста за да бидам заштитен од моите непријатели.
12 Не предавај ме на душата на моите противници,+
зашто, против мене станаа лажни сведоци+
и оној од кого избива насилство.+
13 Да не верував дека ќе ја видам Јеховината доброта во земјата на живите, каде ќе бев сега?+