Матеј
9 И откако се качи во чамецот, тргна на другата страна и дојде во својот град.+ 2 И гледај, му донесоа еден парализиран човек, кој лежеше на носилка.+ Гледајќи ја нивната вера, Исус му рече на парализираниот: „Биди храбар, сине, простени ти се гревовите“.+ 3 А некои од книжниците си рекоа во себе: „Овој хули“.+ 4 А Исус, бидејќи знаеше што мислат,+ рече: „Зошто мислите зло во своите срца?+ 5 Што е полесно? Да се рече: ‚Простени ти се гревовите‘, или да се рече: ‚Стани и оди‘?+ 6 Но знајте дека Синот човечки има власт на земјата да простува гревови“.+ Тогаш му рече на парализираниот: „Стани, земи си ја носилката и оди си дома!“+ 7 И тој стана и си отиде дома. 8 А народот, кога го виде тоа, го обзеде страв, и го славеше Бог,+ кој им дал таква власт+ на луѓето.
9 Кога заминуваше оттаму, Исус здогледа еден човек, по име Матеј, како седи на местото каде што се собираше данок. И му рече: „Појди по мене“.+ Тогаш тој стана и појде по него.+ 10 Подоцна, додека Исус беше на трпеза*+ во куќата, гледај, дојдоа многу даночници и грешници и им се придружија нему и на неговите ученици на трпезата. 11 А кога го видоа тоа, фарисеите им рекоа на неговите ученици: „Зошто вашиот учител јаде со даночници и со грешници?“+ 12 Кога ги чу, тој рече: „На здравите не им треба лекар,+ туку на болните. 13 Затоа, одете и научете што значи ова: ‚Милост сакам, а не жртва‘.+ Зашто, не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците“.
14 Тогаш му пристапија Јовановите ученици и го прашаа: „Зошто ние и фарисеите постиме, а твоите ученици не постат?“+ 15 Тогаш Исус им рече: „Имаат ли пријателите на младоженецот причина да тагуваат додека младоженецот+ е со нив? Но, ќе дојдат денови кога младоженецот ќе им биде одземен,+ и тогаш ќе постат.+ 16 Никој не пришива на стара облека закрпа од ткаенина што уште не се собрала, зашто закрпата ќе се откине од облеката и дупката ќе стане уште поголема.+ 17 И не се става ново вино во стари мешини. Инаку мешините ќе се скинат, и така виното ќе се пролее и мешините ќе пропаднат.+ Туку новото вино се става во нови мешини, па двете ќе се зачуваат“.+
18 А додека им го кажуваше тоа, гледај, му пристапи еден поглавар,+ му се поклони+ и рече: „Ќерка ми сигурно е веќе умрена,+ но дојди и положи ја својата рака на неа, па ќе оживее“.+
19 Тогаш Исус стана и тргна по него со своите ученици. 20 И гледај, една жена, која дванаесет години боледувала од крвавење,+ му пријде одзади и го допре работ од неговата облека.+ 21 Си велеше во себе: „Ако само ја допрам неговата облека, ќе оздравам“.+ 22 А Исус се сврте и ја виде, па рече: „Биди храбра, ќерко. Твојата вера те оздраве“.+ И жената оздраве во тој час.+
23 А кога влезе во куќата на поглаварот+ и ги виде кавалџиите како свират погребна музика и како мноштвото е во збрка,+ 24 Исус рече: „Излезете, зашто девојчето не е умрено, туку спие“.+ А тие му се потсмеваа.+ 25 Штом излезе мноштвото, тој влезе и го фати девојчето за рака,+ и тоа стана.+ 26 И гласот за тоа се рашири по целиот тој крај.
27 Додека Исус заминуваше оттаму, го следеа двајца слепци+ и викаа: „Смилувај ни се,+ Сине Давидов!“ 28 Штом влезе во куќата, слепците му пристапија, а Исус ги праша: „Верувате ли+ дека можам да го направам тоа?“ А тие му одговорија: „Да, Господару“. 29 Тогаш им ги допре очите+ и рече: „Нека ви биде според вашата вера“. 30 И очите им се отворија. А Исус строго им заповеда: „Гледајте никој да не дознае за тоа!“+ 31 А штом излегоа, раширија глас за него по целиот тој крај.+
32 Штом тие заминаа, гледај, му доведоа еден човек, кој беше нем и обземен од демон.+ 33 Откако демонот беше истеран, немиот човек проговори.+ Мноштвото беше восхитено+ и велеше: „Никогаш не се видело вакво нешто во Израел“. 34 А фарисеите велеа: „Ги истерува демоните со помош на владетелот на демоните“.+
35 И Исус почна да ги обиколува сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи ја добрата вест за царството и лекувајќи секакви болести и секакви немоќи.+ 36 А штом ги виде мноштвата, се сожали+ на нив бидејќи беа измачени* и расеани како овци без пастир.+ 37 Тогаш им рече на своите ученици: „Вистина, жетвата е голема, а работници има малку.+ 38 Затоа, молете го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва“.+