Изреки
16 Човекот треба да управува со своето срце,+ а од Јехова доаѓа она што ќе одговори јазикот.+
2 На човекот сите негови патишта му се чинат чисти,+ но Јехова ги проценува сите мисли на човекот.*+
3 Довери му ги своите дела на Јехова,+ и твоите намери* ќе успеат.+
4 Јехова направил сѐ за да служи за неговата намера,+ па и опакиот за злиот ден.+
5 Секој што е горд во срцето му е одвратен на Јехова.+ Макар што рака помага на рака, човек не останува без казна.+
6 Со добрина* и со вистинољубивост се чисти престапот,+ и од страв од Јехова човекот се трга од злото.+
7 Кога патиштата на човекот му се допаѓаат на Јехова,+ тој ги помирува со него и неговите непријатели.+
8 Подобро е малку, но со праведност,+ отколку големи приходи без правда.+
9 Човековото срце смислува пат за себе,+ но Јехова ги управува неговите чекори.+
10 На усните на царот мора да има вдахновена одлука,+ кога пресудува, неговата уста не смее да ја изневери правдата.+
11 Праведната мерка и вага му припаѓаат на Јехова,+ сите тегови во торбата се негово дело.+
12 На царевите им е одвратно кога се прави зло,+ зашто престолот се зацврстува со праведност.+
13 Праведните усни се радост за великиот цар,+ и тој го сака оној што го кажува исправното.+
14 Бесот на царот е гласник на смртта,+ но мудриот човек го смирува.+
15 Во светлината на царевото лице се наоѓа животот+ и неговата наклоност е како облак со пролетен дожд.+
16 Колку подобро е да се стекне мудрост отколку злато!+ И подобро да избереш да стекнеш разборитост* отколку сребро.+
17 Патот на справедливите е да се бега од злото.+ Кој внимава на својот пат, си ја чува душата.+
18 Гордоста оди пред пропаста,+ и вообразеноста* — пред падот.+
19 Подобро е да бидеш понизен* со кротките+ отколку да делиш плен со оние што самите себе се возвишуваат.+
20 Кој ги согледува работите разборито,* наоѓа добро,+ и среќен е оној што се надева на Јехова.+
21 Оној што има мудро срце го нарекуваат разумен,*+ и оној што има љубезни усни е поуверлив.+
22 Разборитоста е извор на животот+ за оние што ја имаат, а казна* за глупавите е глупавоста.+
23 Срцето на мудриот ја прави разборита неговата уста+ и им додава уверливост на неговите усни.+
24 Љубезните зборови се саќе со мед,+ слатки за душата и лек за коските.+
25 Некој пат му се чини на човекот исправен,+ но на крајот води во смрт.+
26 Кој работи, за себе работи,+ зашто го тера неговата уста.+
27 Никаквецот го ископува она што е зло+ и на неговите усни има оган што пали.+
28 Човекот што смислува сплетки, започнува караници,+ и клеветникот ги раздвојува оние што се блиски.+
29 Насилникот го заведува својот ближен + и го наведува на пат што не е добар.+ 30 Намигнува пакосно со очите, смислувајќи сплетки.+ Кога ги стиска усните, сигурно ќе направи зло.
31 Седата коса е прекрасна круна+ кога се наоѓа на патот на праведноста.+
32 Кој е бавен на гнев, подобар е од силниот човек,+ и кој владее со себеси,* подобар е од оној што освоил град.+
33 Ждрепката се фрла во скут,+ но секоја одлука што е донесена со неа, доаѓа од Јехова.+