Дела на апостолите
5 А еден човек, по име Ананија, заедно со својата жена Сапфира, продаде имот 2 и скришно задржа дел од добиените пари — а за тоа знаеше и неговата жена — па донесе само еден дел и го стави пред нозете на апостолите.+ 3 А Петар рече: „Ананија, зошто Сатана+ те наведе да го излажеш+ светиот дух+ и скришно да задржиш дел од парите добиени за нивата? 4 Зарем не беше твоја пред да ја продадеш? А кога ја продаде, зарем не можеше со тие пари да правиш што сакаш? Зошто во своето срце науми да направиш такво нешто? Ти не ги излажа+ луѓето, туку Бог“.+ 5 А кога ги чу тие зборови, Ананија падна и издивна.+ И голем страв+ ги обзеде сите што го чуја тоа. 6 Тогаш станаа момците, го завиткаа во платно,+ го изнесоа и го закопаа.
7 А кога поминаа околу три часа, влезе неговата жена, не знаејќи што се случило. 8 Петар ја праша: „Кажи ми, дали за толку ја продадовте нивата?“ А таа одговори: „Да, за толку“. 9 Тогаш Петар ѝ рече: „Зошто сте се договориле да го искушате+ Јеховиниот дух? Еве, пред вратата се нозете на оние што го закопаа твојот маж, а и тебе ќе те изнесат“. 10 И таа веднаш падна пред неговите нозе и издивна.+ Кога влегоа момците, ја најдоа мртва, па ја изнесоа и ја закопаа до нејзиниот маж. 11 Поради тоа, голем страв го обзеде целото собрание* и сите што чуја за тоа.
12 А апостолите правеа многу чуда и предзнаци меѓу народот.+ И сите еднодушно беа во Соломоновиот трем.+ 13 Никој не се осмели да им се приклучи,+ но луѓето ги величаа.+ 14 И им се придружуваа сѐ повеќе верници во Господарот, мноштво мажи и жени,+ 15 така што и на улиците ги изнесуваа болните и ги ставаа на носилки и на легла за, кога ќе поминува Петар, барем неговата сенка да падне на некого од нив.+ 16 А се собираа и мноштво луѓе од градовите околу Ерусалим, донесувајќи болни и такви кои беа мачени од нечисти духови, и сите беа излекувани.
17 Тогаш се кренаа првосвештеникот и сите што беа со него, припадниците на тогашната садукејска секта, и, полни со љубомора,+ 18 ги фатија апостолите и ги фрлија в затвор.+ 19 Но во ноќта, Јеховин ангел+ ги отвори вратите на затворот,+ ги изведе и рече: 20 „Одете, застанете во храмот и кажувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“+ 21 А кога го чуја тоа, влегоа во храмот взори и почнаа да поучуваат.
Кога стигнаа првосвештеникот и оние што беа со него, го свикаа Судскиот совет* и сиот совет од старешини на Израеловите синови+ и испратија стражари во затворот да ги доведат. 22 А стражарите, кога стигнаа таму, не ги најдоа во затворот, па се вратија и јавија: 23 „Затворот го најдовме заклучен и добро обезбеден и стражарите како стојат пред вратите, но кога отворивме, внатре не најдовме никого“. 24 А кога храмскиот заповедник и главните свештеници ги чуја тие зборови, се најдоа во недоумица и се прашуваа што би можело да биде тоа.+ 25 Но дојде еден човек и им јави: „Ене, луѓето што ги фрливте в затвор стојат во храмот и го поучуваат народот“.+ 26 Тогаш заповедникот отиде со своите стражари и ги доведе, но не употребија сила, зашто се плашеа+ дека народот ќе ги каменува.
27 Така ги доведоа и ги поставија во салата на Судскиот совет. А првосвештеникот ги испрашуваше 28 и рече: „Строго ви наредивме+ да не поучувате во тоа име, а вие, еве, го наполнивте Ерусалим со своето учење+ и сакате крвта на тој човек да ја фрлите+ на нас“. 29 Тогаш Петар и другите апостоли рекоа: „Мораме да му се покоруваме на Бог,* а не на луѓето.+ 30 Богот на нашите прататковци го воскресна+ Исус, кого вие го убивте обесувајќи го на столб.*+ 31 Него Бог го возвиши до својата десница+ како Водач+ и Спасител,+ за да може Израел да се покае+ и да добие простување на гревовите.+ 32 Ние сме сведоци на тие настани,+ а и светиот дух,+ кој Бог им го даде на оние што му се покоруваат“.
33 Кога го чуја тоа, многу се разгневија и сакаа да ги убијат.+ 34 Но во Судскиот совет стана еден фарисеј,* по име Гамалиел,+ учител по Законот, кој беше почитуван од целиот народ, и заповеда накратко да ги изведат апостолите надвор.+ 35 Тогаш им рече: „Луѓе Израелци,+ добро размислете што ќе направите со овие луѓе! 36 Зашто, пред некое време стана Тевда, тврдејќи дека тој е некој,+ и покрај него застанаа околу четиристотини луѓе.+ Но тој беше убиен, а сите оние што го слушаа, се разбегаа и исчезнаа. 37 По него, во деновите на пописот,+ стана Јуда Галилеецот и повлече народ по себе. И тој загина, а сите што го слушаа, се распрснаа. 38 Затоа сега ви велам: Не гибајте ги тие луѓе, туку пуштете ги — зашто, ако оваа замисла или ова дело е од луѓе, ќе пропадне,+ 39 но ако е од Бог,+ не ќе можете да ги спречите+ — за да не се покаже дека се борите против Бог“.+ 40 И го послушаа, па ги викнаа апостолите, ги истепаа со стапови+ и им наредија да не зборуваат во Исусово име,+ па ги пуштија да си одат.
41 Тие, пак, си заминаа од Судскиот совет, радувајќи се+ што беа достојни да поднесат срам поради неговото име.+ 42 И секој ден, во храмот и од куќа до куќа,+ без престан поучуваа+ и ја објавуваа добрата вест за Христос,* Исус.+