Изреки
2 Со вообразеноста доаѓа и срамот,
а мудроста е кај скромните.
3 Чесните ги води нивната беспрекорност,
а измамниците ќе ги упропасти нивната подмолност.
4 Богатството нема да помогне во денот на гневот,
а праведноста избавува од смртта.
5 Праведноста му го израмнува патот на беспрекорниот,
а злобниот ќе падне поради својата злоба.
6 Чесните ги избавува нивната праведност,
а измамниците ќе паднат во замката на сопствените желби.
7 Кога ќе умре злобен човек, неговата надеж пропаѓа,
а пропаѓа и довербата во неговата сила.
8 Праведниот ќе биде спасен од неволјата,
а наместо него злобниот ќе западне во неа.
10 Поради добрината на праведните, градот се весели,
и кога ги снемува злобните, се слушаат радосни извици.
13 Клеветникот оди наоколу и открива доверливи работи,
а оној што е достоен за доверба* знае да чува тајна.
15 Кој гарантира за туѓ заем, лошо ќе си помине,
а кој не сака* да пружи рака за да гарантира, мирно ќе спие.
18 Злобниот добива привидна плата,
а оној што сее праведност добива вистинска награда.
19 Оној што цврсто се држи за праведноста ќе добие живот,
а оној што едвај чека да направи зло оди во смрт.
20 Луѓето со расипано срце му се одвратни на Јехова,
а оние што живеат беспрекорно го радуваат.
21 Биди сигурен дека злобниот нема да си помине без казна,
а децата на праведниот ќе бидат избавени.
22 Златен прстен на рилка на свиња,
тоа е жена убава, но неразумна.
23 Желбата на праведните донесува само добро,
а она на кое се надеваат злобните води до жесток гнев.
24 Некој дава великодушно, и има сѐ повеќе;
друг не го дава она што треба да го даде, и е сѐ посиромашен.
26 Луѓето ќе го проколнуваат оној што го крие житото,
а ќе го благословуваат оној што го продава.
27 Кој се труди да прави добро, се труди да стекне наклоност,
а кој бара зло, тоа и ќе го снајде.
28 Кој се потпира на своето богатство, ќе пропадне,
а праведните ќе бидат бујни како зелени лисја.
29 Кој му навлекува неволја* на својот дом, ќе остане со празни раце,*
и безумниот ќе му биде слуга на мудриот.
30 Постапките на праведниот се како дрво на животот,
и оној што ги поттикнува другите да прават добро* е мудар.
31 Ако праведниот на земјата го добива она што го заслужува,
како ли ќе си поминат злобниот и грешникот!