Изреки
1 Мудри изреки+ на Соломон,+ синот на Давид,+ царот на Израел,+ 2 изречени за да може човекот да стекне мудрост+ и да прими поука,*+ да ги разбере разборитите*+ зборови, 3 за да прими поука*+ што дава разборитост,*+ праведност,+ исправно расудување+ и справедливост,+ 4 за да им даде на неискусните остроумност,+ а на младиот човек знаење+ и способност за расудување.+
5 Мудриот ќе слуша и повеќе ќе научи,+ и разумниот* ќе прифати мудри упатства+ 6 за да ги разбере мудрите изреки и загадочните изјави,+ зборовите на мудрите луѓе+ и нивните загатки.+
7 Стравот од Јехова е првото нешто кое е потребно за да се стекне знаење.*+ Само глупавите ги презираат мудроста и поуката.*+
8 Слушај ја, сине мој, поуката* на татко ти+ и не оставај ги упатствата* на мајка ти.+ 9 Зашто, тие се како прекрасен венец на твојата глава+ и како убав ѓердан на твојот врат.+
10 Сине мој, ако грешниците се обидат да те заведат, не согласувај се.+ 11 Ако велат: „Дојди со нас! Ајде да демнеме крв.+ Ајде без причина да чекаме во заседа невини луѓе.+ 12 Живи да ги голтнеме,+ како што голта гробот,*+ цели, како што се оние што заминуваат во јама.+ 13 Да побараме секакви драгоцености.+ Да си ги наполниме куќите со плен.+ 14 Својата ждрепка ќе ја фрлаш со нас. Сите заедно ќе имаме едно ќесе“+ — 15 ако ти зборуваат така, сине мој, не оди по нивниот пат!+ Држи си ја ногата подалеку од нивната патека!+ 16 Зашто, нивните нозе трчаат кон злото+ и брзаат за да пролеваат крв.+ 17 Зашто, залудно е да се распне мрежа пред очите на сите птици.+ 18 Затоа тие ја демнат нивната крв,+ ги чекаат во заседа нивните души.+ 19 Такви се патиштата на сите што стекнуваат неправедна добивка+ — таа им ја зема душата на своите сопственици.+
20 Вистинската мудрост+ гласно вика на улица.+ Го пушта својот глас на плоштадите.+ 21 На аглите од бучните улици повикува.+ На влезовите, кај градските порти, ги кажува своите зборови:+
22 „До кога, вие глупави, ќе ја сакате глупавоста?*+ До кога, вие потсмевачи, ќе уживате во потсмевањето?+ До кога, вие безумници, ќе го мразите знаењето?+ 23 Прифатете го мојот укор.+ Тогаш ќе го излеам својот дух врз вас,+ ќе ви ги соопштам своите зборови.+ 24 Јас ве повикувам, но вие одбивате,+ ја подавам раката, но никој не обрнува внимание,+ 25 и не ви е грижа за ниту еден мој совет+ и не го прифаќате мојот укор.+ 26 Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст,+ ќе се потсмевам кога ќе дојде она од кое се плашите,+ 27 кога она од кое се плашите ќе навали како бура и кога вашата пропаст ќе стигне како ветар во невреме,+ кога ќе ве снајде неволја и ќе дојдат тешки времиња за вас.+ 28 Тогаш ќе ме викаат, но јас нема да се одгласам;+ ќе ме бараат, но нема да ме најдат,+ 29 зашто го мразеа знаењето+ и не го избраа стравот од Јехова.+ 30 Не го послушаа мојот совет,+ ги презреа сите мои укори.+ 31 Затоа ќе ги јадат плодовите од својот пат+ и ќе се наситат со своите замисли.+ 32 Зашто, глупавите* ќе ги убие+ нивното одметништво+ и безумните ќе ги упропасти нивната немарност.+ 33 А кој ме слуша мене, ќе биде спокоен+ и ќе живее мирно, и нема да се плаши од зло“.+